Будизам

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Прво велиш:

Не припаѓам на ниедна религија,ги почитувам сите.
А потоа велиш:
А религијата за мене е перење мозок.Средство за контрола на масата.

Моето прашање до тебе е: Како можеш да ги почитуваш религиите ако ти навистина веруваш дека тие се перење мозок и средство за контрола на масата? Зар такво нешто е вредно за почит?

Единственото кое треба да се биде е човек во вистинска смисла на зборот.Важи и за мене.
Повеќето религии тврдат дека треба човекот треба да биде човек и никоја од нив нема ништо спорно со тоа да се биде човек или не.Но разликите се пројавуваат кога ќе се потегнат прашањата што значи да се биде човек? Која е смислата на човековото постоење? Која е целта на човекот во овоземниот живот? Каква треба да биде етиката и моралот на човекот? Дали човекот си е по природа добар или треба да се менува според некој поставен стандард? Дали сите желби на човекот се добри?

Еве на пример будизмот кој ти го живееш учи дека желбите се извор и причинител на страдањето кај човекот, но многу луѓе (не-будисти) нема да се сложат со ова и ќе речат дека човечките желби се нешто природно, нешто човечно, нешто што е неразделиво од природата на човекот и дека нивното потиснување е баш она што не е човечно. Значи според некои што веруваат дека повеќето човечки желби се добри, да се живее будизмот значи да не се биде човек. Воопшто не сугерирам дека овие се во право, но само потенцирам на тоа дека има различни гледишта на тоа што значи „да бидеш човек“.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950

Повеќето религии човекот го ставаат во подредена улога на концептот за Бог кој го промовираат. Зарем не е како пример за сите три монотеистички религии земен Аврам - човекот кој без збор бил готов да си го убие сопственото дете? Можеби за тебе тоа е модел за човек, за мене не.

Религиите најчесто како свои најдобри алатки ги користат стравот и надежта, за со нив да ја промовираат слепата верба како апсолутен и единствен пат до Бог.
Од друга страна источните религии како будизмот, стравот го посочуваат како пречка кон осознавањето.

И да, желбите се извор на страдањето, се додека нивен причинител е егото. Кога човекот станува свесен за својата природа, станува свесен и за предодреденоста која е дел од него, а патот до таму е преку преиспитувањето и сомнежот, а не вербата во нечие туѓо сведоштво за природата на божественото.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Прво велиш:

А потоа велиш:

Моето прашање до тебе е: Како можеш да ги почитуваш религиите ако ти навистина веруваш дека тие се перење мозок и средство за контрола на масата? Зар такво нешто е вредно за почит?

Повеќето религии тврдат дека треба човекот треба да биде човек и никоја од нив нема ништо спорно со тоа да се биде човек или не.Но разликите се пројавуваат кога ќе се потегнат прашањата што значи да се биде човек? Која е смислата на човековото постоење? Која е целта на човекот во овоземниот живот? Каква треба да биде етиката и моралот на човекот? Дали човекот си е по природа добар или треба да се менува според некој поставен стандард? Дали сите желби на човекот се добри?

Еве на пример будизмот кој ти го живееш учи дека желбите се извор и причинител на страдањето кај човекот, но многу луѓе (не-будисти) нема да се сложат со ова и ќе речат дека човечките желби се нешто природно, нешто човечно, нешто што е неразделиво од природата на човекот и дека нивното потиснување е баш она што не е човечно. Значи според некои што веруваат дека повеќето човечки желби се добри, да се живее будизмот значи да не се биде човек. Воопшто не сугерирам дека овие се во право, но само потенцирам на тоа дека има различни гледишта на тоа што значи „да бидеш човек“.
Со
"ги почитувам сите религии"
мислам на религиозните луѓе кои ги следат истите.
Пр.ти си христијан и те почитувам како таков,не пробувајќи да ја навредувам или омаловажувам религијата(воедно Богот)во кој веруваш.
Ако си човек нема да имам никаков проблем со твоето верување.Ќе те почитувам како таков.
Од се она што го наброја за човекот,
најбитното е:што е човек?
А колку има врска тоа "да се биде човек"со желбите на човекот?
Значи ако некој нема желби не е човек или како треба да го сфатам ова?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Со
"ги почитувам сите религии"
мислам на религиозните луѓе кои ги следат истите.
Ок, сега е појасно.

Од се она што го наброја за човекот,
најбитното е:што е човек?
А колку има врска тоа "да се биде човек"со желбите на човекот?
Значи ако некој нема желби не е човек или како треба да го сфатам ова?

Желбите ги наведов само како пример за нешто по што луѓето не се согласуваат дали да се има желби значи да се биде човек или пак да се потиснуваат желбите (како што учи будизмот) значи да се биде човек.
Сфати го вака: Ти рече дека е важно да се биде човек во вистинска смисла на зборот. А јас ти велам дека различни луѓе не се согласуваат околу вистинската смисла на зборот „човек“. За некои да се биде човек значи едно, за други друго. „Вистинската смисла на зборот“ зависи од верувањата/убедувањата на единката. Значи пак ќе повторам, разликите се пројавуваат кога ќе се потегнат прашањата што значи да се биде човек? Која е смислата на човековото постоење? Која е целта на човекот во овоземниот живот? Каква треба да биде етиката и моралот на човекот? Дали човекот си е по природа добар или треба да се менува според некој поставен стандард? Дали сите желби на човекот се добри?

По сите овие прашања различните верувања нудат различни одговори, а со тоа различно го дефинираат поимот „да се биде човек во вистинска смисла на зборот“. И затоа не е доволно да се каже дека мојата вера е човек да биде човек, бидејќи секој може да си го протолкува тоа различно.
 
Будизмот не учи да се потиснуваат желбите.
Желбата(во права смисла на зборот) е енергија.
Желбите не треба да се потиснуваат.
Многу погрешно е сфатено тоа со желбите и бидизмот.
Не се мисли на тоа да се откажеме од желбите и да ги потиснеме.
Се работи за тоа да ја анализираме таа желба.
Да дознаеме колку е таа вредна или дали воопшто е вредна да се концентрираме на исполнување на истата.
Да ја дознаеме целта на таа желба и кон кој пат не води.
Ако ја потиснеме или пак не ја оствариме ќе останеме врзани со неа,ќе не донесе до некое ниво кое предизвикува депресија,несреќа,незадоволство.
Станува морање.
Постанува цел и со тоа постануваме робови на целта.
Доаѓаме до нешто кое будистите го нарекуваат страдање.
Желбите се всушност илузии.
Не постојат.Нешто што би требало да се случи во иднината.
Со тоа значи дека не сме тука во моментот.
Ние сме во иднината планирајќи го патот кој ќе не однесе до исполнување на таа желба.
Значи,ја пропуштаме реалноста која ни поминува пред нас во моментот.
Така да ние на таа реалност која ја живееме и придаваме илузија.
Желбите не се лоши додека не станат приоритет и единственото нешто на кое се концентрираме.
Е тоа од прилика сака да го каже будизмот во врска со желбите.
Желбите се продукт на фантазијата.На умот.На егото.
И дека се страда од желбите се до моментот на просветлувањето.

А што е човек,мислам дека е оф-топик и би требало во тој случај да се префрлиме на филозофија.
Се согласувам дека секој различно гледа на поимот човек.
Она што за мене претставува човек може за тебе не е.
Се разбираме.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Желбите ги наведов само како пример за нешто по што луѓето не се согласуваат дали да се има желби значи да се биде човек или пак да се потиснуваат желбите (како што учи будизмот) значи да се биде човек.
Будизмот не учи дека треба да се потиснуваат желбите, туку да се надминат, да се постигне состојба на будност во која истите ќе престанат да постојат како такви, бидејќи самото постоење на тоа ниво е екстаза. Во будизмот таа состојба се нарекува самади.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ви благодарам и на двајцата што ме корегиравте за „потиснувањето на желбите“. Не ми беше целта да навлегувам во детали за желбите, затоа сакав да го опишам будистичкото гледиште со еден збор, но тоа не беше најсоодветниот. Сепак муабетот ми беше дека станува збор за различно гледање дури и кон човековите желби кај различните религии и оттука да се биде човек кај една и кај друга религија (или идеологија или филозофија) може да има различно значење.

Еве на пример сексуалната желба во православизмот се смета за нешто грешно, како допусливо зло, ама сепак зло. Тие веруваат дека човекот не бил создаден за сексуално да се размножува, туку некако духовно, телепатски, преку Bluetooth или како и да е. Едно крило од православизмот учи дека човек треба да има секс само со цел за репродукција, а ако има секс чисто онака за уживање со својот брачен партнер - тоа е грев.
Но ајде да не одам оф-топик, сепак темава е за будизам. Поентата ми беше дека има различни интерпретации за тоа што значи да се биде човек.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Поентата ми беше дека има различни интерпретации за тоа што значи да се биде човек.
Има....
Будизмот тврди дека ти си Бог.
И ти тврдиш дека Исус е Бог.
Значи исто тврдат и Будизмот и Христијанството....ти си човек а воедно и Бог
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Има....
Будизмот тврди дека ти си Бог.
И ти тврдиш дека Исус е Бог.
Значи исто тврдат и Будизмот и Христијанството....ти си човек а воедно и Бог

Не е исто.
Будизмот тврди дека јас сум Бог.
Јас пак тврдам дека јас не сум Исус, јас не сум Бог, туку дека Исус е Бог.
Значи христијанството и Будизмот тврдат дијаметрално спротивни тврдења. Јас сум човек, а воедно не сум Бог.

The Black Swan, не е исто, и покрај вашата силна желба да е исто. Разликите и реалноста мора храбро да ги прифатиме, за воља на вистината.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Не е исто.
Будизмот тврди дека јас сум Бог.
Јас пак тврдам дека јас не сум Исус, јас не сум Бог, туку дека Исус е Бог.
Значи христијанството и Будизмот тврдат дијаметрално спротивни тврдења. Јас сум човек, а воедно не сум Бог.

The Black Swan, не е исто, и покрај вашата силна желба да е исто. Разликите и реалноста мора храбро да ги прифатиме, за воља на вистината.
Оооо..која чест ја имам, одговор на мој цитат од твоја страна.
Не знам дали да се смеам или да плачам....

Ај вака од почеток...
Буда тврди дека е Бог...значи тоа не е спорно.
Отишол принцот , седнал под едно дрво 7г и кога станал тврдел дека е Бог.
Бог= Јас

Исус, тврдел дека е Бог ...
За разлика од Буда, тој на различен начин тврдел дека е Бог..
Отец+Син+Светиот Дух=Бог.
1+1+1=1
Значи тој во исто време се претставува и како Син Божји и како Бог....
Овде требе да го разбереш законот за 3 кој во времето на Буда не им бил јасен...и кој јас не мислам да ти го објаснувам, оти еднаш кога ти понудив објаснување, Ти го одби.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
976
.

... Ок, само немој да го правиш Исус будист молимте :)

Ако зборот будист значи (духовна) будност, тогаш Исус е Совршениот Будист и тоа давно пред својата 33 година, на која Св. Синдарта Готама беше просветлен!

.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Будизмот е „заебана работа“ , поготово за атеистите...:pos:
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Соопштение во сите активни теми на подфорумот Религија

Доколку забележите мислење кое е надвор од форумската етика на однесување, навреда, оф-топик или слично, користете ја опцијата "Пријави" што се наоѓа во менито на долниот дел од секој пост.
Со тоа си помагате себе, на модераторот.. и пред се, придонесувате во квалитетна дискусија за која сите ние сме овде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom