Македонија стана држава во која партиската книшка има најголемо влијание и од тоа ти зависи дали ќе си вработен или не без разлика дали си образован/паметен или си копук. Оние кои најгласно ги критикуваат оние другите за Буграските пасоши се најчесто вработени или партиски војничиња и К ги боли секако во оваа не спаѓаат сите жители на оваа држава. Боли да се етикетираш како бугарин и да имаш исто државјанство со еден од најголемите угнетувачи на Македонскиот народ ама далеку повеќе боли кога ќе ти плачи дома уста за леб. Некој ќе речи во Македонија нема умрено човек за леб или од глад или од мизерија ама што треба да се чека да се дојде до тоа? Има милиони примери мои комшии кои молат да се пишат за леб а струја и комунали не им се платени години се тужат горе долу ама ете немаат пари со борџови до гуша а државата не предзема ништо.
Кога сите би биле толкави патриоти колку што сте/сме на форумов и низ муабети одамна пола од политичарите наши без разлика дали Македонци или Албанци/Срби/Власи/Турци ќе висеа на спомениците кои и самите ги изградија. Идентитетот одамна ние згаснат и ништо не предземаме, државата сами си ја поделивме ( апсолутно сите кои живееме во неа) и продолжуваат да го користат тоа.
Бугарскиот пасош за некои е излез од бедотијата и мизеријата и им служи само за прехранат 4 члена фамилија макар што сум видел и двочлена фамилија која нема пари лепче да си купи. Немојте да плукате по луѓето кои го зеле бг пасошот, оној кој плука нема осетено како е да си на улица буквално или па да немаш за леб или некој да ти лупа по врати во 3-4 сатот за пари кои ги борџиш, едноставно некои не се родени со ксмет и не ни се на сите родителите вработени во државно со над 20 илјади плата.
Доколку ми треба да преживеам и да ја прехранам фамилијата ДА за Буграскиот пасош и око нема да ми трепне, па на крај краева кој к*р е ова заспано и труло опшество дам и суди кога и самите душата и гласот си го продале за 8000 денари па мене би ми суделе дека сум ја продал за работа во странство. Не си
другар/ке патриот ти не не само си ја продал/а душата и гласот за 8000 денари а другиот го продал за некоја поголема цифра и работа во странство така да кога ке помислиш дека си подобар/ра свати исти сте.
да сумаризирам ДА за буграски пасош за одгледување на фамилијата, за подобрување на економскиот статус и имање подобро утре. НЕ за буграскиот пасош само за пуфкање,коли или шетање. Дали би зел? Ако продолжи вака ДА поради причини наведени горе кои сум ги доживувал.
(некои делови од постот не се целени кон сите граѓани на МКД и постери тука туку само на дел од нив пред да ме цитирате прочитајте го ова но ако сами се наоѓате тука не сум ви јас крив, добра ноќ

.