- Член од
- 12 август 2011
- Мислења
- 3.829
- Поени од реакции
- 2.031
Прашај ништо нема да изгубишда да знам, али дали тие даваат таква информација до каде се бројчината, пошто на страната ретко менуваат.
Прашај ништо нема да изгубишда да знам, али дали тие даваат таква информација до каде се бројчината, пошто на страната ретко менуваат.
стварно? да не се резилам за џабе haha
Ако е НЕ, седиш мирно, ако е ДА тогаш се информации и тн.. Ако имаш учено програмирање ќе ти стане јасно што кажувам.Темава е "Бугарски пасош - Да или не?" или Биро за информации на бугарската амбасада во Скопје?
Придибивките се големи, имаш права како и секој европски државјанин. Европјанец затворен во кафез (Македонија)Здраво до сите,
.
Абе кој ти вади пасош за престој во Бугарија,алоо.. Сите го вадат или за поевтина кола или да му ја здунат на запад.Придибивките се големи, имаш права како и секој европски државјанин. Европјанец затворен во кафез (Македонија)
Можеш да купуваш недвижности во Бугарија, да претстојуваш колку сакаш таму без никој ништо да ти каже. За работа во други држави ти треба жителство. Тоа ти е на кратки црти.
Кај живееш бе ти? Па знаеш ли колку луѓе со потерници си живеат ко богови при морето?Абе кој ти вади пасош за престој во Бугарија,алоо.. Сите го вадат или за поевтина кола или да му ја здунат на запад.
А тоа да,во право си. Ја мислев на поштените само.Кај живееш бе ти? Па знаеш ли колку луѓе со потерници си живеат ко богови при морето?
ПС Тоа со колите е веќе мит.
Од поштен до криминалец разликата е иста ко од будала до гениеА тоа да,во право си. Ја мислев на поштените само.
Како прво,ако сакаш да се информираш за животниот стандард т.е за невработеноста повели отиди во Софија ќе ти биде јасно.Како прво 10% се невработени поради јаката миграција кон запад(исто како 25% од невработените во РМ да емигрираат на запад и кај нас невработеноста би била 5%).Втора дезинформација дека у пола се трошоците за живот,мало морген.За 20-30% е поскапо кај нив,а да не прајме муабет колку % е на море.Не би сакал да ме разбереш дека имам нешто против Бугарите него тоа е вистината,многу често патувам во БГ и ја знам ситуацијата.Здраво до сите,
Јас сум прилично нов на форумот и најнапред да кажам дека јас не ги делам лугето на Македонци, Бугари, Албанци и слично, мислам дека таа поделба е наметната од политичарите за да имаат што да работа (што би работеле политичаррите ако не прават проблеми кој после би ги решавале). Јас сум од источна Македонија и сум заинтересиран да извадам бугарски пасош, па имам неколку прашања што се надевам дека некој би можел да ми помогне:
1. Кој се предобивките од Бугаски пасош? (Дали реално може да работам во Германија, Швајцарија, Франција, итн), Ве молам ако има некој конкретен пример.
2. Како најбрзо, најефтино и најлесно до Бугарски пасош? Дали има некој линк каде може да прочитам како може да извадам Бугарски пасош?
На крај со бугарски пасош сигурно ке имам право да работам во Бугарија (Софија) каде стапката на невработеност за 2010 е 10 % за разлика од Македонија 32( http://www.google.ca/publicdata/explore?ds=d5bncppjof8f9_&ctype=l&strail=false&bcs=d&nselm=h&met_y=unemployment&scale_y=lin&ind_y=false&rdim=country&idim=country:BGR:MKD&ifdim=country&tstart=1065045600000&tend=1285970400000&hl=en&dl=en&ind=false ) исто така и трошоците за живот во Софија се на пола од Скопје ( http://www.bulgarianproperties.com/Studios_in_Bulgaria/AD28232BG_Studio_for_sale_in_Sofia.html )
Ве молам за Ваше мислење и Ве молам без национални предрасуди.
*Забелешка: Најдов слични теми како оваа но беа полни со омраза за навредување на Бугари и Македоници, мене ме интересира чисто професионално без многу емоции и патриотизам, ме интересираат придобивките од Бугарскиот пасош.
Здраво Виктора,Како прво,ако сакаш да се информираш за животниот стандард т.е за невработеноста повели отиди во Софија ќе ти биде јасно.Како прво 10% се невработени поради јаката миграција кон запад(исто како 25% од невработените во РМ да емигрираат на запад и кај нас невработеноста би била 5%).Втора дезинформација дека у пола се трошоците за живот,мало морген.За 20-30% е поскапо кај нив,а да не прајме муабет колку % е на море.Не би сакал да ме разбереш дека имам нешто против Бугарите него тоа е вистината,многу често патувам во БГ и ја знам ситуацијата.
Е ако ти е муабетот за да бегаш на страна за да поработиш нешто можеш и со МК пасош,но мора да припазиш на рокот од 3 месеци.Ако ти се заарни можеш да аплицираш за работна виза која би ти гарантирала компанијата во која би се бработил.
Здраво и поздрав до тебе,Здраво Виктора,
Најнапред ти благодарам за мислење и го ценам тоа што си имаш твое мислење. Поентата е што јас живеам во мал град од источна Македонија исто одалечен од Скопје и Софија, и жално но вистинито јас мора порано или покасно да го напуштам моето гратче (неможе во никој случај да се најде работа во мал град), И сега кога би бирал да се иселам во Скопје или Софија јас и таму и таму би седел под кирија (јас не сум од Скопје да имам обезбено сместување), поентата е што сепак мислам дека Софија е поголем ценар и подобар стандарт има од Скопје за луѓе што планират да почнат од нула, барем со мала разлика.
Значи на кратко ке ти реплицирам на твоите мислења.
1.Факт е дека 10 посто се невработени во Бугарија без разлика што за тоа причина е иселувањето, Ти зборуваш во стилот “Кога би било, би било“, реалноста е дека невработеноста е 10% и точка.
2. Трошоците за живот:
2,1 Цените и не се многу поскапи од Скопје, леб од 220 грама е 12 денара (450-25 денара ) (секако во LIDL). http://www.lidl-pageflip.com/bg.html?kid=eelIzl
2,2 Гарсоњера во строг центар 150 евра http://www.bulgarianproperties.com/Apartments_in_Bulgaria/AD28145BG_Apartment_for_rent_in_Sofia.html профинција 100 евра.
2,3 Регистрација на кола со зелен картое е поевтино ( не најдов линк но прилично сум сигурен дека е поефтино)
2,3 Авионски карти (Ова е малку релативно но во глобала се поефтино од Скопскиот аеродром)
3. (Со ова се сложуваме) Имам Работено 2 години во Странство со МКД пасош со работна дозвола, и сепак повеке ги ценеа Бугарите. Кога останав во странство без работа и се пријавив во приватна агенција за регрутирање не можеа да ме внесат во системот зашто јас немаше Мкд (Фиром) и затоа и за работа во Странсто е полесно со Бугарски пасош.
Поздрав