Не сакам да звучам ко негативец или да ви ја одземам надежта, и се надевам нема да се налутите за ова што ќе го кажам, ама враќањево на финален статус само по себе не е никаков показател дали сега се вразумени или „задоволни“ со документацијата, туку чиста формалност. По предавање на дополнителни документи (без оглед на тоа какви документи си додал) они
автоматски те враќаат на финална, па тек отпосле ќе ги разгледуваат и ќе одлучуваат дали е тоа доволно или не. Ако ги однесеш само истите со кои веќе си аплицирал/а тогаш тешко оти ќе смени многу и има шанси пак да те вратат на дополнителна, бар така беше случај со другар му Стеф на
@Altair75 кој само по втор пат ги предаде истите документи со кои аплицирал и одма му се смеини статусот од дополнителна на финална, за да по 2-3 недели пак по втор пат го вратат на дополнителна оти реално не предал никаков нов додатен доказ за бугарско потекло. Да биле доволни документите кои ги предал на интервју тогаш немаше ни првиот пат да го стават на дополнителна.
Слично е и со тие што воопшто не предадоа документи и што автоматски ги вратија на финална откако апла им помина рокот, тоа што сега им се смени статусот значи само дека им помина шансата за достава на дополнителни документи и останува сега советот да донесе одлука дали ќе ги пушти, имам впечаток дека некои членови малку погрешно ја толкуваат промената на статусот како знак дека сега решиле да попуштат.
Не ме разбирајте погрешно, искрено се надевам дека стварно ќе се вразумат и дека сите ќе ве пуштат оти стварно е идиотизам што во сред процедура нив сеа им падна на памет да си менуваат правила, откако луѓе со години чекале на државјанството и се уредно и правилно си предале при аплицирање, но бар јас лично мислам дека враќањево на финална кај некои членови не е никаков показател за тоа дали ќе пројдат или не. Едино е мала утеха дека конечно малку мрднуваат со промени, јес да и ова едвај е некое мрднување напред во поглед на темпото.