Здраво другари,
вчера бев сам до Софија по указот со кола. На граница пуштаат ама треба да имаш вакцина + ЦПР тест + термин закажан (ако немате едно од овие 3, мислам дека нема да ве пуштат).
Генерално се водев по овој
пост (многу корисен, прочитајте си го да не се повторувам, ќе ви ги пишам само разликите)
Банка
Стигнав во Софија, директ во банка да платам за указот (ќе ја прикачам уплатницата покасно, не знам каде ја ставив), се измачив малку со нејзе, тетката на шалтер се нервираше, уплатив 50 лева.
Отидов преводот од изводот да си го земам. Направив грешка шо не го пратив пред 1 недела изводот за превод, ми наплати 70 лева зошто била „брза“ постапка, инаку 30 или 35 лева ќе беше. Во близина наидов на приватен паркинг, 3 лева саат, сигурно има поефтини, ама тоа е тоа.
Министерство
Следно, отидов до министерството, терминот ми беше во 13:30 за земање на указот, не ме пуштија пред време иако немаше живо пиле (дали 10 луѓе имаше и секој за различна причина), па чекав некои 2 саати да ми дојде редот ... Ми дојде редот, одиш на шалтер со уплатницата, даваш
ЕДНА слика потпишана назад со име и презиме. Ќе ви даде тетката едно ливче да пополните со име презиме и адреса (Леге 6). Толку, ќе ви го дадат указот. Одма отидов копии да направам од него во печатница шо ја најдов во близина (42.69359067079249, 23.329594398473972)
Општина
Во општина исто така немаше многу гужва, си застанав во ред, тетката од рецепција беше прилично строга и имаше дисциплина, пушташе луѓе да се качат откако ќе се ослободеше место. За нашава работа е на прв спрат, одма на првиот шалтер лево ќе видите формулари за „Зајавление за постојанен адрес от“ и „адресна карта за настојашта адрес от“, на постот шо го линкнав има примери како се пополнуваат, така да спремете си ги и само препишете. Откако ќе пополните, ќе прашате каде е каса и ќе уплатите 30 лева. Не ми дозволи со картица да платам, не примало странски картички, системот и се блокирал бла бла... а да пробаше мислам дека ќе успееше, па морав да платам со кеш. Со уплатниците одите на десните шалтери (гледано од влезот) и таму давате копија од заверен и преведен извод, копија од пасош, формуларите за адреса и тетката ќе ви даде еден картон да пополните. Се помачив за него малку, се внесува име, презиме (не внесувајте татково име иако пишува на линијата), адреса (Леге 6 Софија), број на пасош, брачен статус: женен, неженен, најдоле мајка, татко (ако на некој родителот има веќе државјанство, имајте го ЕГН-то негово зошто требало да се напише во картонот), на задната страна брат/сестра, деца ... спремете си имиња презимиша и датуми на раѓање од сите нив.
Тоа беше се за напорниот ден, ми рекоа да дојдам за 10 дена. Не сум доволно снаодлив да подмитам за некако одма да ми го дадат а и искрено немав енергија за уште да се малтретирам по институции ...
Указот ќе ми биде пропусница на граница за следниот пат кога ќе одам чунки веќе сум нивни.