Будење на тивкото мнозинство

Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.127
Поени од реакции
35.084
Не, не е ова говорот на Мицко, на кого му напишале се буди тивкото мнозинство, а он само го прочитал и сеуште не знае што значи тоа. Ова е еден тренд кој почнав да го приметувам се повеќе кај младите Македонци, бидејќи работата ме тера да седам голем дел од времето на социјалните мрежи, плус активноста на форумов, па така почнав да наидувам на многу интересни постови.

Бидејќи сум растен во средина каде што можам да кажам дека е една од првите во Скопјево каде што без страв ја ширеле идејата за независна и самостојна Македонија надвор од Југославија, воспитан сум како од татко ми така и од постарите да си го чувам и бранам своето.

Но, со тек на време како растев и запознавав нови луѓе, се помалку го гледав тоа "воспитување" кај другите луѓе, а се почесто се среќавав со ликови кои не ја сакаа оваа држава, гледаа со понижување кон својот народ и секогаш збореа со восхит кон соседите.

Имајќи таков начин на размислување, секогаш се прашував дали јас сум во грешка, дали треба и јас така да почнам да размислувам, иако имало еден куп причини за да го сменам мислењето. Но, од оваа гледна точка, среќен сум што никогаш не сум ги напуштил основите на моето воспитување и без разлика на многуте ситуации кога сум можел да кренам раце, јас сум продолжил со истиот став, а тоа е за СУВЕРЕНА и НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

По политичка идеологија сум Националист, и сметам дека ниедна политичка партија во Македонија не ја застапува оваа идеологија, затоа сум против сите политички партии, а особено против оние од десниот спектар кои лажно се "борат" за Македонските национални интереси.

Да се вратам на темата, ова не е агитирање за некоја партија или промовирање идеологија. Ова е само мое мислење за тоа што се случува кај Македонскиот народ.

Како што кажав, почнав да приметувам еден тренд каде што се подигнува националното чувство, иако сеуште сметам дека е на многу ниско ниво, секое кревање во нагорна линија е за поздрав.

Сосема спротивно од тоа што се случува и од целата политичка ситуација во Македонија која не би сакал да ја коментирам, затоа што не ја наменувам оваа тема за тоа, си има посебна тема каде што може да се дискутира тоа, мислам дека се случува едно будење кај младите и отфрлање на тоа што ни се сервира како новото нормално.

Се повеќе луѓе гледам на социјалните мрежи каде што зборат за Македонија и Македонскиот народ, многу нови профили каде што се промовира и главната тема е Македонија и Македонската историја. Многу патриотски препеани песни за разни револуционери и Македонија искочија последниве години, и многу ликови од кои не сум очекувал дигнале глас против сите неправди кои ни се случуваат.

Исто тука и на форумов, од форум каде што владееа шарени куртони, во години каде што се рушеше една предходна власт, нив ги снема, а останавме тука истите што знаевме што ни носи таа промена на власт.

Прашањето ми е, дали се согласувате со ова и дали и вие го имате приметено истото, и доколку да, што мислите што треба да се направи за да се искористи ова "будење" и да не исчезне туку така?
Доколку не мислите дека е така, образложете зошто?
Дали мислите дека се создава една здрава генерација на Македонци кои ќе ги отфрлат старите навики и конечно ќе почнат да размислуваат за доброто на Македонскиот народ?
Дали мислите дека е возможно младите Македонци да искочат од партиските рамки, да се надминат себеси, и да подржат идеи и ставови кои ќе ги бранат Македонските национални интереси без разлика на нивното политичко убедување?

Иако сето ова може да биде искористено од разни луѓе и партии, наше е да се препознаеме меѓусебе во искрената идеја за Македонија.

Знам дека секогаш ќе има такви кои ќе го исмејуваат ова, или ќе пробаат да ја свртат темата во друг правец. Затоа не ги хранете троловите и игнорирајте ги.

Темата НЕ Е за дневно политички случувања.
Темата НЕ Е за било која партија.

Темата е за Македонија.
 
Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.019
Се надевам дека тивкото (а гласно) мнозинство ќе го земи Бронезнион на плоштад и дека ќе го исфрли до Егејско, или директ во него. Секако Динократ во антика сакал да му гради монумент на Атос на педерот, висок колку самиот Атос. Па сега види ти. Гушанати со неговиот животен сопатник Хефестион нека ги преалеат, добро ќе им дојде на Ортодоксните тамо, се надевам Српски Хиландар нема да се огради.

Член од
6 февруари 2022
Мислења
855
Поени од реакции
3.442
Не, процесот е обратен од будење, тоа што на социјалните мрежи се дискутира и става лајкови не значи дека има некакво будење, генерациите кои во 2001 се бореа веќе се одминати, кога тогаш во тоа време како целина бевме многу повеќе патриотски настроени и со поздрави и посилни генерации не успеавме. Денешниве снегулки немаат шанса.
 
Во право си, многу повеќе биле патриотски насторени, но и сега сметам дека една генерација почнува да се буди, макар тоа и да било првично на социјалните мрежи.

Муабетот ми е, што е потребно да се направи за да се извади тоа на улиците? Со што младите Македонци ќе се поистоветат и ќе го доживеат како свое, а да не е тоа класична политичка партија која ќе дава само наредби.

Ококу што би се обединиле Македонците?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.600
Поени од реакции
18.024
Младите Македонци се во темата за бугарски пасоши, немаат проблем денес во 2022 година да се пишат бугари до 7 мо колено, ама тоа било оправдано пошто немале леб да јадат тука и пошто државата била срање, а не тие самите. А некако тоа е проблем за луѓе кои живееле пред повеќе од цел век. За целото тоа време, патриотите по фејсбук прават списоци на луѓе кои што кажале нашата земја наместо Македонија, за да ги нарекуваат северџгани. Толку е трагично, што за да можеш да го испроцесираш треба да го гледаш како комично.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
555
Поени од реакции
1.281

Кога луѓето сметаат дека државата работи во нивни интереси , тогаш ќе имаш обединување. Никој не сака да биде топовско месо за да некој клептократ се збогати.
Значи прво, обединување во истребување (или значајно намалување) на корупцијата. Поголема солидарност во сите можни односи - класно, етничко, политичка определеност. Помалку хипокризија. Државата треба да е мајка , а не маќеа за некого или крава музара за друг.
Мислам дека единствен начин да преживееме како народ и држава е да гледаме да бидеме подобри од сите наши соседи - поправедно општество, помалку корупција, почисти улици, подобро образование, подобро здравство, итн. Општество кој охрабрува секој да се подобри индивидуално.
Тоа треба да биде нашата опсесија а не дали треба да се согласеме дека Делчев е Бугарин за да влеземе во ЕУ, тоа е лузерски менталитет. Не ни треба таков ЕУ во тој случај.

Разбирам дека горе наведенот е утопија за многимина и малку наивно ама треба да проба невозможното за да се стигне донекаде.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.518
Не, не е ова говорот на Мицко, на кого му напишале се буди тивкото мнозинство, а он само го прочитал и сеуште не знае што значи тоа. Ова е еден тренд кој почнав да го приметувам се повеќе кај младите Македонци, бидејќи работата ме тера да седам голем дел од времето на социјалните мрежи, плус активноста на форумов, па така почнав да наидувам на многу интересни постови.

Бидејќи сум растен во средина каде што можам да кажам дека е една од првите во Скопјево каде што без страв ја ширеле идејата за независна и самостојна Македонија надвор од Југославија, воспитан сум како од татко ми така и од постарите да си го чувам и бранам своето.

Но, со тек на време како растев и запознавав нови луѓе, се помалку го гледав тоа "воспитување" кај другите луѓе, а се почесто се среќавав со ликови кои не ја сакаа оваа држава, гледаа со понижување кон својот народ и секогаш збореа со восхит кон соседите.

Имајќи таков начин на размислување, секогаш се прашував дали јас сум во грешка, дали треба и јас така да почнам да размислувам, иако имало еден куп причини за да го сменам мислењето. Но, од оваа гледна точка, среќен сум што никогаш не сум ги напуштил основите на моето воспитување и без разлика на многуте ситуации кога сум можел да кренам раце, јас сум продолжил со истиот став, а тоа е за СУВЕРЕНА и НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

По политичка идеологија сум Националист, и сметам дека ниедна политичка партија во Македонија не ја застапува оваа идеологија, затоа сум против сите политички партии, а особено против оние од десниот спектар кои лажно се "борат" за Македонските национални интереси.

Да се вратам на темата, ова не е агитирање за некоја партија или промовирање идеологија. Ова е само мое мислење за тоа што се случува кај Македонскиот народ.

Како што кажав, почнав да приметувам еден тренд каде што се подигнува националното чувство, иако сеуште сметам дека е на многу ниско ниво, секое кревање во нагорна линија е за поздрав.

Сосема спротивно од тоа што се случува и од целата политичка ситуација во Македонија која не би сакал да ја коментирам, затоа што не ја наменувам оваа тема за тоа, си има посебна тема каде што може да се дискутира тоа, мислам дека се случува едно будење кај младите и отфрлање на тоа што ни се сервира како новото нормално.

Се повеќе луѓе гледам на социјалните мрежи каде што зборат за Македонија и Македонскиот народ, многу нови профили каде што се промовира и главната тема е Македонија и Македонската историја. Многу патриотски препеани песни за разни револуционери и Македонија искочија последниве години, и многу ликови од кои не сум очекувал дигнале глас против сите неправди кои ни се случуваат.

Исто тука и на форумов, од форум каде што владееа шарени куртони, во години каде што се рушеше една предходна власт, нив ги снема, а останавме тука истите што знаевме што ни носи таа промена на власт.

Прашањето ми е, дали се согласувате со ова и дали и вие го имате приметено истото, и доколку да, што мислите што треба да се направи за да се искористи ова "будење" и да не исчезне туку така?
Доколку не мислите дека е така, образложете зошто?
Дали мислите дека се создава една здрава генерација на Македонци кои ќе ги отфрлат старите навики и конечно ќе почнат да размислуваат за доброто на Македонскиот народ?
Дали мислите дека е возможно младите Македонци да искочат од партиските рамки, да се надминат себеси, и да подржат идеи и ставови кои ќе ги бранат Македонските национални интереси без разлика на нивното политичко убедување?

Иако сето ова може да биде искористено од разни луѓе и партии, наше е да се препознаеме меѓусебе во искрената идеја за Македонија.

Знам дека секогаш ќе има такви кои ќе го исмејуваат ова, или ќе пробаат да ја свртат темата во друг правец. Затоа не ги хранете троловите и игнорирајте ги.

Темата НЕ Е за дневно политички случувања.
Темата НЕ Е за било која партија.

Темата е за Македонија.
Не ми е намерата да ти го кршам филмот во кој живееш,ама погрешна идеологија си одбрал.Особено за ваква држава.
Целиот живот ќе го поминеш во лажна борба,згора на тоа борба која никогаш нема да ја добиеш.
На крајот на денот,егзистенцијата и слободата им е побитна на луѓето.Нема што некој да го поминува животот во вакви безсмислени борби за некои си национални права на некој народ,па макар и тоа да е сопствениот.
Либерализмот сепак победи на крајот,нешто што е добро за било кое човечко суштество на планетава Земја.
Вакви идеологии како национализам се живо срање во боја.
 
Член од
30 април 2022
Мислења
248
Поени од реакции
347

Нит егзистенција нит слобода има бре џандари низаедни. Сите околу тебе си го бранат своето а и го сакаат твоето. Џандарчиња шпиунски.
Автоматски споено мислење:

Последно уредено:

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.295
Поени од реакции
1.911
Сега постои интернет. Не можат веќе државите да го лажат својот народ, или семејствата нивните деца, дека државата им е најдобра кога постои медиум кој им дозволува точно да ги споредат и рангираат другите држави според квалитет на живот.

Не верувам дека кај новите генерации ќе се развива чувство на почит кон Македонија се додека нејзините недостатоци како држава се очигледни.

Ова е добро нешто. Ова е битен факт за народот да се ориентира кон подобрување на државата.
 
Последно уредено:
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.132
Поени од реакции
5.240
Младите Македонци се во темата за бугарски пасоши, немаат проблем денес во 2022 година да се пишат бугари до 7 мо колено, ама тоа било оправдано пошто немале леб да јадат тука и пошто државата била срање, а не тие самите. А некако тоа е проблем за луѓе кои живееле пред повеќе од цел век. За целото тоа време, патриотите по фејсбук прават списоци на луѓе кои што кажале нашата земја наместо Македонија, за да ги нарекуваат северџгани. Толку е трагично, што за да можеш да го испроцесираш треба да го гледаш како комично.
Не можеш да кривиш млади луѓе кои ги гледаат нивните стари како животот си го оставиле во одредени фирми од минатиот систем за на крај буџетите на истите да биднат испразнени, фирмите у стечај а нивните дома без егзистенција.

Не можеш да ги кривиш младите тоа што бараат пасоши затоа што не сакаат да работат за 350-400 евра плата и се молат да не им се сјебе нешто дома зашто месецов не знаат како ќе скрпат.

Не можеш да ги кривиш младите што не сакаат да учат на универзитет на кој со години му паѓа ранкингот и чија диплома не значи ништо.

Не можеш да ги кривиш младите што сакаат да бегаат затоа што гледаат дека некој со трчање по партии си го мести гзот у општина, министерство, државна фирма а они со искуство не можат да припарат на тие позиции.

Не можеш да ги кривиш младите што бараат бугарски пасош демотивирани од бизнис климата у Македонија, гледајќи дека нивните дома не можат да си наплатат фактури спрема фирми затоа што другите имаат некој што е близок со власта и си ги штити.

Не можеш да кривиш луѓе што не сакаат да живеат у држава кај што УЈП е спремна да те блокира за 100 денари долг спрема ЕВН а Македонски Железници има околу 5 милиони неплатен данок спрема државата (ја од како памтам сам за себе, овие се у криза).

Треба ли да продолжувам или ја сфати поентата?

На никој не му се глуми Робин Худ и да си ја троши младоста, живците и слично за утре да дојде некој и ја однесе државата у пропаст а ти не можеш ништо да направиш. Затоа што другари да биднеме реални ова што ние го викаме држава, одамна не е тоа.

Како територија си ја сакам, како систем и субјект ја мразам. Не дека таму некаде те чекаат со раширени раце, ама барем знаеш на што си. Знаеш дека не си меѓу свои и дека треба дупло да работиш ама утре кога треба да ти се плати, ќе ти бидне платено. И да не ти бидне, имаш кај да се пожалиш и кој да те заштити. Кај нас нит системот функционира, нит можеш некаде да се жалиш.

И да створиш и да заработиш, ќе те стават на пик апаши кои што ќе дојдат рекет да ти маваат, или ќе ти измислат начин да ти го затворат бизнисот.

Дали има летаргични луѓе кои што само кукаат и чекаат да им се даде, дали од државата или некој друг работа да им најде? Да! Ама тие истите не се оние што се спремни да ја здиплат и да се мачат за да заработат надвор од дома него у голем дел од случаи седат дома и чекаат од мама и тато.

Така да не им суди на тие што се спремни да се пишат Бугари за да обезбедат егзистенција за себе и своето семејство, затоа што утре детето нема да им каже мамо и тато фала ви вие државата не ја издадовте.

Можеш ти да не се согласуваш со тоа и да не си спремен да го направиш ама немаш право да мрчиш за било кој друг што сака истото да го направи, затоа што на крај секој за себе нит ти му даваш нему нити он ти должи објаснување на тебе.

Драго ми е ако некад се реши да се сврти работата у вистински правец, ама колку е уништено у овие 30 години, за наредни 50 треба све по правило да се работи па тогашните генерации да осетат ефект.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.518
Нит егзистенција нит слобода има бре џандари низаедни. Сите околу тебе си го бранат своето а и го сакаат твоето. Џандарчиња шпиунски.
Автоматски споено мислење:
:facepalm:
Ќе цркнеш од омраза кон се што е спротивно.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495

(y) Perfektno objasneto se do detalj (y)
Автоматски споено мислење:

Сега постои интернет. Не можат веќе државите да го лажат својот народ, или семејствата нивните деца, дека државата им е најдобра кога постои медиум кој им дозволува точно да ги споредат и рангираат другите држави според квалитет на живот.

Не верувам дека кај новите генерации ќе се развива чувство на почит кон Македонија се додека нејзините недостатоци како држава се очигледни.

Ова е добро нешто. Ова е битен факт за народот да се ориентира кон подобрување на државата.
Tache che ne oprai ... ili Zhmicko :pijani::masa::pijanco:
 
Член од
30 април 2022
Мислења
248
Поени од реакции
347
:facepalm:
Ќе цркнеш од омраза кон се што е спротивно.
Се собравте багра недоделкани да ја уништите темава. Немој случајно Македонецот да биде националист лошо е тоа пупу. Џган гнасен.

Негирани и омаловажени, со уништен патриотски дух и клекната на колена република, вие доаѓате и серете и ширите дефетизам.

Џган.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.821
Губење на тивкото мнозинство.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.600
Поени од реакции
18.024
Не можеш да кривиш млади луѓе кои ги гледаат нивните стари како животот си го оставиле во одредени фирми од минатиот систем за на крај буџетите на истите да биднат испразнени, фирмите у стечај а нивните дома без егзистенција.

Не можеш да ги кривиш младите тоа што бараат пасоши затоа што не сакаат да работат за 350-400 евра плата и се молат да не им се сјебе нешто дома зашто месецов не знаат како ќе скрпат.

Не можеш да ги кривиш младите што не сакаат да учат на универзитет на кој со години му паѓа ранкингот и чија диплома не значи ништо.

Не можеш да ги кривиш младите што сакаат да бегаат затоа што гледаат дека некој со трчање по партии си го мести гзот у општина, министерство, државна фирма а они со искуство не можат да припарат на тие позиции.

Не можеш да ги кривиш младите што бараат бугарски пасош демотивирани од бизнис климата у Македонија, гледајќи дека нивните дома не можат да си наплатат фактури спрема фирми затоа што другите имаат некој што е близок со власта и си ги штити.

Не можеш да кривиш луѓе што не сакаат да живеат у држава кај што УЈП е спремна да те блокира за 100 денари долг спрема ЕВН а Македонски Железници има околу 5 милиони неплатен данок спрема државата (ја од како памтам сам за себе, овие се у криза).

Треба ли да продолжувам или ја сфати поентата?

На никој не му се глуми Робин Худ и да си ја троши младоста, живците и слично за утре да дојде некој и ја однесе државата у пропаст а ти не можеш ништо да направиш. Затоа што другари да биднеме реални ова што ние го викаме држава, одамна не е тоа.

Како територија си ја сакам, како систем и субјект ја мразам. Не дека таму некаде те чекаат со раширени раце, ама барем знаеш на што си. Знаеш дека не си меѓу свои и дека треба дупло да работиш ама утре кога треба да ти се плати, ќе ти бидне платено. И да не ти бидне, имаш кај да се пожалиш и кој да те заштити. Кај нас нит системот функционира, нит можеш некаде да се жалиш.

И да створиш и да заработиш, ќе те стават на пик апаши кои што ќе дојдат рекет да ти маваат, или ќе ти измислат начин да ти го затворат бизнисот.

Дали има летаргични луѓе кои што само кукаат и чекаат да им се даде, дали од државата или некој друг работа да им најде? Да! Ама тие истите не се оние што се спремни да ја здиплат и да се мачат за да заработат надвор од дома него у голем дел од случаи седат дома и чекаат од мама и тато.

Така да не им суди на тие што се спремни да се пишат Бугари за да обезбедат егзистенција за себе и своето семејство, затоа што утре детето нема да им каже мамо и тато фала ви вие државата не ја издадовте.

Можеш ти да не се согласуваш со тоа и да не си спремен да го направиш ама немаш право да мрчиш за било кој друг што сака истото да го направи, затоа што на крај секој за себе нит ти му даваш нему нити он ти должи објаснување на тебе.

Драго ми е ако некад се реши да се сврти работата у вистински правец, ама колку е уништено у овие 30 години, за наредни 50 треба све по правило да се работи па тогашните генерации да осетат ефект.
Толку биле способни. Еден што се иселил со бугарски пасош не се издвојува над просекот во тоа што го работи таму кај што се иселил. А ќе биде многу интересно да се види и статистика што работат иселените со бугарски пасоши. На способни луѓе не им треба да молат за пасош на туѓа земја, обично нив ги молат да се преселат таму.

Слободно можеш да си ја изрецитираш Аз сам Блгарче и ич мука да не ти биде и да се каеш за било што, ја само ја констатирам реалноста без разлика дали ми се допаѓа мене или тебе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom