- Член од
- 14 јули 2005
- Мислења
- 2.128
- Поени од реакции
- 41
А тоа научниците некој да ги остаел сами на 4 годишна возраст, пиз[BEEP] им материна????Desert напиша:Spooks, pred nekolku meseci ovaa tematika beshe nglavna tema vo "Der Spiegel", i tamu naucnici dojdoa do zaklucok deka toa vazhelo samo za periodot dodeka deteto ne napolni 4 godini, posle toa se bara drug partner za reprodukcija.
Веројатно е поголемо прашање дали е природно единка да помине со само еден партнер голем временски период. Кај животните не е, зошто се раководат од инстинкт, кај човекот тука работи и свеста. Самиот брак е институција која обврзува да не оставиш на цедило некој кој е зависен од тебе (ова уште важи, без разлика колку се правиме независни).
Љубовта е минлива категорија, после извесен број години (ова е индивидуално и ќе ги замолам непоправливите романтичари да не фрлаат со дрва и камења) се претвора во навика и тешко е да одржиш врска ако не постојат повеќе обврзувачки фактори како што е семејството.
Мој заклучок : бракот како институција дефинирана од држава/црква е вештачка творба со точно определени цели, меѓутоа бракот како заедница прво на двајца луѓе а потоа и семејство е природна работа. Со други зборови, не се согласувам со уки-буки, хартии, потврди за брачни состојби и друго - тоа е социјална категорија - ама тврдам дека како заедница може да функционира супер, дури и подобро ако ги нема социјалните ограничувања.