Pat Bateman
Oh Africa, brave Africa
- Член од
- 7 февруари 2009
- Мислења
- 1.908
- Поени од реакции
- 1.867
Откако ќе ги средиш документите и ги поднесеш во Министерството, ти закажуваат интервју за отприлика еден месец... барем во мојот случај беше така. На интервјуто има разни прашања, околу каде живееш во моментот, што работиш итн, но сметам дека тоа се само протоколарни прашања... важно е кога ќе те прашаат што си по националност, односн народност, да кажеш дека си Бугарин.... другото мислам дека не е толку важно... сега откако ќе заврши целиот процес, остануваат административните работи... што нажалост се бавни, впрочем како и насекаде низ Балканов....Фала многу на одговорот!
Само уште едно последно прашање: јас ќе треба исто после и на интервју да одам или доволно е само предавање на документите (за да знам дали со едно идење во Софија ќе завршам се, или ќе треба после неколку месеци пак да идам)? И дали ќе распрашуваат на пример што правам/работам во Австрија или тоа ништо нема врска и не ги интересира (чисто да знам дали ќе треба да понесам и потврда од факултет и договор од работа и такви документи, или тоа ништо нема да ми треба и битно им е само документи од типот на извод од раѓање и државјанство од моите)? Може звучи глупо прашањево оти реално нема врска што студирам/работам со вадењето нивно државјанство, ама што знам, си викам да си прашам, да не испадне после дека треба да докажувам зошто не живеам во Бугарија па затоа да се осигурам на време дали ми требаат вакви потврди за објаснување зошто моментално живеам на друго место...