Мислам дека ваква ситуација имаат повеќе членови на форумов или барем ним блиски личности. Се извинувам однапред ако се повторат некои работи веќе изнесени. Се работри за следново. Јас и брат ми во ист ден имаме поднесено барање за пасош во ист ден закажување интервју, во ист ден интервју е веќе тука се менува ситуацијата. Јас во јули 2014г добивам потврда дека молбата ми е уважена и во септември веќе го имам уверението за државјанство. Поради приватни работи пасошот го земам дури во април годинава. За цело време кај брат ми стои статус дека преписката е нередовна. Морам да нагласам дека мојот пасош е добиен со оргинална венчаница на баба ми и дедо ми од '42г а иста таква се наоѓа кај брат ми во досието исто така во оргинал. Во меѓувреме после добивањето на пасошот, копија од него, копија од уверението за државјанство и копија од ЛК се веќе доставени кај брат ми во досието исто како и оргиналот венчаница која се наоѓаше кај мене. За цело време од минатата година од септември до денес неговиот статус се нема сменето. Има испратено неколку молби со образложение и двапати има лично отидено за увид и нема никаква промена на апликацијата. Ве молам ако знае некој за што се работи затоа што цело време му го даваат истиот одговор дека документите се во ред и дека мора чека.