Бугарските ѕверства врз Македонскиот отпор

Член од
3 февруари 2012
Мислења
5
Поени од реакции
1
Прво поклон пред такви храбри мажи вечна им слава, но одговорноста за нивната смрт треба да ги бараме во фашистички режим. Фашитскија режим создаден од Хитлер е одговорен за овие убиства. Ти кажав има илјадници Бугари партизани кои се бореле и загинале од фашиската власт и во Бугарија.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Kолку пати треба да се повтори дека Методија Шаторов-Шарло уште на крајот на април, почетокот на мај 1941 година издава еден проглас до МАКЕДОНСКИОТ народ напишан во форма на писмо познат како "Писмо до Стојана".

Еве еден пасус од писмото:

"...Како резултат на војната и наша Македонија е окупирана от германски
италијански и бугарски војски. Овој факт нас не интересуе како македонци,
који половина век сме се бореле како македонци за национално и полити-
ческо ослобождение, како последователи на водачите и основателите на ма
кедонската натрешна организација на чело со Гоце Делчев, Јане Сандански..."

За македонците борбата, од самиот старт е НАЦИОНАЛНА.

Уште на 6 јуни 1941 година, група македонски младинци успеале да запалат германски транспортен авион на скопскиот аеродром. Рака на срце, овој ФАКТ не го знаат и огромниот дел Македонци зашто со години се славеше политички избраниот датум "11 Октомври".

Истиот Методија Шаторов-Шарло од повеќето диверзантски групи кои веќе дејствувале на терен организирал и исфрлил партизански одред во вгуст 1941 година, познат под името "Скопски партизански одред".

Арно ама за да си ја дига својата слава Лазар Колишевски ЗАБРАНУВАШЕ во повоена Македонија да се спомене било што за тој одред и неговите акции, а по Шарло за цело време од 45 години се фрлаше со дрвја и камења, небаре е поголем душман од наци-фашистичките пудлици во Македонија.

Дури 1971-72 преживеаните борци учесници во одредот успеваат да организирата прослава за "Скопскиот Партизански Одред" која исто така била попречувана од Колишевски и неговите полтрони.

А ич да не споменувам за Иван Козарев, пак Македонец којшто е првиот партизан во пиринскиот дел на Македонија којшто уште на 27 јуни 1941 г. убива 2-ца фашистички бугарски полицајци.

Истиот подоцна, во јули заедно со уште еден Македонец по име Никола Парапунов формираат партизанска чета.
 

JimmyHoFFa

NAVIGATOR
Член од
8 септември 2010
Мислења
1.196
Поени од реакции
482
Не сум од БАН ниту сум старец. Интересира ме историјата и мислам дека таа не е еднострана, има работи кои се прем'лчават има манипулации има национализам во историјата особено на Балканот. Зотва вистината не треба да се бара еднострано, да поставуваат прашања и важно да мислиш како си одговараш на нив а не да се водиш од принцип "се што е наше е убаво". Мислам дека е убаво денес многу Македонци се заинтересирани од историјата, но зошто се прави како анти бугарска кампања и тоа не против бугарски политичари, цареви а против бугарскиот народ, народ кој е давал многу револуционери во борбата за ослободување на Македонија и тоа е факт.
Кои се тие бугари што учестувале во борбата за ослободување на Македонија бе...???? Кој факт бре???
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Можеби и има некој, сигурно има доста кои ги потпомагале македонските револуционерни организации, како што и многу Македонци учествувале во народно ослободителните војни на скоро сите соседни држави. Во тоа време, народите од Балканот имале заеднички непријател и имале потреба заедно да се борат.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
да се вратам на темата.
црвени шамичиња во рацете на децата,на плоштадот за дочек
на “окупаторите„ и следува првиот ќотек од „ослободителите„
На 10 април уште пред да дојдат има една акција на членови од НОД
уништен е еден воен склад кај пиварницата и „ограбен“
На први Мај е истакнато знаме на разурнатата дивизиска зграда.
По неколку дена мај 41 год. ѕидовите на куќите по скопските
улици беа испишани со пароли против бугарската фашистичка власт.
Во јуни 41год.работници што работеа на весникот„Целокупна Б“лгарија“,
организираа и стапија во штрајк (поради омраза кон хитлеровите слуги)
Во исто време мај-јуни, непосредно пред отварањето на еден споменик
од страна на бугарската администрација,незабележано под платното
на споменикот со црвена масна боја младинци од НОД ги напишаа
паролите; „Долу окупаторот“, „ Да живее слободна Македонија“.
Саботажа прават и група од членови на СКОЈ и НОД , кога во вториот
дел на Градскиот парк што припаѓаше на букарската полиција (коњица)
ќе запалат поголема количина на сено.
Истите прават саботажи и по железниците.
Понатаму следуваат повеќе диверзански акции во градот и околината.
Сите тие се далеку пред 11октомври “41 год.
На Пиротехничкиот завод во Ѓорче Петров
На рудникот „ Радуша“
На воениот аеродром во Скопје
На железницата и ложионицата во Скопје
И на повеќе други воени магацини
Во овие диверзански акции биле набавени:
десетина пушки, два пушкомитралеза, еден сандак со муниција,
30 рачни бомби, 6 револвери, над 1000 кгр.динамит, детонатори,
фитили и друг материјал, две вреќи со јодирани завои, ќебиња и др.

Од овој плен, покрај за првиот скопски одред е праќано и за другите
партизански одреди во Македонија.Во велешко ,битолско,кумановско.
За Прилеп еден куфер динамит и каписли пренесе Стеван Стојановски.
кога бугарите го претресуват не ја откриваат мамката(боја за сандали)
На пример за нападот на тунелот Богомила,каде паѓат и првите бугарско-фашистички жртви жртви и тоа е пред 11 окт.
Дел од динамитот, каписли и друг материјал во неколку куфери
Димко Ангеловски - Габерот ги пренесува до Неготино,каде ги презема
Најдо Стаменин - Орлов и ги носи на Криволак.

еве уште акции пред 11 октомври 1941 год.
Мај-август, беше уништен еден воен фашистички камион во Скопје
....................беше уништен еден воен авион во Скопје
....................беа уништени две локомотиви во Скопје
На 9 септември доаѓа до вооружен судир со бугарската војска и полиција
на ул.335 бр.17 и тука паѓа првата фашистичка жртва .
На 7 октомври во центарот на градот,доаѓа до судир на една група од
првиот скопски одред со бугарските полицајци и агенти.
Сето ова горе наброено е Македонскиот отпор против буг. окупатор.
Но тука спаѓат и демонстрациите на средношколците и студентите,
уште летото и есента 1941 година.
Роберт Гајдик морам за него да отворам посебна тема.
Неуморен борец во НОД на Македонија,Чех по националност.
Го спомнувам и во оваа тема зошто бугариштана само ги боде очи дека
партизанското движење било „ комунистичко - српско“ ама не е баш така.
- во акцијата за уништување на германскиот транспортен авион Ју-52
учествуваа:
Роберт Гајдик, Иван Циганков, Стевче Перовски, Асен Арсов,
Здравко Николовски,Боте Ботевски и Трајко Стојков.
Во август1941год. е вормиран првоит скопски партизански одред и дејствуваше
три месеци во услови кога во Скопје бугарскиот окупатор имаше огромна
концетрација на воени и полициски сили во градот и околината.Во овој период
низ одредот минаа 47 борци од кои 17 загинаа во текот на борбите во НОВ.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.617
Поени од реакции
713
И ако тоа не е тероризам против законска администрација, не знам како може да го опредлиш. Комунисти рушеле државна сопственост и украле цели 10 пушки. Кокошкарски изведби. И колку пати се паднати првите фашистички жртви? :)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
И ако тоа не е тероризам против законска администрација, не знам како може да го опредлиш. Комунисти рушеле државна сопственост и украле цели 10 пушки. Кокошкарски изведби. И колку пати се паднати првите фашистички жртви? :)
Значи истава дефиниција можат да ја применат и Турците кои беа овде на власт, т..е пардон администрација?

ВМРО се терористичка организација, ако се земат во предвид атентатите, бомбите, заседите, одмаздите, финансиите и илегалата, и што од тоа го менува фактот дека биле Македонска Револуционерна Организација?
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.617
Поени од реакции
713
Значи истава дефиниција можат да ја применат и Турците кои беа овде на власт, т..е пардон администрација?

ВМРО се терористичка организација, ако се земат во предвид атентатите, бомбите, заседите, одмаздите, финансиите и илегалата, и што од тоа го менува фактот дека биле Македонска Револуционерна Организација?
Тоа покажува колку неспособен си по историски теми. Не беа ли Бугарите безправни и чија сопственост беше земјата на Бугарите ? Имаа ли истите права Бугарите и Турците за време на османлиската империја? Имаа ли право да носат оружје? Беа ли дел од редовната армија? Имаа и за градоначалници, полицаи, администрациjа локални луѓе Бугари? итн

Секако дека ВОМРО била и терористичка организација. Не била "македонска" а бугарска "македонско-одринска" (тргнува од БМОРК сепак). Со оваа различка дека тоа не била основната дејност на ВМОРО, а на Југо-комунистите основна дејност била да уништува, краде, да фрла бомби и т.н. За никаква слобода не се бореле, а за комунистичка Југославија.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Море море колку си ти способен да дискутираш историја, леле мајко :icon_lol:

Ова е нов начин на поимање на историјата, небаре сте вие САД или НАТО од тоа време, па воено сте интервенирале во туѓи земји да менувате политички режими и поставувате колаборантски влади.

Наредниот пат кога македонските партизани, меѓу кои патем многу од времето на ВМРО, ќе ги наречеш “југо-комунисти“ подобро веднаш самиот спакувај се од форумов.
Eве не одам подалеку, ТАТКО МИ не беше комунуст, не беше комесар ниту командир туку само борец и земал пушка како и сите други и знаел за што се бори, за слобота на Македонија (а не за србославија). Jас се гордеам со него, е не бил ни бугарофил, ни грко ни србо.

Те збунија првите жртви, не ти објаснив а?

Боро Петрушевски - Папучар убива еден бугарин-полицај во Скопје кога овие одат да го апсат. ( овде мислев на Скопје). Но на нападот на тунелот во Богомила гинат бугарски војници. Пази што велиш, државна сопстевост, ја мајката чива бре сопственост
во туѓа држава ли отидоа да крадат и фрлат бомби нашиве борци.

-Васил Антевски - Дрен , го обесивте во август 1942 год. во Софија
еве што ви рече на судењето ( на фашистичкиот бугарски суд)

„Тркалото на историјата не се врти назад, туку напред. Ние сме оние што помагаат да се движи, а ќе дојде време кога вие ќе седите на обвинителната клупа и ќе одговарате. Денеска ни судите вие, а ќе дојде ден кога ќе ви судиме ние, партизаните“.

----
Нека ти бидат молитва овие зборови секое утро,
знаеш понатаму како течеше историјата.
 
I

Iblis

Гостин
Можеби законска и законодавна е била таа власт, но ни под разно не е била легитимна.
ОК можеби сум грешка за легитимноста.

Нека биде вака: "Со ниво на легитимност колку и Нацистичката окупација врз Полска" и така делевте исти идеи и идеали.
 
Член од
22 април 2012
Мислења
146
Поени од реакции
20
Ok сега не сфатив Комунистичката партиа на Македониа била или не била дел от југословенската комунистичка партиа? Према српските историчари KPJ е била главна за борбите овде? А сите ги знаат, дека и БКП и КПJ радили под Коминтерна. Се пак 1941 била е Кралевината постоела, Македониа идва после 1944 ?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ok сега не сфатив Комунистичката партиа на Македониа била или не била дел от југословенската комунистичка партиа? Према српските историчари KPJ е била главна за борбите овде? А сите ги знаат, дека и БКП и КПJ радили под Коминтерна. Се пак 1941 била е Кралевината постоела, Македониа идва после 1944 ?
КПМ е формирана во 1943, а броела не повеќе од 500 члена. Затоа прекинете да водите апстрактни муабети.

Нема да опоменувам повеќе за офтопици.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.617
Поени од реакции
713
Можеби законска и законодавна е била таа власт, но ни под разно не е била легитимна.
ОК можеби сум грешка за легитимноста. Нека биде вака: "Со ниво на легитимност колку и Нацистичката окупација врз Полска" и така делевте исти идеи и идеали.
Сосема легитимна е власта. Југославија официјално капитулира (потпишува капитулацијата) и е окупирана од Германија. Германија дава на Бугарија дел од Југославија за администрирање.
 
I

Iblis

Гостин
Сосема легитимна е власта. Југославија официјално капитулира (потпишува капитулацијата) и е окупирана од Германија. Германија дава на Бугарија дел од Југославија за администрирање.
Значи аргумент за легитимноста тебе ти е окупацијата?
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.617
Поени од реакции
713
Значи аргумент за легитимноста тебе ти е окупацијата?
Не, аргумент за легитимноста е потпишаната од страна на Југославија капитулација. Исто како Отоманската империја потпишува капитулацијата по Руско-турската војна (1877-1878) и Русија окупира дел од Отоманската империја. Тоа е дел од меѓународното право.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom