Процесот за добивање бугарско државјанство го следам 10 години. Низ историјата, постапката никогаш не се забрзувала, туку постојано се забавувала, така што сè повеќе ќе се забавува. Кога се чини дека едниот статус се забрзува, другиот забавува и така во круг. Од моментот кога поднесов за происход до сега, поминаа цели 6 години и баш кога требаше да го добијам указот, бугарите престанаа да даваат за нас што не аплициравме со документи што не ги издаде Бугарија. И тоа без разлика што документацијата ми е 100% во ред. Сега, како и сите случаи како мојот, до којзнае кога сме на положително. Не знам што да ти кажам освен да се вооружиш со трпение.
Sent from my iPhone using Tapatalk