- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Прво велиш:
Моето прашање до тебе е: Како можеш да ги почитуваш религиите ако ти навистина веруваш дека тие се перење мозок и средство за контрола на масата? Зар такво нешто е вредно за почит?
Еве на пример будизмот кој ти го живееш учи дека желбите се извор и причинител на страдањето кај човекот, но многу луѓе (не-будисти) нема да се сложат со ова и ќе речат дека човечките желби се нешто природно, нешто човечно, нешто што е неразделиво од природата на човекот и дека нивното потиснување е баш она што не е човечно. Значи според некои што веруваат дека повеќето човечки желби се добри, да се живее будизмот значи да не се биде човек. Воопшто не сугерирам дека овие се во право, но само потенцирам на тоа дека има различни гледишта на тоа што значи „да бидеш човек“.
А потоа велиш:Не припаѓам на ниедна религија,ги почитувам сите.
А религијата за мене е перење мозок.Средство за контрола на масата.
Моето прашање до тебе е: Како можеш да ги почитуваш религиите ако ти навистина веруваш дека тие се перење мозок и средство за контрола на масата? Зар такво нешто е вредно за почит?
Повеќето религии тврдат дека треба човекот треба да биде човек и никоја од нив нема ништо спорно со тоа да се биде човек или не.Но разликите се пројавуваат кога ќе се потегнат прашањата што значи да се биде човек? Која е смислата на човековото постоење? Која е целта на човекот во овоземниот живот? Каква треба да биде етиката и моралот на човекот? Дали човекот си е по природа добар или треба да се менува според некој поставен стандард? Дали сите желби на човекот се добри?Единственото кое треба да се биде е човек во вистинска смисла на зборот.Важи и за мене.