Бразил-Македонија (8.4.2012 14:15 ч), Скандинавиум арена, Гетеборг

Статус
Затворена за нови мислења.

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Значи вака во секоја работа па и во спортот, тоа им е работа на ракометарите значи тие професионално се занимаваат со ракометот, ако имаш неуспех го анализираш. Од 2008 до денес најслаба страна ни е левата бековска и ништо не се смени да се подобри. Многу турнири ги загубија поради тоа и ништо не се смени. Никој не плука него реално дискутираме што би требало да се смени за да се подобри играта. Значи Киро за да игра послободно, мора да има во репрезентација уште еден двајца бекови шутери кои би му помогнале да го трнат фокусот од него во играта ( тоа го немаме веќе сиве години) Значи никој не вели Киро да си замине и дека е неспособен и слично. Но со право може да се бара Филип Лазаров и Ангеловски да си заминат и да се даде шанса на други играчи. Негледам стекнување на никаков континуитет во репрезентација ако седиш на клупа, и неседиш за џабе затоа што учителката/тренерот не те сака, затао што не те бива, тоа е тоа. Тие ракометари веќе имаат по 28 години и неможеш да очекуваш развој во нивните кариери..... Ако Киро е тој што не дозволува било каква промена тој е крив и за тоа, а индиректно со истото тоа и за неговата игра.
Вред е и јас не велам оти не треба да дискутираме за тие работи сите сме свесни оти немаме уште еден квалитетен бек шутер кој би го растеретил Кире, оти играта на пикер ни е веќе прочитана, оти треба да се најде замена за Филип, Бранче, Митков, да се пробаат нови напади, нови варијанти еве како денеска на пример кога крилата ни дадоа 11 гола (5Манасков, Аљуш и Златко по 3) сите сме свесни за ова, после поразов треба во РФМ да го згреат столчето и да размислат што и како за понатаму, но под итно е потребна смена на Шундовски, барем 3-4 измени во екипата, да се испробаат нови играчи место горе споменатите, исто место Аљуш и Ванчо кои се на залезот на кариерата да се испробаат и место нив други играчи.....Единствено нешто што ме радува од турниров е играта на Манасков па до негде и на З.Мојсоски, Кире можеби ја изигра најлошата партија во кариерата против Шведска а и против Бразил и Унгарија не беше ништо посебно, Мојсо освен на мечот со Унгарија не покажа апсолутно ништо, Столе беше одлично затворен, Борко беше прилично слаб....СЕ НА СЕ ПОТРЕБНА Е РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОВАА ГЕНЕРАЦИЈА, ДА СЕ ДОНЕСАТ МЛАДИ ИГРАЧИ КОИ ЌЕ УЧАТ ОД ПОИСКУСНИТЕ И ПРЕКУПОТРЕБНА НИ Е СМЕНА НА СЕЛЕКТОРОТ.....
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Ај да речеш добра игра да имаа да се бореа да дадеа 100 % и да изгубеа од други прчини судии и даље ајде некако проаѓа ама мене поише ме нервираше играта катастрофа мизериија немам зборови ова не беше ракомет ова некој друг спорт кој поише грешки ке направи а не кој поише голови ке даде

Во репрезентацијата владее хаос, играч на играч не смее ни под разно да му се дере...на пријателската со Романија во Скопје Киро и на Столе му се дереше, а овој го препцу кога се одалечи Киро, а Филип.Л седеше до Столе. Мојсовски превртуваше очи кога Киро ке промашеше шут некој безврска такви какви што ги видовме сега....Мора селектор кој ке ги построи сите и Киро и да нема братче сестриче во репрезентација...Абе се знае што е селектор ко оние Руските коа ќе ги грабне за рака мислиш бокс ке му залепи и сите се мирни ко бубачки.
 

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Македонија - Германија - Последен напад и шанса за израмнување - ГО УСРАА
Македонија - Шведска - Последен напад и шанса за победа - ГО УСРАА
Македонија - Данска - Последен напад и шанса за победа - ГО УСРАА + ГО УСРАА
Македонија - Бразил - Последен напад и шанса за израмнување - ГО УСРАА

Епа да му е*ам мајката ако не се лажам на тренинг се увежбуваат вакви акции. Еднаш да го реализираа бе, еднаш барем. Оној Шутот(Ѓубрето) на клупа само за да им смрди е изгледа таму.
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Не ја гледав уткмицата против Бразил, но што и да се случило мислам дека треба да се воздржиме од било какво вреѓање и понижување на ракометарите. Сепак истите тие ги величевте и ги пречекувавте(јас не бев на пречекот:P), и сигурен сум дека самите тие највеќе посакуваа пласман на ОИ. Како и да е ова е голем чекор НАПРЕД за македонскиот ракомет воопшто, а и македонскиот спорт. Од вакви турнири/утакмици може само да се собира искуство како за репрезентацијата така и за нас како публика и граѓани на земјата кои тие ја претставуваат, да се крене спортската култура на повисоко ниво бидејќи реално е на многу ниско ниво. Успехот од ЕП од Србија е неоспоруван но и самите може да видите колку е тешко да се одржи формата и да се игра во една иста одлична форма, всушност неможете да победувате секој ден. Од овој неуспешен квалификациски турнир се надевам дека ќе се извлече најпозитивното и целото тоа искуство ќе се примени на големи натпреварувања.

Никој не ги вреѓа ракометарите за тоа што прават дома, но и тоа како има да ја коментираме нивната очајна игра за Македонската репрезентација. Посебно на капитенот, најспремниот како што кажа и он, пошо другите не биле спремни.......
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Кај нас во ракометната репрезентација има премногу негативна енергија, што некако имам чувство дека не беше така со кошаркарите. Не сакам да споредувам, ама посплотени ми делуваа кошаркарите и после пораз и после победа ечеа соблекувалните. По поразот од Шпанија, соблекувалната ечела од “Излези момче“ и сите вработени се чуделе од позитивната енергија и покрај поразот. Они се забавуваа едни со други. Може некој нема да се сложи со мене, ама Марин имаше авторитет и стабилно го водеше кормилото, дури и да не се согласувал некој со него, немаше муабети и превртувања со очи. Дури и Бо играше како што ќе му биде кажано. Ред, рад и дисциплина викаат нашите северни соседи и мислам дека тука е и клучот. Чековски имаше безброј бунари, више не се ни памтат, ама не видов да му се дерат или да му превртуваат очи, туку напротив се охрабруваа меѓусебе. И Дамјан кога ја утна последната со Русија. Никој збор не му кажа, иако сите беа до некаде разочарани. Антиќ според мене одлично го држеше тимскиот дух на високо ниво. Кога се повреди Гечевски, имав чувство дека цел тим се повредил. Во ниеден момент не се двоеше никој од никого.

Не велам дека сум тотално во право, ама тоа беше мојот впечаток. Не сакам да одам оф-топик, ниту да споредувам, туку некој спомна, па ми текна да повлечам паралела.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.347
Поени од реакции
5.469
Децана од Металург да играа подобро ќе изиграа
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
То је то.Не научија сите кои сме и што сме.Плус со Шундо на клупа и Кире што глуми шериф у екипата ете ти враќање во реалноста.
Објективно не ни имаме некој голем квалитет.Доста лимитирана репрезентација сме.Ниска екипа,со само 1 играч што може да пукне од 9 метри,со крила кои или се инвалиди или немаат никаква техника,скоро и да немаме играчи што играат и во одбрана и во напад.........
Едино пикерите се добри,али убиј боже некој од нив одбрана да заигра.Па мораме по 3 измени секој напад да правиме.
Али и покрај сето тоа ние можевме да извадиме многу повеќе.Кај нас доста работи се лошо поставени во екипата.

Играме со долги напади,а немаме баш ни екипа што може да игра така споро и да разбие поставена одбрана.Кога ќе наидеме на добро организирана одбрана што ќе го затвори убаво Кире ние сме изгубени.Само ја силуваме играта,Миркуловски и Мојсо што се цело време на работ на пробивање и што се трошат ептен секој напад.Или ќе ја дадеме на пикерите што меѓу 2-3 играчи некако се надеваме дека ќе се изрваат,па да изнудат 7 метри или некој шупачки гол.Нема кој да шутне.
Не се игра веќе таков ракомет.Ете ја Русија што си игра цело време така што прави,секое натпреварување прописно си се брука.Сега најдобрите екипи играат со добра одбрана и брзи и лесни голови.Ние се мачиме минута да дадеме еден гол едвај ќе го шибнеме,ете ги за 2 секунди дале од контра другите гол.
Бар ниски и брзи играчи имаме....... Нас ќе ни се постави ѕид од високи играчи,ќе излезат како што треба на Кире (кој не е супермен како што луѓето тука во своите глави,а и тој самиот во својата се направи) и можеме после да се сликаме.Ај бар Раде да е тука да пуца од далеку.
Што е најтрагично од што имаме многу малку играчи што знаат да играат во двата правци ние не можеме ни така брзо да играме.Мора по 2-4 измени одбрана-напад да правиме.

Друга ствар што не чини е селекцијата на играчи.Па добро бе,кој ѓавол не тераше 3 пикера да земеме ?
Ебате тренерот мутав што дозволи една повреда цела игра и цел систем да му го поремети.Митков ни играше крило.........АЛО МИТКОВ.Срамота е тој и Сан Марино репрезентацијата да го има во тимот бе.Па уште и на крило игра.Бескорисен и во напад и во одбрана,да ставеа човек во инвалидска количка да игра подобро ќе изиграше.Не му текна и Георгиевски да го викне, кој рака на срце не е нешто посебно, ама барем е десно крило и не е инвалид ко трупов.Останавме само на Козла.
Бранче Ангеловски исто така неам појма кој кур бара во репрезентацијата.......па и Филип Лазаров. Имавме 4 тотално бескорисни играчи.
Трето што е труло е Шундо.Тој човек е антиталент за тренер.Додуше мора и да се признае дека тренрот се знае кој е кај нас и кој ги прави составите.Он е тука за мир у куќа.Нит е од Металург нит од Вардар,а им удоволува на постарите браќа.Да се немало осет кога да се вика тајм аут,да се измислува глупости со бирање на некои играчи.Па тој дозволи една повреда на Темелков да ни ја наруши целата игра.Цела одбрана ни беше 50% полоша од на ЕП.

Али тоа е тоа.Реков добро е можеби еден ваков реалити чек пред Австрија да добиеме.Под итно ни треба ремонт на екипата и ставање на тренер со муда и авторитет.Ако на некого не му одговара да игра без брат му нека не игра, па макар не се пласирале на СП.Нивна загуба е најмногу.
Морам да ти признаам уживам дури ги читам твоите постови стварно се реални :D Баш се слагам со тебе оти баш ние треба да играме брз центар имаме измислени играчи за таква игра: Манасков, Миркуловски, Темелков(Мојсоски), Кире како играч кој има одличен пас (го докажа тоа денеска со тие одлични додавања кон Манасков) а баш немаме играчи за позиционен напад кој како и самиот што кажа се ниски освен Кире и ние се крстиме во него ако изиграат фластер на него ние се губиме незнаеме како во напад бидејки 95% од нападите одат преку него, немаме некоја измена на бековската позиција па да можиме да смениме некој Филип или Мојсо...Се на се ова е една шлаканица за нас за отрезнување и да сватиме оти ни треба ремонт во екипата и на клупата пред квалификациите со Австрија на кој мораме да победиме....П.С. Кога пак ќе имаме пријателска утакмица дали знаеш? Ќе имаме само пред натпреварите со Австрија или и претходно?
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Никој не ги вреѓа ракометарите за тоа што прават дома, но и тоа како има да ја коментираме нивната очајна игра за Македонската репрезентација. Посебно на капитенот, најспремниот како што кажа и он, пошо другите не биле спремни.......
Тоа повеќе го пишав превентивно пошто видов дека веќе некој почна да коментира како требало да се откажат од репрезентацијата итн. Се надевам дека нема да има вреѓање, тоа би значело дека спортската култура иде во нагорна линија..
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
П.С. Кога пак ќе имаме пријателска утакмица дали знаеш? Ќе имаме само пред натпреварите со Австрија или и претходно?
Еј тоа стварно не знам........ би требало да имаме некоја пријателска.Сепак тогаш пола Европа ќе иде на припреми за да се подготвува за баражите.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Ај да речеш добра игра да имаа да се бореа да дадеа 100 % и да изгубеа од други прчини судии и даље ајде некако проаѓа ама мене поише ме нервираше играта катастрофа мизериија немам зборови ова не беше ракомет ова некој друг спорт кој поише грешки ке направи а не кој поише голови ке даде
Е тоа е тоа.
Да играа пожртвувано, со страст и желба па да изгубевме поради судии или поради нешто друго никому ништо. Спорт е се случува и тоа.
Зошто никој ишто не им рече кога изгубија од Германија или од Данска на ЕП. Зошто никој не им вика на кошаркарите за двата порази од Русија и за поразот од Шпанија?
Ама ајде следи Австрија, ОИ останаа сон, барем и СП да не остан сон.
 
Член од
1 април 2012
Мислења
212
Поени од реакции
549
Немам коментар.:facepalm:
Искрено не знам кој натпревар беше покатастрофален од сите 3.
Не се знае кој пие, кој плаќа.
Никаква организираност ни во напад ни во одбрана.
Кој дојде до топката тој шутира. Грешки колку душа ти сака.
Ако не се промени ваквата игра, дури се плашам дека и од Австрија ќе загубиме.

А Шундо најдобро нека си остане таму, да не се ни враќа.
Толку изгубен човек во времето и просторот немам видено.
Губиме со 3 гола разлика, нему око не му трепнува.
 

K.Warrior

Why So Serious?
Член од
25 јануари 2009
Мислења
415
Поени од реакции
675
Кај нас во ракометната репрезентација има премногу негативна енергија, што некако имам чувство дека не беше така со кошаркарите. Не сакам да споредувам, ама посплотени ми делуваа кошаркарите и после пораз и после победа ечеа соблекувалните. По поразот од Шпанија, соблекувалната ечела од “Излези момче“ и сите вработени се чуделе од позитивната енергија и покрај поразот. Они се забавуваа едни со други. Може некој нема да се сложи со мене, ама Марин имаше авторитет и стабилно го водеше кормилото, дури и да не се согласувал некој со него, немаше муабети и превртувања со очи. Дури и Бо играше како што ќе му биде кажано. Ред, рад и дисциплина викаат нашите северни соседи и мислам дека тука е и клучот. Чековски имаше безброј бунари, више не се ни памтат, ама не видов да му се дерат или да му превртуваат очи, туку напротив се охрабруваа меѓусебе. И Дамјан кога ја утна последната со Русија. Никој збор не му кажа, иако сите беа до некаде разочарани. Антиќ според мене одлично го држеше тимскиот дух на високо ниво. Кога се повреди Гечевски, имав чувство дека цел тим се повредил. Во ниеден момент не се двоеше никој од никого.

Не велам дека сум тотално во право, ама тоа беше мојот впечаток. Не сакам да одам оф-топик, ниту да споредувам, туку некој спомна, па ми текна да повлечам паралела.
Доволно е се сетиме на реакцијата по промашувањето на Д.Стојановски под кош против Русија...само што заврши мечот сите отидоа да го тешат,нормално дека беа крајно разочарани ама сите победуваат заедно и сите губат заедно...никој не се издвојуваше од другите.
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Морам да ти признаам уживам дури ги читам твоите постови стварно се реални :D Баш се слагам со тебе оти баш ние треба да играме брз центар имаме измислени играчи за таква игра: Манасков, Миркуловски, Темелков(Мојсоски), Кире како играч кој има одличен пас (го докажа тоа денеска со тие одлични додавања кон Манасков) а баш немаме играчи за позиционен напад кој како и самиот што кажа се ниски освен Кире и ние се крстиме во него ако изиграат фластер на него ние се губиме незнаеме како во напад бидејки 95% од нападите одат преку него, немаме некоја измена на бековската позиција па да можиме да смениме некој Филип или Мојсо...Се на се ова е една шлаканица за нас за отрезнување и да сватиме оти ни треба ремонт во екипата и на клупата пред квалификациите со Австрија на кој мораме да победиме....П.С. Кога пак ќе имаме пријателска утакмица дали знаеш? Ќе имаме само пред натпреварите со Австрија или и претходно?

Е фала богу, пред некој ден постирав дека би ги изненадил Шведите со нешто побрза игра. Но проблемот не е тоа нашиот Шундо немаше уважбано ништо неговите тактиќи беа - сега идеме во одбрана без исклучвања, одбрана добива, а која одбрана добива не е јасно??? 5-1, 6-0, 3-3, 3-2-1, одбрана добива а губиме со 2-3-4гола разлика :pos: Немаше потреба да ја тупат толку споро во напад. Киро ја удави топката во напад едноставно ја удави, каде што го спореше нападот ја навлекуваше и одбараната понапред а со тоа ги угуши и Миркуловски и Мојсовски. Шундо е big fail :facepalm:
 
M

Mario Gómez

Гостин
Ајде не се нервирајте, се ќе се среди. Со Австрија ќе се подобрат, но мора да научат и на гости да играат. :) Денешниов натпревар беше ревијален.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom