Тие што се тврдокорни вмрОВЦИ и коза да стават ќе ја гласаат зошто се заслепени и живеат во времето на Александар и Филип!
Најлошо е што Чекорко го потценува народов, прави глупости, а излегува на ТВ и кажува дека не е тоа така, дека погрешно е сватен и слично, како народов да не знае колку се 2+2(а што велиш ти можеби народот стварно заслужува ваква беда и мизерија ценејќи го гласањето на избори)
Ерик, не е до Вмровците, одамна ми стана јасно дека исти ѓавол ти се двете опции. И тоа ја прави ситуацијата потрагична, првите мајка расплакаа на работниците и затоа си влечеме товар со години, луѓе се самоубиваа од маки, од октопод, од немање за јадење, од лихвари од кои позајмиле за да покријат дневни трошоци.
Другиве, пошто првите се испокрадоа пред нив, го испокрадоа буџетот градејќи споменици. Резултат е комплетно ист. Комотно можат да ми се манат од пред очи и двете опции. А тоа значи, дури не им се сменат мозоците кои се моториката на нивната политика, не планирам да учествувам во грабежот на самата себе и на луѓето околу мене.
Македонија е според Устав социјална држава. Тоа значи дека за таа категорија државата треба да се грижи. Знаеш ли што значи тоа? Дека една држава не смее да остави човек кој нема приходи да плаќа сметки, зашто едноставно тој нема пари за тоа, плус треба да му обезбеди за храна. И сега имаш ваков ефект. Луѓе со години беа на питачки стап, ЕВН беше државно и заради гласови не ги притискаа социјалните слоеви т.е не им исклучуваа струја. Е ама сега австријците ти доаѓаа и ти викаат, мене ме заболе што државата не се грижела за тебе, јас ќе си го наплатам долгот. Или пак, плаќал сметка трпел за леб. Сега сите ќе го јадеме стапот на долг рок.
Македонија никогаш немала социјална политика. Ама како и да има, кога не можеле лоповине да се сконцентрираат на тоа од крадење. Два милиони народ, катастрофа од раководење во траење од 20 години. И после зашто народот сакал во ЕУ. Зашто му е јасно дека на нашиве политичарчиња треба некој од погорно скалило да им мава шамари, преку директиви и регулативи, инаку нема никогаш да послуша и да работи ко што треба. Сами од себе ние не се оправаме, да не се лажеме.
Колку едно мало гратче сме, а никако да не бидне. Ај кажи ми тогаш што држава сме ние ондак?