Брак без деца

  • Креатор на темата Креатор на темата Никола
  • Време на започнување Време на започнување
Не, не би го напуштила. Јас цум човек кој сака деца, и пранирам да ги имам еден ден, и секако ако не сум во можност при некој проблем од моја страна или негова би се распаднала психички во прв план. Ама во денешно време има секави можности за да останеш пладна или да посвоиш дете и секако и тоа би го констатирала. Ама не би го напуштила партнерот.
 
Имам другарче има голема љубов али не може да има деца. Го јаде тоа одвнатре , го пустоши. Многу пати дошол пијан кај мене со муабетот " Готово е Форесте ќе ја пуштам на слобода. Што кога не можам да и подарам дете. Што? Што? "
Останував нем.
" Знаеш Форесте колку ја сакам и затоа мислам дека треба да ја пуштам ". Секако дека она не дозволи тоа да се случи. Уште се заедно еве веќе 8 години. Немаат сеуште дете али се имаат они двајца. Да се има таква љубов е благослов. Со детето би било совршено. Животот е далеку од совршен али не се откажуваат. Ги сакам и двајцата многу. Мислам дека би постапил исто како нив при таква ситуација.
 
бравоооо,алал.Тоа е тоа,се одбрале меѓусебно за брачни другари,во добро и зло.Ме наежи ова што го прочитав,и треба да ги сакаш тие луге,сигурно се прекрасни. Познавам еден човек,на татко ми е стар пријател што значи постар човек е,околу 50-ката е.Цел живот се обидувале со сопругата да зачнат но безуспешно или мртви новороденчиња раѓала,и губење на плодот и свашта,многу проблеми и турбуленции имале во бракот низ годините заради тоа но сепак останале заедно.Ама пред едно 2-3 год конечно добија син,здрав прав и се ок.Чудно ми е сега кога ке го видам чичко Бранко со син му,дека постар така мислиш дедо му е,но толку срекен и исполнет е,чудо еј. Многу ми смени некои размислувања оваа нивна приказна во животов.
 
Многу сакам деца и баш размислував во врска со темава пред некое време, затоа што моите не можеле да имаат деца долго време, ама и покрај тоа, татко ми и кажал на мајка ми дека тој ќе биде со неа без разлика дали некогаш ќе имаат деца.
Ако проблемот е во мене нормално дека ќе разговарам со партнерот и ќе му дадам слобода да има избере дали сака да го продолжи животот без мене, колку и да ми е тешко, поради тоа што не сакам да сум причина за тој да не може да ужива во улогата на родител. Но, ако проблемот е во него, никогаш не би можела да го напуштам. Кога сум го избрала за да биде мој сопруг и татко на моите деца, тогаш не би можела да бидам со друг човек.
 
Се изнапишав, па се избришав бидејќи суштината е оваа-

Дали ако дознаете дека нема никаква шанса да имате деца, би го напуштиле брачниот партнер?

не, деца ќе имате ако имате секс...:drk:
 
Имам другарче има голема љубов али не може да има деца. Го јаде тоа одвнатре , го пустоши. Многу пати дошол пијан кај мене со муабетот " Готово е Форесте ќе ја пуштам на слобода. Што кога не можам да и подарам дете. Што? Што? "
Останував нем.
" Знаеш Форесте колку ја сакам и затоа мислам дека треба да ја пуштам ". Секако дека она не дозволи тоа да се случи. Уште се заедно еве веќе 8 години. Немаат сеуште дете али се имаат они двајца. Да се има таква љубов е благослов. Со детето би било совршено. Животот е далеку од совршен али не се откажуваат. Ги сакам и двајцата многу. Мислам дека би постапил исто како нив при таква ситуација.

Се надевам дека барем ќе посвојат дете. Поблагородно нешто од тоа, некому да му подариш живот кому животните неприлики еднаш му го одземале, нема.
 
Не би ја оставил, ќе посвоиме дете. Јас не сум ја одбрал само за да ми роди деца, сум ја одбрал оти сакам да го поминам животот со неа и заедно да одгледаме деца.
 
ццццццццццццццц какви глупости се изначитав на темава, некои напишале дека би се развеле доколку неможат да имаат дете/деца со партнерот ................ добро бе луѓе па зарем партнерот го сакате само за да произведувате деца, зарем не го сакате како човек/личност .......... зарем мажот служи само за приплод во бракот, зарем жената во бракот служи само за да биде бејби-фабрика ............. медицината денеска е многу помодерна отколку порано и шансите за успех се големи(не 100% секако) ............. е сега доколку и модерната медицина неможе да ви помогне пак незначи дека треба да се разделите со партнерот ............ крај краева можете и да посвоите дете по желба(машко/женско) што има тука толку трагично, страшно, чудно... ОК нема да биде ваша крв(што би се рекло) но тоа незначи дека неможете да го воспитате во ваш дух и да биде позитивна личност !
 
И јас многу сакам да имам деца и ако ми даде Бог еден ден ќе бидам најсреќен, затоа што децата се благослов на родителите. А и во случај да немам деца секако дека нема да ја напуштам и по мое мислење децата не го држат бракот.
Стрина ми и чичко ми веќе 18 години немаат деца, се се обиделе ама ете, тоа е. Уште се заедно во брак и нити размислувале да се остават заради деца, дури и некои луѓе им викале зошто не се оставите?
 
Помислувам понекогаш дека и јас би сакам да имам дете еден ден...два дена максимум.
 
Доколку е кај мене проблемот би го оставила но доколку е во него проблемот би останала со него. Причината е во тоа што можам на се да се прилагодам и се да прифатам но некој да страда поради моја вина (или проблем) тоа не можам. Не сакам да бидам виновна и не сакам други да ги трпат последиците од моите проблеми.
 
Еден збор, Да ти се измочам во таквиот брак без деца.

Па бракот освен што е љубов значи и проширување на фамилијата т.е деца.

Така да мојот одговор околу тоа дали ќе ја напуштам, оставам итд е ДА.
 
Апсолутно не би ја напуштил. Дури и да се заљубам во девојка која не може да има деца тоа не би ме спречило да се оженам со неа. Од друга страна, сакам да имам деца па веројатно во тој случај би посвоиле дете
 
Зарем ти исто гледаш на тоа што е твое и на тоа што не е твое .???
Зарем исто ги цениш парите кои ги заработуваш и оние што ги добиваш како поклон од твоите родители од ливче на спортска итд.???

Така е и со децата, ниеден родител неможе да му подари толку многу љубов како љубовта спрема своето дете.
 
Во право си за децата колку и да е тоа сурово така е АМА како што реков, ако мојата идна ,,the one,,:) девојка/жена, не може да има деца а дури и тоа да го знам пред да ја оженам, истото нема да ме спречи да склучам брак со неа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom