Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 мај 2013
Мислења
201
Поени од реакции
32
А можеби сум од 19 век,можеби и крпен живот имам......ама никогаш нема да ги подгазам мојте предци...и со сила да ги направам тоа што не се :mad:
И немој да се враќаш...Македонија може и без тебе :)
Па се гледа дека си некоја млада личност и што уште не гледаш фамилија и немаш никаква одговорнос врз тебе затоа така си дресирана,па добро времето се менува можеби ќе ти дојде аклот само да не биде премногу касно сепак зависи од тебе што сакаш во животот.Како што е ситуацијата во Мк.ќе може без доста народ и тоа ме радува дека луѓето се трудат да си обезбедат подобар живот и иднина за своите деца.поздрав и немој да бидеш многу тврдоглава и горделива личност да не се каеш еден ден.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152

Пошто ве интересира дали сум млада...не не сум млада,доволно, да имам свое мислење без дресура.Нема потреба да ми доаѓа ‘‘акалот‘‘ затоа што го имам и повеќе од што треба.
Искуството ми е поголемо од тебе во секој случај....со самите години и искуството оди,што за разлика од тебе ти го немаш.
Да,сум тврдоглава и горделива...ама затоа што сум Македонка....и биди сигурен дека ти ќе се каеш не јас......;)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.960
Џабе ќе те цитирам и ќе се допишувам со тебе кога си запнал како коњ за едно те исто... Сите бугари се што земаа бугарски пасош :tapp:
Зависи према кој. Према бугарската држава тој е бугарин.
Тој некој дали лажел дека е бугарин само за да земи пасош или ја зборувал вистината пред меѓународен фактор воопшто не е битно. Тој некој изјавил дека има бугарски корени што значи дека е бугарин и тоа доброволно без никаква присила. Бугарија располага со официјален доказ дека тука има минимум 100000 бугари кои немаат никакви права за разлика од другите малцинства. Тоа е она битното што треба да го сфатиш , а не дали сите што зеле бугарски пасош се чувствуваат бугари. Тоа ама воопшто не е битно во дадениот случај.
Сега се надевам дека ти е појасно каде лежи зајакот.
Утре или во блиска иднина на попис кога нема да испаднат 100000 бугари таа има легално право да праша каде исчезнаа тие бугари( го немаат тие тоа во уставот дека не треба да се грижат за своето малцинство во други држави) и да дојде до легален заклучок дека тука се врши дискриминација по национална основа. Можат да прашаат ( да не уценуваат со било што и било каде каде имаат право на вето и тоа правно гледано сосем легално) зошто нема бугарски паралелки, бугарски телевизии и зошто ги нема во уставот и уште еден куп заебанции пошто секако имаат црно на бело дека тука има 100000 бугари. Ете и да ги вметнеме во уставо и да им удоволиме, и да им отвориме училишта каде ке им најдеме луѓе кои ке одат во тие училишта за да следат настава на бугарски јазик. И каде ке им измислиме 100000 бугари на попис. Тоа ти мене кажими . Затоа немој да бидиш наивен, не е се така како што изгледа. Тоа што ни го прави грција е ништо према тоа што може да го прави бугарија( која сега засега и нема некоја потреба пошто и грците сосем доволно прават ). Но еден ден тие имаат скриен адут во своите раце. Што имаме ние како контра мерка. 1000 Македонци во Пиринска Македонија.
--- надополнето: 5 септември 2013 во 23:25 ---
Џабе се препукувате со Владе, јас само едно ќе ви кажам за да ви го доловам Владе како личност, и зошто има таков став.
Под А)
Владе е дете од богато македонско семејство кое никад немало проблем од финансиски причини. Ниту пак имал потреба да работи и да го знои гзот за да го цени трудот.
Под Б)
Дете од просечно македонско семејство, татко запослен во МВР/АРМ или нешто друго државно, пораснато со војничко однесување и поглед кон Македонија му е патриотск и смета дека сеуште сме држава со име и дека некој ни удара рецка. Епа не.

Ја на Владе ќе му кажам, сум се декларирал како Бугарин кога сум го земал пасошот, и сега некој да ме праша, пак ќе се декларирам како Бугарин. А што ќе се деси со МК ич она не ми чуе. Татко ми се борел за оваа земја, бил во војна и не добил ништо. Јас, веќе имам средено работа за во странство да се преселам и работа, само услов ми е државјанство кое се цени и со кое можам да работа ...читај бугарско. Затоа што никадне сме признаени нити можеме да работиме. А овде нема леб, имам работено разни работи, задна ми е шанкер, и за мочани 150 евра здравје изгубив цел ден на нозе.
И кој генерализира сега??
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Мислам дека тоа беше само добронамерна дискусија...
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
14
Поени од реакции
13
Зависи према кој. Према бугарската држава тој е бугарин.
Тој некој дали лажел дека е бугарин само за да земи пасош или ја зборувал вистината пред меѓународен фактор воопшто не е битно. Тој некој изјавил дека има бугарски корени што значи дека е бугарин и тоа доброволно без никаква присила. Бугарија располага со официјален доказ дека тука има минимум 100000 бугари кои немаат никакви права за разлика од другите малцинства. Тоа е она битното што треба да го сфатиш , а не дали сите што зеле бугарски пасош се чувствуваат бугари. Тоа ама воопшто не е битно во дадениот случај.
Сега се надевам дека ти е појасно каде лежи зајакот.
Утре или во блиска иднина на попис кога нема да испаднат 100000 бугари таа има легално право да праша каде исчезнаа тие бугари( го немаат тие тоа во уставот дека не треба да се грижат за своето малцинство во други држави) и да дојде до легален заклучок дека тука се врши дискриминација по национална основа. Можат да прашаат ( да не уценуваат со било што и било каде каде имаат право на вето и тоа правно гледано сосем легално) зошто нема бугарски паралелки, бугарски телевизии и зошто ги нема во уставот и уште еден куп заебанции пошто секако имаат црно на бело дека тука има 100000 бугари. Ете и да ги вметнеме во уставо и да им удоволиме, и да им отвориме училишта каде ке им најдеме луѓе кои ке одат во тие училишта за да следат настава на бугарски јазик. И каде ке им измислиме 100000 бугари на попис. Тоа ти мене кажими . Затоа немој да бидиш наивен, не е се така како што изгледа. Тоа што ни го прави грција е ништо према тоа што може да го прави бугарија( која сега засега и нема некоја потреба пошто и грците сосем доволно прават ). Но еден ден тие имаат скриен адут во своите раце. Што имаме ние како контра мерка. 1000 Македонци во Пиринска Македонија.
--- надополнето: 5 септември 2013 во 23:25 ---

И кој генерализира сега??
На се ова ќе ти речам ,, Па што?,,
И онака е сеедно.
Башка што лебот е над патриотизмот.
 
Член од
11 февруари 2013
Мислења
156
Поени од реакции
241
А има ли некакви шанси да се земе хрватско државјанство и пасош, со оглед на тоа што мајка ми е родена во Хрватска и има живеено до нејзината 4-та год таму (а не е хрватица) ? Или пак воопшто да не трошам време и пари за ваква опција?
Не дека бугарскиот пасош не би ми вршел работа, ама сепак сознанието дека имаш бугарска националност макар и само на хартија, мене лично не би ми било убаво.. Али ако нема друга опција, тоа е.
 
Со самото тоа што мајка ти е родена тамо,сигурно има Хрватско државјансто,па на основа на тоа имаш право и ти да бараш....:)
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.442
А можеби сум од 19 век,можеби и крпен живот имам......ама никогаш нема да ги подгазам мојте предци...и со сила да ги направам тоа што не се :mad:
И немој да се враќаш...Македонија може и без тебе :)
Како ги погазуваш своите предци ? Со земањето бугарски пасош ?
Не знам зашто го сфаќате тоа толку трагично. На пасошот може да пишува и индијанец или абориџинец, шо ме интересира. Пасошот гледај го како карта за влез на утакмица :D Конкретно јас немам нит бугарски пасош нит аспирации за такво нешто, ама ги сфаќам луѓето кои се одлучуваат на таков потег. И не ги осудувам нив, ја осудувам нашата држава. Познавам неколкумина кои го ризикуваа животот за оваа држава, а моментално се во странство- со бугарски пасош. И знам дека ако утре повторно треба, ќе се вратат тука- на прва борбена линија, за своите најблиски, за својот народ... ете тие се поголеми Македонци од оние со МКД пасоши, ама животот ги натерал да направат нешто што тие не го сакале. Тоа мало тефтерче, со твоја слика и неколку страни за ставање печати на нив- НЕ ЗНАЧИ НИШТО. Битна е внатрешноста на човекот кој го поседува тој пасош, како тој се чуствува, неговите сфаќања и љубов кон своите блиски и својот народ.
 
Член од
25 јануари 2012
Мислења
130
Поени од реакции
68
Некоj има ли официални дати колко бг пасоши се дадени на источно-македонци?
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Со самото тоа што мајка ти е родена тамо,сигурно има Хрватско државјансто,па на основа на тоа имаш право и ти да бараш....:)

Не мора да значи. Можеш како работник или турист да се породиш и да одлежиш во одредена земја, но државјанство не добиваш.
Плус со оглед на тоа што во тоа време била Југославија, а не Хрватска... скоро сум сигурен дека нема шанса.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Не мора да значи. Можеш како работник или турист да се породиш и да одлежиш во одредена земја, но државјанство не добиваш.
Плус со оглед на тоа што во тоа време била Југославија, а не Хрватска... скоро сум сигурен дека нема шанса.
Причината зошто тоа го напишав,е пример на еден мој комшија кој сега е починат.Он е роден во Вуковар (Хрватска) пошто го напуштиле родителите кој биле Срби,него го однеле во Војводина во дом.Како дечко дошол во Македонија и тука останал...
Крајот на 90-ста или во тек на 2000 -те он доби Хрватско државјанство а после тоа син му исто доби.
 
Член од
21 април 2012
Мислења
366
Поени од реакции
186
Добиванjе на Хрватски пасош стана по трудо со влезот на Хрватска во ЕУ. За да може синот/керката да добиjат ХР пасош требе родителот да има ХР пасош. Ова коj каде е роден веке нема значение, ако нема еден от родителите со Хрватски пасош.
Како некоj веке кажа, тогава е било Jугославиjа, ако родителот денес нема хрватски пасош немислим дека може детето, кое сега предполага е над 18г. да одземем хрватски пасош.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Да, ако таткото е роден во ХР.тој добива и државјанство и пасош..
Деверот мој е во Хрватска 28 год.значи од бивша Југославија и сега има и државјанство и пасош и сеуште тамо живее...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom