ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Пошо обично тука доаѓаат чисто за да ја испоисплукаат религијата, ваљда ми се разви условен рефлекс да се ставам у дефанзиваНе се тревожи не те нападнав, кога зборував за егзистенцијални нагони на човекот зборував општо за човештвото, затоа и напишав дека сексот не би бил егзистенцијален нагон доколку се размножуваме со митоза. Не е точно дека во секоја книга го пишува тоа дека сексуалниот нагон не е егзистенцијален, читај го Фројд.
Не го нападнав ни твојот личен став кон религијата, само го кажав своето мислење, кое е различно од твоето, тоа е мое лично гледање на стварите и немој постојано да им кажуваш на луѓето дека не се информирани, ти не знаеш кој колку е запознаен со нештата.
Инаку она околу егзистенционалноста на сексуалниот нагон. Очигледно збориме за различни нешта. И го имам читано Фројд но, неговите размисли за сексот не може да се стават у ист кош со хиерархијата на мотивации(каде впрочем и стои она дека сексуалниот нагон не е егзистенционален за поединецот).
Не реков дека го нападна мојот став кон религијата, само ти образложив дека прашањата околу Бог и религијата кои ти си ги поставуваш, не си ги поставуваат верниците, па често е залудно и бесполезно да се дискутира околу такви прашања, кога поимањето за истите на едните и на другите е дијаметрално различно.
И да, она со непознавањето не се однесуваше на тебе. Затоа и го ставив у посебен ред(веројатно требаше да нагласам дека е општо, јбг мој пропуст). Како и да е, на заклучувам ја туку така дека не се запознаени, а напаѓаат.Нивното не-познавање просто "вришти" од постовите.Еве разгледај добро било која тема за христијанство и види колку и оние најватрените противници на христијанството знаат што всушност напаѓаат. И тоа едноставно не го разбирам. Зошто воопшто чувствуваат потреба да употребуваат такви тешки зборови и навреди за нешто кое ниту се присилени да го следат, ниту го познаваат, а најстрашно од се,не се обидуваат да се информираат ни за основните нешта пред да се впуштат у дискусија.