Будизам

Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Budizmot e ateizam ali sea jas li da vi kazuvam koa imate internet tamu se ubavo pisuva
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Да де да ти све веруј на интернетот... биди малце атеистички настроен и кон интернетот, или што би рекол Gurdjieff кон стрина ти вики или гуглето... ;)
 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Што мислам за будизмот?

Ништо не мислам.Го живеам.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Meditate.Live purely.Be quiet.
Do your work with mastery.
Like the moon come out
from behind the clouds!
Shine.

Buddha
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Гаутама Буда мине низ еден град, кога една мува доаѓа и му застанува на челото. Тој разговараше со својот ученик, Ананда, и продолжи да зборува додека со својата рака сакаше да ја набрка мувата. Потоа одеднаш сфати дека неговото движење на раката било во несвест, механички. Додека тој зборуваше со Ананда на свесна начин, раката ја движеше на механички начин. Застанува, и иако муата сега во лет , ја движи раката повторно со свест.

Ананда вели: "Што правиш? Мувата одлета ...."

Гаутама Буда одговорил: „Мувата ја однема ... но јас имам грев, затоа што тоа го направив несвесно."
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986

.
Е овој грев велзевул (евр..בעל זבוב‎, ba‘al zəbûb, грч.βεελζεβούβ, арап..بعل ألذباب, "господарот на мувите"), нема да му го прости! :D

https://hr.wikipedia.org/wiki/Belzebub

п.с. Вистинскиот Св. Синдарта Готама не верувал на лажни “богови“ туку само на Единствениот Вистински и Совршен БОГ, преку Чија вечна Мудрост (Логос) тој и беше просветлен!
Таа Мудрост вечно чиста - за спасение на сите - ЕДИНСТВЕНИОТ Ја отелотвори во Исуса Христа, но многу (скоро сите) следбеници на Синдарта Готама (наречен Буда) исто така (до ден денешен) не Ја препознаја и признаја!

Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога
и Словото беше (едно со) Бог.
Тоа во почетокот беше во Бога.
Се’ стана преку Него и без Него ништо не стана, од она што постана.
Во Него беше Животот и Животот им беше светлина на луѓето.
Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати.
...
Вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек, што доаѓаше во светов.
Во светот беше и светот преку Него постана, но светот не Го позна.
Дојде кај Своите, но Своите не Го примија.
А на сите што Го примија - на сите што веруваа во Неговото име -
им даде моќ да станат чеда Божји;
.кои не по крв, ни по желба на телото, ни од похот машка,
туку од Бога се родија.
И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина;
и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.
(Ев.Јован 1: 1+)

Спирко, абе се слагам јас со тебе....(y)

Бог е совршен, или како ти што викаш:Единствениот Вистински и Совршен БОГ, и не може да биде на друг начин.

Амин.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Buddhism is the teaching of nonduality .... It is a state in which dualistic thinking and dualistic perceptions are transcended (not altogether eliminated, but transcended and interpreted into a higher state of consciousness). Dualistic consciousness is characterized by the splitting of the ultimate (nondual) reality into two opposed and contradictory categories, the most fundamental split being that into 'subject' and 'object', 'I' and 'Other'. If we project this split onto nondual reality, it endlessly produces other dichotomies like inside and outside, pleasant and unpleasant, being and nonbeing, life and death, enlightenment and delusion, good and evil. This subject - object - split is seen as the root of all human suffering, the predicament every human being finds themselves in ....
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Што мислам за будизмот?

Ништо не мислам.Го живеам.

Уште при првите постови те прочитав дека си будистка. Ок, само немој да го правиш Исус будист молимте :)
 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Уште при првите постови те прочитав дека си будистка. Ок, само немој да го правиш Исус будист молимте :)
Хехе
не сум будистка:)
Ниту пак тврдев дека Исус е будист.
Ми се допаѓаат нивните мудрости(воопшто мудростите од истокот).
Тоа што пробав да го објаснам е дека стремел кон истата цел како и Буда.
Ништо повеќе,но верувам дека никогаш нема да те убедам во тоа така да ок си е.
Почитувам туѓо мислење:)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Хехе
не сум будистка:)
Не сфаќам, како велиш дека го живееш будизмот, а не си будистка? Оној кој го живее исламот, е муслиман. Оној кој го живее христијанството е христијанин. Итн.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Не сфаќам, како велиш дека го живееш будизмот, а не си будистка? Оној кој го живее исламот, е муслиман. Оној кој го живее христијанството е христијанин. Итн.
На тој начин се ограничувам дека сум нешто.
Иако живеам(или се трудам да живеам)таков стил на живот не се нарекувам будистка.
Што значи за тебе живеење на будизмот?
И што воопшто претставува будизмот за тебе?
Религија?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
На тој начин се ограничувам дека сум нешто.
Иако живеам(или се трудам да живеам)таков стил на живот не се нарекувам будистка.
Што значи за тебе живеење на будизмот?
И што воопшто претставува будизмот за тебе?
Религија?

А ти не сакаш да бидеш нешто? Што е подобро, да бидеш нешто или ништо? Или можеби сакаш да бидеш се и сешто? :) Се шалам. Абе независно како ние ќе се наречеме себе си, најчесто нашите убедувања не одредуваат во некоја категорија на луѓе. Оној што верува во Дарвинизмот и го живее Дарвинизмот е еволуционист. Тој може да не се нарекува себе си еволуционист, ама другите ќе го знаат за таков, бидејќи тоа е.
Оној што верува и го живее христијанството е христијанин. Тој може себе си и муслиман да се нарекува, ама другите нема да го нарекуваат така, барем не оние што знаат што е ислам, а што христијанство.
И јас не велам дека ти си само будист. Ти можеш да биде и будист и хуманист и комунист и филантроп и економист и археолог итн. Сепак по твоите верски убедувања, доколку ти го живееш будизмот, ти си будист.

Дали будизмот е религија? Па јас мислам дека тоа е повеќе филозофско-идеолошко гледиште - земајќи ја предвид онаа потесна дефиниција на религија каде што имаш некаков Бог или божества. Но според проширената дефиниција за религија, будизмот спаѓа во источните религии и речиси секаде се спомнува во статистиките на религиозноста на луѓето во одредена земја, континент или пак светот.
 
Те цитирам:
"А ти не сакаш да бидеш нешто? Што е подобро, да бидеш нешто или ништо? Или можеби сакаш да бидеш се и сешто? "

Единственото кое треба да се биде е човек во вистинска смисла на зборот.Важи и за мене.
Единственото во кое верувам сум самата јас(не затоа што сметам дека сум некој Бог,да не се разбереме погрешно).
Не припаѓам на ниедна религија,ги почитувам сите.Не е важно дали си муслиман или христијан,католик или хинду,или припаѓаш на некоја секта.
Човек да си.

Будизмот ми ги нуди најлогичните и наједноставни одговори на сите оние прашања кои немаат одговор.
Со "го живеам будизмот"
мислев на тоа дека свесно го живеам моментот на реалноста без забегавање лево десно во иднината или минатото,трудејќи се да се запознаам себе(целта на будизмот накратко).
Во будизмот(зборувам за учењето)не постојат Богови со различни имиња и различни намени.Многу се позитивни,едноставни и балансирани и јасно ни го покажуваат патот до самите нас.
Тоа е најбитното чинам во целата оваа сторија.
Самоспознавањето.
Но тоа не го кажува само будизмот,туку скоро сите источни учења и филозофии вклучувајќи и многу други кои не би ги набројувала овде.
Тоа е скоро целиот фацит на толку голема филозофија.

Цитирам:

"Дали будизмот е религија? Па јас мислам дека тоа е повеќе филозофско-идеолошко гледиште - земајќи ја предвид онаа потесна дефиниција на религија каде што имаш некаков Бог или божества."

Будизмот е учење/филозофија.

Оф-топик:
А религијата за мене е перење мозок.Средство за контрола на масата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom