Каква превара од боксер е Кличко, 10 години користеше тоа што има долги раце за да ги држи на дистанца противниците без да влага многу во клинч и евентуално да нападне само ако осети дека се заморени од обидите да му се доближат. Кукавичка тактика која ја направи неговата доминација најдосадната ера во историјата на спортот. За да сега конечно се појават двајца боксери што имаат исто така долги екстремитети и многу нормално и двајцата да го победат, чисто да му покажат дека треба и малку машкост во овој спорт.
Честитки за Џошуа, мислам дека Пулев нема шанси против него иако баш би сакал човек од Балканов да стане шампион, меѓутоа мислам дека правиот дуел би бил со Вајлдер, тоа веројатно би била борба вредна за да се гледа.
Не заебавај, човек што 11 години по ред немаше пораз, 18 одбрани на шампионски титули во никој случај не може да се нарече превара од боксер. Таков му е стилот и тактиката, боксува на сигурно без многу удари и трошење или со еден збор неатрактивен боксер ама да се нарече превара е во најмала рака глупост.
Вчера на 41 година во една рунда од нокдаун и избројани 9 секунди можеше да го реши противникот, таков директ како што му залепи на Џошуа ретко се гледа.
Сепак возраста и тоа што во последно време немаше многу мечеви си го зема данокот меѓутоа вчера покажа зошто е мајстор и како што рече Игор, еден од најдобрите у историјата. Тоа дали имал конкуренција или не е друго и за тоа не ми се дискутира.
Синоќешниот меч беше прав спектакл и покажа на старите добри времиња коа боксерите се тепаа крвнички, одлична атмосфера и бокс пред се. И двајцата боксери разменија тешки удари, директот на Кличко светна до Париз ми се чини ама и аперкатот на Џошуа од црна земја беше за сите пари, како Мајк Тајсон. Имаше јака тепачка вчера у секој случај, на крај победи поиздржливиот-ќе речам.
Џошуа никако не смееше да си дозволи во една рунда од нокдаун-тиран боксер да изеде нокаут, малце фалеше да падне, да беше Кличко 2 години помлад ќе го легнеше без проблеми. Потоа докторот ја превзеде иницијативата, тепаше здраво, во еден момент 5-6та рунда ми се чини беше, го бутна црнецот и мислев ќе го докрајчи ама издржа овој. Па имаше едно 4-5 рунди ``одмор `` и таман помислив дека отиде мечот на судиска одлука која ќе беше апсолутно тешка да се реши, од нигде никаде се појави тој аперкат и го реши мечот.
Со овој меч заврши ерата на Кличко, мислам дека и самиот е свесен дека е послаб и мислам дека нема да се резили да боксува уште еден меч туку ќе си се повлече, јеби га, можеше да се повлече како шампион да не се појавеше онаа надрогирана свиња Фјури и во умрена утакмица да му ја земе титулата.
Џошуа има све за да доминира во следниот период, се надевам дека ќе продолжи да владее со тоа што веќе во следната борба ќе го патосира тоа гомно ирско доколку се оствари тој меч. 19/19 има Ентони, сите со нокаут.