- Член од
- 8 ноември 2008
- Мислења
- 2.172
- Поени од реакции
- 1.266
Тито ви е виновен што ја “изгубивте“ Македонија? Инаку да не беше тој ние веднаш подготвени ќе ви “рипневме“ в прегратки?! Колку наивно (намерно или не) размислуваш...Македонците ништо не прифатиле. Се е наметнато од Тито и тој раководи се. Тоа создава "окружен комитет на КПJ" во Вардарска Бановина, тој назначува и отпушта. Имено, тој отпушта и Шарло и назначува негови луѓе - комунисти od КПJ. Партизансите отреди се создадени по заповед на Тито. НОВМ е борба на југословенските комунисти со поддршка на бугарските комунисти против цар Борис I и против државата. Идеолошка борба.
Ако не беше Тито, навистина Македонија немаше да биде во составот на Југославија, но немаше да биде ни во составот на Бугарија. Македонија ќе беше самостојна! Тоа никако не можете да го сватите, првенствено од причина што не сакате да си признаете дека Македонците не се нов народ, туку напротив, најстар од сите народи на Балканот (зборувам за оформена нација, а не за збир на луѓе што имаат исти обичаи, јазик и сл.).
Но, ако Македонија станеше засебна држава, тоа ќе значеше промена на територијалната распределба, нови трзавици помеѓу големите сили кои беа исцрпени од Војната. Ете затоа Тито ги користи партиските кадри (кои се прво одговорни на партијата и на интернационалата, а потоа на народот), за да ја суспендира Македонската ослободителна војна и да и пришие Комунистички предзнак.
До 1944 година веќе се скоро сите Македонски патриоти “истребени“ (а во тоа им помага Бугарската окупациона власт со ликвидиорање на предадените и накодошени патриоти) и заменети со партиски послушни кадри. Македонската Ослободителна Војна е целосно Македонско дело! Во ниеден случај не е помогната од туѓородни војски. И тогаш кога веќе наближува моментот на победата и требало Македонија да се впише како ентитет, страна, држава, во таа војна против фашизмот - таа го губи приматот (и се одзема) и станува една од “многуте“, само еден од Југословенските региони кој се борел “заедно“ со Југословенските војски против фашизмот.
Доколку не било така Македонија ќе си ја избореше слободата на целата своја територија и ќе беше впишана во О.Н. како засебна држава која се борела на страната на антифашистичката коалиција.
Сепак, Тито (поради тоа што не беше толку лош, или поради тоа што мораше) за сметка на одземениот државен ентитет, дозволи слободно развивање на националниот ентитет...