Бугарско-грчка оска против Македонија

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
И да те дополнам со видео
Председателот Плевнелиев за предлогот на председателот Иванов - не по писмата ,а по делата ке ви судиме.
http://video.bgnes.com/view/37677
Министара за надворешни работи - Се е во рацете на Македониja, бугарското решение ке зависи от политиката на владата на Македониja во наредните 2 месеца.
http://bnt.bg/bg/news/view/87996/nikolaj_mladenov_vsichko_e_v_rycete_na_makedonija
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Oдaмна cи бapaaрт закaчкa татаритe.
Ho дoбрo e штo сe отвapaaт за дa нeма никaкви дилeми co кoго имаме paбoта!! (y)


Како некоја љубоморна девојка, лута поради евентуалното запоставување, Бугарија одвреме-навреме ќе нѐ потсети дека е тука

Македонија е повторно посочена со прст поради односите кон соседите, кои формулирани како добрососедски очигледно станаа главен услов за членство на нашата земја во ЕУ и во НАТО. Досега бевме навикнати за ова да добиваме директни сигнали, преку Атина, или индиректни, преку Брисел, но во изминатиот период сѐ почесто се вклучува и Софија. Како некоја љубоморна девојка, лута поради евентуалното запоставување, Бугарија одвреме-навреме ќе нѐ потсети дека е тука. Можеби загрижени дека, ете, повеќе енергија и внимание трошиме на спорот за името, па некој бугарски политичар ќе се огласи, јавно заложувајќи се за евроинтеграцијата на Македонија, но укажувајќи дека има некои работи што на официјална Софија ѝ пречат. Последен беше шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов, кој пред некој ден од Благоевград порача дека Бугарија го поддржува членството на нашата земја во Унијата, но не по секоја цена и дека треба да се исполнат определени услови за да продолжи бугарската поддршка.

- Бугарија нема територијални претензии кон никој од соседите, но сметаме и дека нашите соседи не треба да имаат малцински претензии кон Бугарија, бидејќи во бугарската држава и општество секој е слободен да се декларира како што сака - кажа Младенов.

Човек не треба да е многу мудар, ниту пак да има некои извонредни способности за читање меѓу редови, за да ја сфати пораката на министерот Младенов. Да, повторно критика упатена кон Македонија. Но неговата изјава е интересна и поради неколку моменти. Прво, да тргнеме одзади, за тоа колку некој во Бугарија „е слободен да се декларира како што сака“, најдобро знаат Македонците што живеат таму. Но нејсе... Второ, бугарските соседи „не треба да имаат малцински претензии кон Бугарија“, а точно кој ги има? Колку што ни е познато, Македонија во изминатиот период речиси не го споменува малцинското прашање кога станува збор за Бугарија. Не дека го игнорира, туку нели, ете, во духот на добрососедските односи и во интерес на евроатлантските интеграции, проблемот со македонското малцинство кај источниот сосед е оставен да се решава преку меѓународни институции, како што е Европскиот суд за човекови права. Тогаш зошто Софија повторно го споменува малцинското прашање кога односите меѓу двете земји се движат во нагорна линија? Од што се плаши Бугарија? Нема друго објаснување, освен тоа за љубоморната девојка, на која малку ѝ се посветува внимание, па сака одоколу да порача дека е тука. Или, пак, сака да нѐ предупреди целосно да заборавиме на малцинското прашање, за да не добиеме уште една „Грција“ на нашата голгота кон ЕУ и НАТО.

Нема потреба од стравување. Уште од првите денови по осамостојувањето Македонија беше таа што, токму во интерес на добрососедските односи, го правеше првиот чекор, често голтајќи горчливи одлуки, додека нејзините соседи во политиката кон нас самите го ограничуваа изборот - или инает, или уцена. Не помина ниту една година како независна, Македонија преку амандмани го измени Уставот, порачувајќи им на соседите дека нема потреба да стравуваат. Па така, во јануари 1992 година, преку уставните измени јасно истакна дека „нема територијални претензии кон соседните држави“ и дека „нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“. Ова второто е посебно важно, бидејќи со него се дополнува членот од Уставот со кој се истакнува дека нашата земја се грижи за положбата и за правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците. Така што уште од пред 20 години постојат цврсти гаранции, запишани во македонскиот устав, дека Македонија ниту ќе се меша во работите на соседите, ниту пак сака дел од нивната територија.

И не е само Уставот. Македонија покажа дека е добар и пред сѐ разумен сосед кога, под огромен притисок на Атина, го смени државното знаме, ја прифати референцата БЈРМ, како и можноста под неа да членува во меѓународните организации. И не се само Грција и Бугарија. Нашата земја пружи рака и кон Србија, дозволувајќи му на српскиот државен врв на македонска територија да прославува победи во големи историски битки. Па така, српскиот претседател Томислав Николиќ, во друштво на премиерот Ивица Дачиќ, во неделата го посети Зебрњак, каде што ја одбележаа 100-годишнината од Кумановската битка. Фер е да очекуваме дека Србија за возврат ќе дозволи нашиот државен врв истото да може да го стори, односно слободно да отиде во Прохор Пчињски и да го одбележи АСНОМ, а не само еднаш, во 2009 година.

Има уште многу примери што јасно покажуваат дека Македонија е таа што прва пружа рака, за компромис, за договор и на крајот за добар и мирен Балкан, кој никако целосно да се интегрира во Европа.

П.С. Бугарскиот министер Младенов денеска во Софија ќе го прими еврокомесарот за проширување Штефан Филе, со кого, меѓу другото, ќе разговара за добрососедските односи. Дали Филе ќе ја „потресе“ Софија, како што тоа неодамна го направи со Атина, најверојатно ќе зависи и од тоа што сѐ има Младенов да му каже во однос на Македонија...

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=103112914108&id=13&prilog=0&setIzdanie=22717
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Морам да му дадам признание на Претседателот Иванов за списокот на настани кои на нас ни одговараат за заедничко обележување .

..........Денот на Европа ..............ХА !

:D
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Знаеш дека тој ден е и ден на победата над фашизмот...А знаеме од чија страна беа бугарите.:D
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Точно така , одличен дури би додал шаховски потег , а Бугарите па одма го одбија без доволно да се пресметаат... :D
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Радоста беше кратка. Веке беха одбиени како можност :)
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 20:45 ---
Знаеш дека тој ден е и ден на победата над фашизмот...А знаеме од чија страна беа бугарите.:D
Беа и на двете ;)
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 20:52 ---
Некои партии (СДС) побараха да се намали представничеството на амбасадата во Скопje и да се отзове амбасадора.
http://www.vesti.bg/index.phtml?tid=40&oid=5229491
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Радоста беше кратка. Веке беха одбиени како можност :)
--- надополнето: 3 ноември 2012 во 20:45 ---
И ?

Како сега ќе плачете пред ЕУ бирократите дека треба да се обележуваат значајни историски датуми како критериум за добрососедски односи ..... кога ние ви го понудивме најважниот датум на Европа , а вие веднаш го одбивте .

Колку повеќе се заканувате со вета и повлекување на амбасадор толку повеќе систематски ќе ви паѓаат обвинувањата во вода . Дури и Фуле не се сложи на вашите забелешки и тоа ви го кажа кога ви беше на гости .

Ха , ха ......Шах.........нашите ве начекаа заспани .:)
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
330
Поени од реакции
104
През ку--от ни е да плачиме за вас. Оште малко ке ви чекаме белким се вразумите и бум ВЕТО.
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
219
Па и ние и сега го славим заеднички Денот на Европа, така че реално Иванов не предложи ништо. Односот му е неискрен и тоа се гледа од Европа. Но за внатрешна употреба во Македониjа става.
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Па и ние и сега го славим заеднички Денот на Европа, така че реално Иванов не предложи ништо. Односот му е неискрен и тоа се гледа од Европа.
Но за внатрешна употреба во Македониjа става.
Тоа не е точно.
Пристапот на Иванов е најисправен , список на настани кои на нас ни одговараат со список на настани што вас ви одговараат .....и ако негде се најдеме , може заедно да чествуваме.
Што е тука не фер или неискрено .

ПС. Не можете да најдете ни еден релевантен аргумент или причина зошто одбивте заедничка прослава на Ден на Европа , а со тоа па и јасно ги отворивте вашите вистински намери кои стојат позади таквите барања.Тоа е тоа што сега и на Европа ќе и е јасно.
Вие сте тие што се неискрени ....
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
219
Ништо не сме одбивали, Денот на Европа и сега го славиме заедно, тоа не е сериозен предлог и не е нешто кое може да се отбие. Иванов бега од вистински предлог и тоа е видливо и во Бугариjа и во Брисел. Мат.
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Како не сте одбиле , консултирај се со fmi ...:D

Партијата сеуште трае, треба да заврши тамо некаде до Нова Година ....но според сегашните реакции вашите се тие кои ‘видоа‘ Мат во најава.

Јас сум многу задоволен од нашата игра , Милошоски отиде во аут и одма почнаа да се влечат многу добри потези.

Што е сега?
Спиевте на увото дека сестра ви Грција ќе ви ја заврши прљавата работа ...?
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Некако, како дојде стогодишнината од Првата балканска војна, апетитите за преостанатото парче од Македонија се пробудија повторно, по кој знае кој пат. А кој знае, можеби има и други чинители освен историската меморија. Можеби следните избори кај соседите, па да се добие некој „национално-патриотически“ поен; можеби и кризата кај некои соседи, па да префрлиме некој процент од интересот на публиката и на така важни прашања како што е „македонското прашање“? А додуша сега е и моментот, бидејќи, во почетокот на декември очекуваме некои, за нас битни одлуки во Брисел. А тука, во такви моменти, сите кандидатки за ЕУ, си ги отвораат картите. На пр. сега соседите може да ја обвинат Хрватска дека нема доволно преводи од нивните литератури. Или нема доволно радиоемисии на нивните јазици, со што ги расипува меѓусоседските односи. И спорот со Словенија не им е решен. Па, сепак, интеграцијата на Хрватска во ЕУ, веќе не е спорна.

Во овој дел на Балканот е малку поинаку. Ултиматуми, уцени, закани, предуслови, подуслови, префрлања и што се не. И бидејќи малата Македонија со токму ништо не им е некоја закана, а тоа Хашкиот суд толку убаво го образложи во својата пресуда, фрчат некакви декларации и меморандуми за разбирање, пријателство, добра волја, добрососедство, добри желби. Суштината е - сме ги расипувале меѓусоседските односи. Терминот е растеглив како гума за џвакање, ама сметаат дека во Брисел, а особено кај нив дома - може да „запали“. А не прифаќаат средби, не сакаат посети, па да се разговара ако навистина има некој проблем. Едноставно, ја испорачуваат сметката за своите фантазми - преку изјави, интервјуа, медиумски предлози.

Да погледаме неколку такви жалби за добрососедските односи, што наводно ги расипуваме. Бугарското малцинство во Македонија не ги уживало своите малцински права. Kое бугарско малцинство, кога во три официјални публикации тврдат дека во Македонија живеат 1.400.000 Бугари? Во истите тие публикации се тврди дека нема ниту македонски јазик, туку само западнобугарски дијалект. Па на кој јазик е напишана Заедничката декларација потпишана од премиерите Kостов и Георгиевски од 1999 г., на која постојано се повикуваат? Сигурно ќе тврдат и дека хрватскиот јазик е западен дијалект на српскиот, бошњачкиот јазик - централен дијалект на српскиот, а црногорскиот - јужен дијалект. А тие се официјални јазици. Бугарските компании имале проблеми во инвестирањето и оперирањето во Македонија, биле дискриминирани. Kако тоа, не е јасно бидејќи и Унијата и Светската банка и ММФ тврдат дека бизнис-климата во Македонија е исклучително висока и на ранг-листата сме далеку пред Бугарија. А немало никакви приговори од некоја бугарска компанија.

Сме воделе во медиумите антибугарска кампања. Kако, кога прес-клипинзите покажуваат дека кај нив петпати повеќе се пишува за Македонија и тоа со темна призма, одошто овде се пишува за нив; да не зборуваме за ТВ-серијалите, спектаклите што ги правеа со Спаска Митрева и „Трето полувреме“ и што сè не. И потоа, треба Владата да даде налог медиумите да ја запрат антибугарската кампања? Па како да даде таков налог, кога и Унијата и „Фридом хаус“ и кој сè не, на Владата ~ дале препораки да не се меша во медиумите? Чисти смејурии. Но, најголемата смејурија е со историјата. Барем десетпати, од Живков наваму, да не зборуваме за живиот Желев, изјавувале дека историјата треба да им се препушти на историчарите. Ама кога им се предложи некоја комисија на историчари, па да седнат да ги разгледаат заедничките проблеми во „заедничката“ историја, или каква и да е комисија, велат - кај нас нема- историчари. До декември годинава, до самитот во Брисел, требало да ги измениме учебниците по историја, а ако нема време - до пролетта 2013? Се разбира, треба во учебниците многу измени и иновации. Мене повеќе ме секираат учебниците по математика и физика. Ама, на нив - немаат приговори.

