Повеќето да , но знаеме дека луѓето имаат два лика , така не ти верувам , ок за името ФИРОМ колку држави не нарекуваат така ? Зошто за време на претстојот на Калиопи во Баку , Азербејџан не се бунеа грци или пак да се жалат на организација , тогаш и еден новинар беше отпуштен од страна на грк директор зашто не подржуе , ок можеби грција ја има сила но не за долго
Ете ја моќта ....
--- надополнето: 10 јуни 2012 во 11:39 ---
Хахаха , нација од 1944 , добро бе вие како си ја добивте независноста , нели знаемо дека сте руска покраина , дека русите се бореа против османлии за "руска" покраина кои ве ослободија.До ден денес вие сте и захвални на русите , за ова имаше и руски филмови мислам ....
Добар период за нацијата ?!
Кога станува збор за културата, може да се каже дека значителен развој се забележува уште пред крајот на војната и формирањето на македонската држава, па така во 1944 година од печат излегле неколку списанија (Млад борец; Илинденски пакт; Македонка), излегува и првиот број на весникот “Нова Македонија“, потоа отворени се првата национална библиотека (Св. Климент Охридски) во Скопје, формирана е и “Македонската филхармонија“, а со емитување започнува и програмата на “Радио Скопје“. Веќе наредната година бил освнован “Македонскиот Народен Театар“ (а во наредните години биле отворени и Драмскиот театар и театарот на малцинствата). На 3 Мај 1945 година била објавена и првата азбука на македонски јазик, составена од 31 буква. Во јануари 1949 година се основа државниот универзитет “Кирил и Методиј“. Во меѓувреме излегуваат од печат и првите книги на македонски литературен јазик, се отвараат културно уметнички друштва, како и други културни и образовни инстиуции.