Бидејќи многу мои познати се изгореа, а и јас сум на тивок “оган“ на финална, само со “чесен пионерски збор“ од посредникот дека ги однесе повторно документите, еве едно инфо околу дискусијава:
Отприлика крај на 2016/почеток на 2017, во упатството за аплицирање по основа чл.15, Министерството додаде точка 2.1. каде е јасно наведено дека покрај Происходот треба да се поднесат и документите врз основа на кој е добиен истиот:
„2.1. Лицата по чл. 15, ал. 1, т. 1 от Закона за б'лгарското гражданство представјат удостоверение за б'лгарски произход, издадено от Д'ржавната агенција за б'лгарите в чужбина, и всички документи, удостоверјавашти наличието на поне един в'зходјашт б'лгарин;„
Сите процедури:
линк
По член 15:
линк
Проблем е што посредниците не пратеа и многу луѓе се одбиени.
За некој дали пробал со молба/приговор преку адвокат, не знам конкретен случај.
Сите мои познати веќе аплицираа или планираат да алицираат наново.