Нашата историја, наводно се пишувала на антибугарска основа. Ма немојте. Пишувана е пред сè на антитурска основа, а потоа на антисрпска, антигрчка, антигерманска итн. Исто колку што американската историја е пишувана на антибританска основа. А оние неумни Британци, божем замижуваат, па не се бунат. Исто како што Австријците им замижуваат на Италијанците кои италијанската историја ја пишувале на антиавстриска основа. И што да измениме? Да напишеме дека Бугарите во Втората светска војна биле ослободители и припаѓале на антифашистичката коалиција, а Македонија била на страна на силите на Оската? Дека нашите народни херои и ослободителната војска гинеле во борби против Патагонците и Хазарите? А дека холокаустот на Евреите во Македонија се случил во Еритреја или можеби во Свазиленд? Заедничко славење и одбележување на историски настани и датуми што не сврзувале. Некаков Божидар Димитров имал дури и точен список на такви настани. Имам и јас. На него не е само 11 Октомври и Денот на холокаустот. Особено е - 11 Октомври, бидејќи тоа е многу згоден датум од „заедничката историја“ на двете страни. Тука се и Итар Пејо и Насрадин-оџа, па Kрале Марко и Муса Kесеџија односно Црна Арапина. Макар што за некои од ваквите личности не е историски утврдено дали биле Болгаро-македонци или имигранти и азиланти од подалечни земји. Од поновите настани и личности, да го земеме предвид на пр. Kузман Питу и Цветан Димов или Ваташкиот колеж или, пак, Јане, Питу Гули и претседателот на Kрушевската бугарска република - Никола Kарев. Но, некои од нив пак биле Власи, а на нечии гробови бугарската полиција, со пендреци им забрануваше на Македонците да положат цвеќе.

Бугарските споменици во Македонија? А каде се македонските споменици во Бугарија? Kаде се спомениците на цели дивизии и 50.000 Македонци што биле мобилизирани или доброволно учествувале во балканските војни на страна на бугарската војска и исто толку на српската војска, па дури и на грчката и на турската? Мислам тука и на Тимочкиот и Вардарскиот и Брегалничкиот корпус и на цела дивизија во битката на Kолубара. И сите тие го имале мотивот - ослободување и независност на Македонија. Ама нема такви споменици.

По сè изгледа, сепак најразумен е предлогот на Иванов до Плевнелиев, заеднички да ги славиме и да ги одбележуваме настаните и датумите што нè спојуваат, гледајќи во иднина. Тоа е сепак и пред сè - 9 Мај, Денот на Европа и едновремено Денот на европското помирување. Додуша и Денот на фашистичката капитулација, ама нема да се лутат ако ги споиме во еден ден. Или ќе речат дека е тоа антибугарски предлог?


Димитар МИРЧЕВ

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=ECBAF10819B3874C8FA609A9FE3C426A

 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Откако Еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, јасно им стави на знаење на татарољупците во Софија дека не го поддржува нивното опструирање на Македонија, истата заложба за Македонија во ЕУ ја повртори во медиумите.

- Од Скопје и од Атина доаѓаат позитивни сигнали, кои покажуваат дека решавањето на спорот за името може да следува откако ќе почнат пристапните преговори, а не да биде предуслов за нивно почнување - рече Филе.

Бесконечното држење на Македонија во чекалницата на ЕУ создава ризик од меѓуетнички тензии, според Филе.

- Цврсто веруваме дека во раната фаза на преговорите може да се создаде неопходниот импулс не само за разговори за проблемот за името, туку и за негово конечно решавање - рече тој.

Овие изхави на Филе пак го покренаа заспаниот дел од бугарско-грчката оска да реагира.

- Најверојатно ќе биде добра идеја да ги преиспита и преразгледа сите факти со кои располага , изјави Георгиос Делавекурас од МНР на Грција.
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Спиевте на увото дека сестра ви Грција ќе ви ја заврши прљавата работа ...?
Oвa ce cлyчи денecка, оскатa e мнoгy видливa.

В'ншните министри на Б'лгарија и Г'рција Николај Младенов и Димитрис Аврамопулос потв'рдиха, че нјама да допуснат Македонија в Европејскија с'јуз, ако Скопие не докаже доброс'седските си намеренија. От думите им стана јасно, че това минава през решаване на спора с името на Македонија, заради којто Г'рција спира от години евроатлантическата интеграција на Скопие и спирането на националистическото говорене и нападките к'м Б'лгарија.

http://www.dnevnik.bg/evropa/razshiriavane/2012/11/12/1945177_mladenov_niamame_problem_s_makedoniia_a_s/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom