Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ти спремај нерви за нови даноци! Кај и да е ќе закажат нови избори, требаат пари за партиски вработувања.
Јас веќе добив честитка, потребно е да платам 15 000 денари за изготвување елаборат за безбедност при работа,во нашиот случај канцелариска.Листот е даден од трудова и во него има само три фирми на кој можеш да се јавиш да ти изготви. Една од нив е Технички факултет Битола (глуми фирма) и две приватни фирми утре и со име ќе ги напишам. Значи државата ни дава лист каде да изработиме елаборат/каде да платиме! Давачка до давачка, глупост до глупост,административни препреки,луда бирократија.
Јас немам нерви драга моја, јас сум на раб на лудило.
Патем скокот на цените владата наместо да го гледа од топлите домови нека излезе и нека ја искористи мерката стокови резерви. Ако незнаат како нека ми се јават ќе оставам број.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
пак ли поскапувања бре.. ц ц ц абе уште малце како шо тргнала работава ке гасиме осигурачи ни лед диодиве по екраниве да не ни светат.. до таму ке дојде работава !!!
 
H

HITCH

Гостин
Јас веќе добив честитка, потребно е да платам 15 000 денари за изготвување елаборат за безбедност при работа,во нашиот случај канцелариска.Листот е даден од трудова и во него има само три фирми на кој можеш да се јавиш да ти изготви. Една од нив е Технички факултет Битола (глуми фирма) и две приватни фирми утре и со име ќе ги напишам. Значи државата ни дава лист каде да изработиме елаборат/каде да платиме! Давачка до давачка, глупост до глупост,административни препреки,луда бирократија.
Јас немам нерви драга моја, јас сум на раб на лудило.
Патем скокот на цените владата наместо да го гледа од топлите домови нека излезе и нека ја искористи мерката стокови резерви. Ако незнаат како нека ми се јават ќе оставам број.
Хеј, а го плати она од ујп 192? :pos: Се смеам, ама ми се плаче! Порано требаше да има истакнато дека треба да се издава фискална и нормално тоа сам си го принташ. Е, сега тоа не важи! На Грујо му требаат пари за на лавовите да им направи лавици за парење, нели да се стимулира пораст на население, па направи она ливчето, гомно боја, да се плаќа 300 евриЌи.

Сега очекувам да се стави мерна станица во сите фирми и да се проверува воздухот. Се разбира дека за тоа ќе бидат ангажирани фирми блиски до дпмне.

Машала Грујо, што се 300 евра за вас?! Вие испод 10 илјади евра не сте месечно.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Нема парно ,нема тв ,нема пари за акање низ град ,штеди струја гаси сијалици.......што секс ќе паѓа :zlo: ,наталитет у пораст....
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Најголемата апашка работа што моментално ми иде на нерви е уплата на таксени марки на уплатници. Две таксени од по 50 денари,мене ме коштаат 160 денари. Мислам осет да се има осет!
Се грее инфлацијата во Европа,па кога фино лепо сега ќе ја увеземе ќе се грееме во газот на лавовите.

--- надополнето ---

Мислам дека е време за граѓанска непослушност и бојкот на избори. Еве ни повод и причина.
Убава идеја е бојкот,но јас сум за замрзнување на сметките и забрана за излез од МКД на сите политички фигури во земјава. И на гол гас по сто стапа на плоштад.
 
Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
А на Латас Тв прееска давале дека и Грција, Полска, Чешка и не знам каде исто имало поскапувања, демек тоа е нормална работа :tapp:

Не знам што да кажам освен дека ситуацијата е очајна! Во приватната фирма што ја држи татко ми секој месец плаќа за придонеси и слично, и сега дојде башка уште 15 000 денари персонален данок зошто така им текна, им треба за фонтани и не знам што! Значи на сите давачки, давачки плус се воведуваат, а пари нема дури и помалку! Плаќаме радиодифузна такса за во дуќан во кој немаме ТВ ама ако не платиш ќе дојдат грујовци и ќе ти ја замрзнат сметката па плаќај после 9-10 илјади за одблокирање! Болна работа!
Сега уште за тоа што дишеме да почнат данок да земаат и крај!
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740

Абе остај ги Сител, они мислат дека луѓево се до толку тапи, па само нив ги гледаат и оние белине бумбари каде темите се извонредно поставени. Нешто од типот, Дали треба со вештачко или свежо цвеќе да се уреди кабинетот на премиерот или градоначалникот на Скопје? Поскапувања, абе ај нема такво нешто, не се осеќа. Ако на овие следниве избори народов пак сам се направи овца и не бојкотира избори, веќе ќе бидам сигурна дека си заслужуваме се што ни сервираат.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Вака сега не гаете илузии дека човек кој што е дојден од институција која што ја предизвикува оваа криза низ цел свет дека ќе превземе нешто за наше добро. Кога ќе стигнат кај него наредбите одозгора тој може само да опоздрави и да каже: Разбирам господине.

Како цените ќе одат нагоре така и сиромаштијата а со нејзе правопропорционално и криминалот. Тоа е реалноста и така и ќе биде сега прво и основно треба да се преземат мерки за заштита на самите себеси и своите најблиски, ако носите накит на себе злато скап часовник скап мобилен одма тоа оставете го дома затоа што тоа ќе ве направи мета на крадци насилници и така натаму, ова сериозно го зборувам особено важи за припадничките на понежниот пол. Имајте резерви на храна или тоа што ви неопходно да е блиску до вас, не бидете зависни од хипермаркетот за вашата храна, поголема независност е еднакво на поголема слобода врз вашата диета и начинот на исхрана.
Огнено оружје хммммммммммм, сум против затоа што мислам дека носи лоша карма, еј ама секој со своја размисла. Ако сте љубител на животни особено на кучиња јас препорачувам едно за дома, не чивава лабрадор пекинезер и пудлица, туку куче чувар вучјак ротвајлер питбул шарпланинец можи шарко наш е многу добар чувар ама е голема раса на куче и бара простор голем за него....
 
Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
Абе остај ги Сител, они мислат дека луѓево се до толку тапи, па само нив ги гледаат и оние белине бумбари каде темите се извонредно поставени. Нешто од типот, Дали треба со вештачко или свежо цвеќе да се уреди кабинетот на премиерот или градоначалникот на Скопје? Поскапувања, абе ај нема такво нешто, не се осеќа. Ако на овие следниве избори народов пак сам се направи овца и не бојкотира избори, веќе ќе бидам сигурна дека си заслужуваме се што ни сервираат.
Тие што се тврдокорни вмрОВЦИ и коза да стават ќе ја гласаат зошто се заслепени и живеат во времето на Александар и Филип!
Најлошо е што Чекорко го потценува народов, прави глупости, а излегува на ТВ и кажува дека не е тоа така, дека погрешно е сватен и слично, како народов да не знае колку се 2+2(а што велиш ти можеби народот стварно заслужува ваква беда и мизерија ценејќи го гласањето на избори):toe:
 
А што ако дојдат другите, демек поарно ќе биде!? Абе, сите се исти стоки! Штом сеуште се истите фацки неочекувај некаква промена. Само ќе се сменат луѓето кои ќе не дрпаат, ништо суштински. Овие и така не знаат кои се лево ориентирани кои се десно ориентирани, само право цепаат. :)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Тие што се тврдокорни вмрОВЦИ и коза да стават ќе ја гласаат зошто се заслепени и живеат во времето на Александар и Филип!
Најлошо е што Чекорко го потценува народов, прави глупости, а излегува на ТВ и кажува дека не е тоа така, дека погрешно е сватен и слично, како народов да не знае колку се 2+2(а што велиш ти можеби народот стварно заслужува ваква беда и мизерија ценејќи го гласањето на избори):toe:
Ерик, не е до Вмровците, одамна ми стана јасно дека исти ѓавол ти се двете опции. И тоа ја прави ситуацијата потрагична, првите мајка расплакаа на работниците и затоа си влечеме товар со години, луѓе се самоубиваа од маки, од октопод, од немање за јадење, од лихвари од кои позајмиле за да покријат дневни трошоци.
Другиве, пошто првите се испокрадоа пред нив, го испокрадоа буџетот градејќи споменици. Резултат е комплетно ист. Комотно можат да ми се манат од пред очи и двете опции. А тоа значи, дури не им се сменат мозоците кои се моториката на нивната политика, не планирам да учествувам во грабежот на самата себе и на луѓето околу мене.
Македонија е според Устав социјална држава. Тоа значи дека за таа категорија државата треба да се грижи. Знаеш ли што значи тоа? Дека една држава не смее да остави човек кој нема приходи да плаќа сметки, зашто едноставно тој нема пари за тоа, плус треба да му обезбеди за храна. И сега имаш ваков ефект. Луѓе со години беа на питачки стап, ЕВН беше државно и заради гласови не ги притискаа социјалните слоеви т.е не им исклучуваа струја. Е ама сега австријците ти доаѓаа и ти викаат, мене ме заболе што државата не се грижела за тебе, јас ќе си го наплатам долгот. Или пак, плаќал сметка трпел за леб. Сега сите ќе го јадеме стапот на долг рок.
Македонија никогаш немала социјална политика. Ама како и да има, кога не можеле лоповине да се сконцентрираат на тоа од крадење. Два милиони народ, катастрофа од раководење во траење од 20 години. И после зашто народот сакал во ЕУ. Зашто му е јасно дека на нашиве политичарчиња треба некој од погорно скалило да им мава шамари, преку директиви и регулативи, инаку нема никогаш да послуша и да работи ко што треба. Сами од себе ние не се оправаме, да не се лажеме.

Колку едно мало гратче сме, а никако да не бидне. Ај кажи ми тогаш што држава сме ние ондак?
 
Eric The King

Why always us!:)
Член од
21 април 2010
Мислења
3.297
Поени од реакции
1.245
А што ако дојдат другите, демек поарно ќе биде!? Абе, сите се исти стоки! Штом сеуште се истите фацки неочекувај некаква промена. Само ќе се сменат луѓето кои ќе не дрпаат, ништо суштински. Овие и така не знаат кои се лево ориентирани кои се десно ориентирани, само право цепаат. :)
Јас имам кажано и претходно дека сите се исти, тоа е факт, само ме нервира чиненицата што Чекорко сака да се прикаже како жртва, како Дева Марија, тој за народот е, на мрава не гази, а знаеме дека ни децата не се негови, друг му ги направи:toe:

--- надополнето ---

Колку едно мало гратче сме, а никако да не бидне. Ај кажи ми тогаш што држава сме ние ондак?
Ебиветар држава сме :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Абе ќе јадеме колачиња, ама од кал! :(

Инаку на темава, јас имам една забелешка! Бензинот е до месечината скап, а луѓево сите се возат со коли и сите идат со такси (барем во Аеродром!) и никој не се жали. Дали тоа значи дека поскапувањево на некои не им претставува проблем?
Биди оптимист, можеше да биде и 100 денари :)

Симптоматични се трошоците за живот и кошницата...од лани наваму мрдна цели 500 денари, а имаше неколку таласи (достојни за сурфање) на поскапување. Досадни се више. Наместо за амортизација на овие удари, владата се занимава со избори.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Македонија никогаш немала социјална политика. Ама како и да има, кога не можеле лоповине да се сконцентрираат на тоа од крадење. Два милиони народ, катастрофа од раководење во траење од 20 години. И после зашто народот сакал во ЕУ. Зашто му е јасно дека на нашиве политичарчиња треба некој од погорно скалило да им мава шамари, преку директиви и регулативи, инаку нема никогаш да послуша и да работи ко што треба. Сами од себе ние не се оправаме, да не се лажеме.

Колку едно мало гратче сме, а никако да не бидне. Ај кажи ми тогаш што држава сме ние ондак?

Зар мислиш така ете случајно на секое не ги бива не знаат да работат, не е случајно ги бива знаат да работат ама работат против сопствениот народ и немој да мислиш само кај нас дека е тоа и во ЕУ е така, и сега како што ги селат производствените капацитети од ЕУ во Кина така нивното стопанство ќе пропаѓа и ние со нив заедно на дното затоа што сме сврзани садови.

Една мисла има од паметен човек кога ја слушнав допре некако длабоко до мене вака вика: Илузија е дека властите се тука заради народот и работат за него иако сака да се прикаже како така, вистината е дека народот работи за властта или елитата од било која партија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom