Брутално претепано македонско семејство во Белград

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Брутално претепано македонско семејство во Белград
25.12.2009 11:17

Дваесетина напаѓачи упаднале во домот на семејството Костовски во Белград, при што брутално ги претепале и целосно им ја демолирале куќата.
Како што пренесоа белградските медиуми, група маскирани напаѓачи ги претепале Кочо и Менка Костовски, кои живеат на улицата Станка Враза 38 во Белград.
Според непотврдени информации, претепаното семејство овој напад го поврзува со извесен градежен инвеститор.
Откако го демолирале мебелот, прозорците и ја исекле струјата, напаѓачите го претепале сопственикот на куќата Кочо Костовски, кој во полусвесна состојба бил пренесен во болница, а неговата сопруга Менка ја врзале во тоалетот и ја претепале.
Нивната ќерка Наташа, која во моментот на нападот не била дома, за локалните медиуми изјавила дека во последните месеци им пристигнувале закани, за кои се сомневале дека се од еден градежен инвеститор.
Сосетката на семејството Костовски, Бранка Попов, која повикала брза помош, сведочи дека глетката била стравична, а напаѓачите биле облечени во црно.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117945
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Страшно :uvo:
Не ми е јасно како сме осмелиле да им влезат во куќа и да го претепаат цело семејство.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Страшно :uvo:
Не ми е јасно како сме осмелиле да им влезат во куќа и да го претепаат цело семејство.

нашите БРАЌА Срби:pos2::pos2::pos2::drk::drk::tapp::tapp:

Се е можно од нив:tapp:
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.121
Поени од реакции
9.526
И лани имаше ваков инцидент во Белград кога семејство не сакало да ја продаде куќата на инвеститор и им дошла „посета“ за да ги „убеди“ али сопственикот на имотот на гости имал другар со пиштол па овие фатиле штивиња освен еден „убедувач“ што го фатиле и малку тепале.

Јебига урбана мафија хара.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Затоа се чува дома сачмарка/пиштол ватевер...
 

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Па зошто не ги пријавиле заканите во полиција а незнам ни полицијата што ќе направела ама.....:toe:
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Па зошто не ги пријавиле заканите во полиција а незнам ни полицијата што ќе направела ама.....:toe:

Српска полиција и пријавување:pos2: кога се работи за македонци никој ништо нема да превземи.:toe:
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
нашите БРАЌА Срби:pos2::pos2::pos2::drk::drk::tapp::tapp:

Се е можно од нив:tapp:
Српска полиција и пријавување:pos2: кога се работи за македонци никој ништо нема да превземи.:toe:
Искрено, ама баш ич не ги сакам Србите, ама од каде извлече заклучок дека се истепани само бидејќи се Македонци. Малку полека со паранојата...
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.324
Поени од реакции
1.167
Тепањево нема врска со националната припадност.Тие не ги тепале зошто се македонци туку од материјални причини т.е. да ги изнудат за нешто.

Некој многу сака да не закрви со Србите, а воопшто тоа не е од интерес на Македонскиот народ. На еден мафијашки напад му дава етничка димензија. Луѓето не биле истепани зошто се Македонци туку дека не им го давале нивниот дом на инвеститорите(мафијаши) и тоа нема никаква врска со националноста.
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Немојте бе со вакви теми да ширите омраза.
Убаво кажа Кнез погоре. Не ги тепале зошо се македонци. Тоа е урбана мафија бе. А и како да ја знаеме цела приказна шо како било. Може тоа нашето семејство таму дужело нешто, пари. Може ни они не биле светци. Од кај да знам што се случувало. У секој случај има полиција и ќе се води истрага.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
нашите БРАЌА Срби:pos2::pos2::pos2::drk::drk::tapp::tapp:

Се е можно од нив:tapp:
Ај бре не јади бурек многу.Нема врска ова со народ сакање/мразење.:tapp:
20 напаѓачи за едно семејство????:nesvest:
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
епа нормално не сакале да го продадат земјиштето, се бунеле и си го добиле... тоа и во МК ќе се случи доколку некој се противи... не ги оправдувам у никој случај али мислам дека не се заснова нападот на национална основа.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
епа нормално не сакале да го продадат земјиштето, се бунеле и си го добиле... тоа и во МК ќе се случи доколку некој се противи... не ги оправдувам у никој случај али мислам дека не се заснова нападот на национална основа.
Од кај си толку сигурен дека и у МК може ова да случи? Си слушнал некогаш досега такво нешто да се случило кај нас? Ти дошол некој тебе дома да ти се заканува ако несакаш да си го продадеш имотот? Зошто да му го продадам на некој насила моето земјиште/имот што сум го изградил/купил со своја пот или ми е оставено од некој мој предок? Не да ме тепаат, незнам што да ми прават не го давам...Попрво јас би ги убил нив...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom