Ова е тотално мртво место, туристите не одат таму за да готват туку да поминат неколку денови со јадење надвор и да заминат. Мислам дека е погрешно и Крушево да се брои за град, Кривогаштани ако е село е далеку понадежно и поживо од Крушево.
Прилеп има и повеќе маркети од тоа што му требаат, дури и Тинекс сиба пиперот. Ете го Кам кај Могилата работи турбо, го има и на неколку други локации и работи добро, неколку маркети од Стокомак исто, Тобако маркети се стабилни, и има уште 2-3 локални маркети кои работат прилично добро. Градот е прилично отепан, јас кога растев мислам дека беше некои 90к со околните села, сега ако не ги бројат тие што се иселени (уште ни се водат личните карти таму) прашање дали ќе има и 60к жители. Во основното училиште каде што учев како дете беа 5 класови од по 26-28 деца, сега од тоа што слушнав имало 2 класови од по 12-13 деца, рачунај дека за 20-30 години нема да има ни 40к жители со ова темпо, огромен број на населението таму е над 50 години.
Битола исто имаат доста маркети, мислам дека уште им работат и Ангро маркети, и се добро позиционирани. А дека ќе се закрене некој од Прилеп да оди до Битола, или обратно, тешка работа. Можеби би правеле такви работи ако им отворат огромен Mall, па да одат и за чалам, инаку шанса нема да кандисаш некој од таму да оди за рандом пазарење 50км од дома.