Gde to pise u zakonu za drzavljanstvo?
Го пишува во "Законот за посредници", а дури и да е вистинса е ПРЕсмешно.
Зошто?
Пример (можна прича која им ја продаваат "посредниците" на "клиентите"):
Од ЕУ има притисок нема веќе пасош на кој ќе се стигне, мора предок директ од бг
или
мора да ти е брат, сестра, мајка, татко инаку НЕМА пасош.
Е сега, кога некој би уклучил бојлер (да не речам мозок) ќе види дека:
Ниту од ЕУ има притисок ниту во БГ некој заострил нешто бидејќи и во новиот закон постои член каде вика дека мора да си со потекло (исто како и досега).
НЕМА логика татко ти да е бугар, а дедо ти да не е пошто татко ти се родил во Југославија (не во Бугарија или територија под нејзино владеење, административно, воено, било какво) и ТИ пошто дедо ти е југословен и татко ти бугар си се родил во мкд и си што? Југословен? Македонец? Бугарин?
Испаѓа петелот направил пилиња ама сам потекнува од жирафа.
Процедурата по "златна линија" на роднинска врска до предок роден 1900-1918 кои се покрстиле, се венчале или служеле бугарска војска ИЛИ пак живееле во село во кое 100% од населението се попипало како бугарско
е подобар основ за давање на државјанство отколку било што друго.
Останатото е ловење во матно.
п.с. конкретно овој документ е досетка (додуша паметна) на тие што веќе имаат бг државјанин во потесно семејство покрај изводите кои ги поврзуваат до предок (1900-1918) да им достават дополнителен док со кој викаат еј брат ми е петел, мора да сум и јас пошто од ист татко сме - не може тој петел, јас жирафа.
п.п.с. овој док уствари е уверение за семејно стебло (роднински врски на потесна фамилија) и ви го издаваат на основ на два моменти пред да добиете пасош:
1. Во општината поднесувате лист на кој го пишува потесното семејство (ова од погоре мора да го напишете кога ќе одете Средец и ќе поднесете док за издавање на ЕГН)
2. Во МВР кога поднесувате за сликање за пасош исто на док ја пишувате и потесната фамилија и тие ја внесуваат во систем.
Нешто што
@marin.skp го објасни одамна на темата (само кој да чита и прати постојано - тука не мислам на тебе Волф) и + други членови после Марин го потврдија истото.
Мака ми е да ги барам цитатите, касно е - а всушност и не вреди за слепи послушници на посредниците.
Запомнете:
21 век е, истражувајте, бидете љубопитни и наместо да му верувате слепо (на збор) на некој пропали таксиста што најде начин да млати пари од поштен и наивен народ и сето тоа под превезот на "посредувањето" - земете ја судбината во свои раце.
Тоа секако доколку немате фетиш за фрлање пари во магла (по посредници) или не сте класична мрза.
п.с. посочениот посредник во постот погоре не го знам, а со тоа ниту го бранам ниту го напаѓам - констатацијата е обопштена за сите посредници т.е. за голем дел од нив со чест на мн малку исклучоци.