- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 4.516
- Поени од реакции
- 8.226
Абе океј, и за у партија треба труд, треба лижење гз, трчање на сите страни, поквареност, некој го почитува тоа некој не.. Сакам да кажам дека не доликува некој што седи у парламент(Еден од водечките у парламентарната група на вмро да нема факултет). Сеа да не ги дискриминирам оние со средно, ама неможеш бе некој врз база на партиски допринос да стаиш на такво место. Ајде да биде цајкан или што ти ја знам е океј, ама за парламентарец треба образование, треба школуваност, треба широко сиви. Незнам зашто и уопште збориме за таква маргинална фигураНе дека го бранам тој Илија Димовски , всушност не ни знам кој е , ама според тоа што го прочитав дека бил десна рака на Грујо неможеш да кажеш дека е неспособен. Убаво напиша ти , се трудиш , студираш и се бориш во државата за да имаш пристојна плата. Значи способен си. Исто така и тој , се бутал , правел што правел , и сеа вози сигурно ауди или бмв на бг табли. Тоа што не одел по твојот принцип на работите не го прави неспособен. Факултет немал завршено? И Марк Цекенбург нема.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Но, проблемот се јавува во фактот што повеќето од младите не ни пробуваат да се снајдат тука, едноставно се откажуваат пред да почнат да се трудат. Не е лесно, нити едноставно, свесен сум за сите партиски влијанија у државава, и свесен сум дека многу има влијание партиската определеност. Ама Фактот што 90% од младиве чекаат на тањир, епа не иде. Никој не е спремен тука да работи земјоделие(пример) а сите се спремни да бидат собари и чистачи на страна. у тоа е проблемот, ти одма од факултет искочен сакаш 1000 евра да ти е плата од прв ден, епа дечки не иде така.
Пробај, види дека не ти иде, па после барај чаре макар и бг пасош да е чарето. Неам ништо против оние кои пробале да го заработат лебот тука, ама од разни причини не успеале и да посегнат по бг пасош.
Друга работа, неможе некој да ми каже дека е среќен у туѓина. Далеку од дома, од семејство, од другари, девојка и слично. ЕДНОСТАВНО НЕМОЖЕШ ДА БИДЕШ СРЕЌЕН У ТАКВА СРЕДИНА. Ако е семејството со тебе, тоа е друга работа. А работници што работат 9 месеци у немачка и 3 месеци се тука покрај своите деца и фамилија неможе да ми каже некој дека е среќен така, па макар праел и 10000 евра на ден.