Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.183
- Поени од реакции
- 34.407
Од копиљаци што мислат дека секоја тема е за сеир, човек не може повеќе да се изрази како што треба на форумов.Да не речам 100%, ама сум сигурна дека нема друга. Човеков има некој проблем , ама несака да каже што е. Му предложив да одиме кај некое стручно лице, психјатар, советник што знам што, да видиме кај е проблемот. Не сака , одбива. Ако е од здравствни прични да превземеме мерки да се лечи. Стварно веќе незнам што да правам
Дај бе не пишувајте ако немате што да кажете, ве молам. Има теми во Играчница и ЧДА колку сакате. Оставете ги сериозните теми за луѓето кои навистина имаа потреба да си кажат збор-два за некоја работа... Поделив неколку казнени поени и избришав 10-тина несоодветни, сеирџиски или едноставно - простачки мислења.
Продолжете со дискусијата. Ова не е ниту прв, ниту последен пат некој да има ваков проблем во брак. И да, не е ненадминлив.
Ако мислите дека е „луда што уште е во брак“ или што нема „швалер“, тогаш сте далеку од допир со реалноста... И да, ако прочитате подобро рече дека е во брак 7 години и дека подолг период немале секс (а не дека 7 години немале секс). Тоа може да значи и 2 месеци, може да значи и 1 година. Сум бил сведок на сличен ваков случај кај пријатели (кој траел повеќе од година дена) и за среќа - заврши со среќен крај (нормализирање на односите). И верувале или не, ниту она, ниту он имаа други. Ниту беа скарани, ниту пак имаа физички проблем. Едноставно - некогаш блискоста знае да се изгуби (и тоа да трае прилично долго), но знае и да се врати.
Последно уредено: