Бугарија со територијални претензии кон Македонија, сака да ја земе Струмица?

Статус
Затворена за нови мислења.

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Бугарија со територијални претензии кон Македонија, сака да ја земе Струмица

28.11.2009

По 90 години од потпишувањето на Нејскиот мировен договор, Бугарија, преку ултранационалистичката партија “Атака“ бара од европската заедница, тој да биде прогласен за неважечки, со што териториите кои останале надвор од Бугарија, по автоматизам да и бидат вратени-Западните покраини и Струмица

Според Волен Сидеров, лидер на “Атака“, тоа е историска шанса за Бугарија, по мирен пат да успее да си “врати“ територии, и дека тоа став на неговата националистичка партија, нешто со кое тие се занимаваат уште од минатата година.

“Тоа е веќе се наоѓа во претставништвото на Европската унија во Софија и во Европскиот парламент. Станува збор за следното. Нејскиот мировен договор е потпишан со државата Југославија - тогашно Кралство на Срби, Хрвати и Словенци, меѓународноправен субјект кој сега не постои, бидејќи таа држава се распадна. Тука се појавува прашањето дека ако субјектот на еден договор не постои, што станува со самиот договор?“, посочил Сидеров во изјава за новинската агенција “Фокус“, иницијатор на темата за Нејскиот договор.

“Логично следува, дека тој договор повеќе не важи, односно териториите, кои се наречени Западни, треба да и’ бидат вратени на Бугарија. Ние се надеваме на соработка од ЕУ во однос на ова прашање“, рекол Сидеров. Тој додал дека за ова мора да се произнесе и Европската комисија.

“Нашите европратеници дејствуваат по однос на ова прашање. Мислам дека можеме сериозно да го поставиме ова како услов за прием на Србија во ЕУ“, изјавил Сидеров.

Според него, ако ЕУ донесе правилна одлука, тоа нема да е “прекројување“ на границите. Тој додал и дека можно е да има реакции од страна на Србија.

“По повод 90 години од потпишување на Нејскиот договор, со кој на Бугарија и беа одземени територии, кои до денсека се населени со Бугари, партијата ‘Атака’ бара тие територии, населени со Бугари, кои се наоѓаат во состав на денешните држави Србија и ПЈР Македонија, да и бидат вратени повторно во владение на Бугарија. Србија и Македонија не се правно наследнички на Кралството на Србите , Хрватите и Словенците. Србија не беше призната за правен наследник на Југославија од страна на ООН и од меѓународната заедница, а ПЈР Македонија дури не е призната под своето уставно име. Според тоа, Нејскиот договор нема нема правна сила спрема Србија и ПЈР Македонија и е недејствувачки во однос на Западните територии и Струмица, поради исчезнувањето на државата која го потпишала. Тоа значи дека одземените територии од Бугарија, по тој договор, треба да и’ се вратат“, било наведено во сооштението на “Атака“.

Инаку Нејскиот мировен договор бил потпишан на крајот на Првата светска војна и тоа од земјите припаднички на Антантата, победнички сојуз во војната, и Бугарија, која ја загубила војната, а била на страната на Централните сили., заедно со Германија, Австро-унгарија и Турција. Договорот бил потпишан на 27 ноември 1919 година, во париското предрградие Неј сур Сен, а со него бил поставен мир и биле решени одредени спорни прашања меѓу договорните страни.

Меѓу земјите на Антантата, се наоѓало и тогашното Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Територијата на денешна Македонија бил дел од ова кралство, бидејќи со Букурешкиот мировен договор во 1913 година, Македонија била поделена меѓу Грција, која добила 51 отсто од територијата, Бугарија, која добила 9 отсто, и новоформираната држава Албанија, која ја основале Италија и Австроунгарија во 1912 година, добила 1 отсто од македонската територија. Останатите 39 отсто, кои му припаднале на Кралството СХС и биле наречени Вардарска бановина, по Втората светска стануваат независна држава како Социјалистичка Република Македонија, во состав на Федеративна Народна Република Југославија, подоцна преименувана во Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Нејскиот договор го потпишале Никола Пашиќ, тогашен премиер на Кралството СХС, Анте Трумбиќ, министер за надворешни работи, и д-р Иван Золгер. Од поразената бугарска страна, договорот го потпишал Александар Стамболиски, тогашен премиер на Бугарија и министер за воени прашања. Според договорот, поразената Бугарија требала да предаде значителни територии, кои претходно ги окупирала. Најголемиот дел во западна Тракија, како и територии околу Цариброд и Босилеград во Србија, и Струмица во Македонија, кои и’ ги предала на Кралството СХС. На Романија, пак, и’ била вратена јужна Добруџа. Воената сила на Бугарија и’ била редуцирана на минимум. Дозволено и’ било да има најмногу 20.000 војници, и наредено и’ било да ја укине воената обврска. Пропишано било Бугарија да плати репарација од 2,25 милијарди златни франци, односно околу 445 милиони долари. Подоцна и’ биле простени околу две третини од оваа обврска бидејќи била екстремно сиромашна земја. Наредено и’ било на соседните земји да им ги врати архивите, уметничките дела и други скапоцени предмети, кои бугарските војници ги украле

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112891146497&id=84&prilog=0&setIzdanie=21849
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
МАКЕДОНСКА ПЕСНА I.

Горо ле, горо жалосна,
Горо ле Пирин планино,
Имаш ли вода студена,
Водица да се напијам,
Ропска ми душа да оладиш,
Тагата да ми олесни!

II.
Горо ле, горо зелена,
Горо ле Пирин планино,
Имаш ли сенка ладовна,
Да седнам да се одморам,
Маките да ти прикажам,
Мои ропски маки-твои маки!

III.
Мома сум горо робинка,
Робинка мома Македонка,
Пиринска мома-егејска,
Како ме мајка родила,
Сонце не сум видела,
Ни бело, горо видело.
Ропство ми младост поцрни,
Тага ми душа помрачи,
Солза ми очи ослепи!
Туѓо ми име натуре,
Бугарско име татарско.

IV.
Горо ле пирин планино,
Горо ле мајко жалосна,
Учи ме горо разумно,
Од дома душман да истерам,
Така слобода да остварам
За мојот народ поробен.

V.
Пиринка гора зелена,
Жалосни солзи пророна,
И гласно на мома прозбори:
“девојка моја , Македонко
Девојка калеш-убава
Земи си пушка на рамо
На рамо пушка шмајзерка,
Опаши нагант револвер,
Развиј си знаме црвено,
Селанско знаме работничко
Црвено знаме вардарско,
Дојди си моме при мене,
Затруби туба борбена,
Борбена труба партизанска,
Нека се народ разбуди
Во цела земја македонска,
Борба на душман да отвори
Јуначка борба да оствари
За македонска слобода“.

РИСТЕ СПАСЕСКИ - Даскалот - Македонски
С. Тополчани 1943г.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Абе нека бидат среќни што заради изроди македонски после Втора светска војна не ја вратиле Пиринска МК. Ќе земале тие територии. Лузери од памтивек. :tapp:
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Како што тргнала работава и Јапонија ќе почне да бара некој дел од нас :pos2:
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Лузери! Нека дојдат да ги земат по мирен пат:pipi::salut:
 

^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
Ја даваме Струмица за Пирин :pos2:
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Па еден бугар тврди дека вонземјаните живеат меѓу нас...и не набљудуваат.:)
Шо ве чуди било што од нив.
Бугарска работа.:tv:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Колку е воочлива заедничката и хармонизирана пропаганда на Грците и Бугариве откако си се договорија неодамна.

Грците истата тактика ја користат за одземање на водите во Преспанското и Дојранското езеро, а Бугариве за некои си “западни“ територии од Македонија и Србија.

Бедотии, мизерии смрдливи.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
off topik sum malku ama ako nekoj moze da mki pomogne ..treba mi zakonot za nasledstvo na Bugarija
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Играв дота и решив да влезам во бугарски сервер..........................................


....на првата игра ми ги украдија item-ите.(Тој шо играл ќе знај за шо зборам).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom