Божјиот план за спасение

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Не се тревожи не те нападнав, кога зборував за егзистенцијални нагони на човекот зборував општо за човештвото, затоа и напишав дека сексот не би бил егзистенцијален нагон доколку се размножуваме со митоза. Не е точно дека во секоја книга го пишува тоа дека сексуалниот нагон не е егзистенцијален, читај го Фројд.
Не го нападнав ни твојот личен став кон религијата, само го кажав своето мислење, кое е различно од твоето, тоа е мое лично гледање на стварите и немој постојано да им кажуваш на луѓето дека не се информирани, ти не знаеш кој колку е запознаен со нештата.
Пошо обично тука доаѓаат чисто за да ја испоисплукаат религијата, ваљда ми се разви условен рефлекс да се ставам у дефанзива:toe::)
Инаку она околу егзистенционалноста на сексуалниот нагон. Очигледно збориме за различни нешта. И го имам читано Фројд но, неговите размисли за сексот не може да се стават у ист кош со хиерархијата на мотивации(каде впрочем и стои она дека сексуалниот нагон не е егзистенционален за поединецот).
Не реков дека го нападна мојот став кон религијата, само ти образложив дека прашањата околу Бог и религијата кои ти си ги поставуваш, не си ги поставуваат верниците, па често е залудно и бесполезно да се дискутира околу такви прашања, кога поимањето за истите на едните и на другите е дијаметрално различно.
И да, она со непознавањето не се однесуваше на тебе. Затоа и го ставив у посебен ред(веројатно требаше да нагласам дека е општо, јбг мој пропуст). Како и да е, на заклучувам ја туку така дека не се запознаени, а напаѓаат.Нивното не-познавање просто "вришти" од постовите.Еве разгледај добро било која тема за христијанство и види колку и оние најватрените противници на христијанството знаат што всушност напаѓаат. И тоа едноставно не го разбирам. Зошто воопшто чувствуваат потреба да употребуваат такви тешки зборови и навреди за нешто кое ниту се присилени да го следат, ниту го познаваат, а најстрашно од се,не се обидуваат да се информираат ни за основните нешта пред да се впуштат у дискусија.
 
Член од
20 јуни 2005
Мислења
132
Поени од реакции
2

Да во ред, го поддржувам тоа дека има луѓе кои не се запознати со религијата и дека само слепо контрираат. Но, дали приметуваш дека има и верници кои немаат поима за што зборуваат. Анселм Кентербериски некоја 1060-та година го согледал ова па вика: "Мораме на неверниците да им докажеме умно, дека тие безумно се борат против нас...Мене ми се чини дека единствена немарност е ова: иако сме цврсти во верата, не тежнееме она во кое што веруваме и да го разбереме".
Јас себеси не би се нарекол верник, но кога доаѓа до тоа да решам дали во нешто ќе верувам или не, пробувам најпрвин да го разберам, па потоа да одлучам дали ова ми стои вистинито или не.
Околу тоа зашто има луѓе кои употребуваат тешки зборови против религијата, мораш да разбереш дека на овие простори долго време владеела марксистичката мисла, и она религијата е опиум за народот, (да не навлегувам сега во дискусија како е тоа сувопарно извадено од контекст).
 
LiquidHeII

хемичар
Член од
31 јули 2007
Мислења
178
Поени од реакции
3
има едно тврдење, наречено апокатастаза, сопред кое на Судениот ден Бог нема никој да прати во пеколот, бидејки ќе им прости на сите за се.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
има едно тврдење, наречено апокатастаза, сопред кое на Судениот ден Бог нема никој да прати во пеколот, бидејки ќе им прости на сите за се.
Ориген Адамантије- библиски критичар според чие мислење историјата на целиот свет ке се врати во првобитна состојба(апокатастаза) заради сеопшто спасение,вклчувајки го Ѓаволот. Уште едно погрешно библиско учење или шпекулација.
Малце е оф топик ама еве пример дека се работи за обична шизофренија.
Апокатастаза (Љубчо Георгиевски)

Три илјади и петстотини килограми Тринитротолуол
Поставени Под името на историјата
Конечно ја задавивме уметноста
Бог е добар, Бог простува СИ
 
Член од
16 март 2007
Мислења
317
Поени од реакции
20
Кога се читаат посланијата на Павле, мора да се има во предвид и времето, т.е историската рамка во која се пишувани. Значи се работи за период кога христијанството како религија било во зачеток, и за да се зацврсти и рашири било неопходно да се расчисти со паганството, идолопоклонството и да се отвори патот за тогаш новата религија во места од светот кои немале никаква врска и познавање од истата. Значи неопходни биле "упатства" од тој тип, а Павле бил пропагатор на некој начин (во позитивна конотација на зборот). Затоа не треба да го судиме и да го обвинуваме за наметнување. Особено затоа што тоа време е далеку позади нас.
Убедена сум дека нема потреба да се наметнува било која вера на некој друг. Сосема е доволно самите да веруваме и да се држиме цврсто до тоа. Ако некој несака да верува во Бог и Исус, негов избор, негово право. Нема зошто да се присилува. А, уште помалку да се "заплашува" со последиците од неговото не-верување и да му се вели дека е грешен и ќе пати. Со тоа судиме и се ставаме над врховниот судија Бог. А, истовремено може многу лесно да западнеме во излузија дека Бог ни дава право да напаѓаме други, дури и да одзимаме животи, ако не веруваат како нас. Па, на тој начин, се враќаме у Среден Век и да се претвораме во безумни фанатици.
За мене, секој е своја Црква. Сам си го создава патот кон спасението и нема потреба да ги "конвертира" другите. Штом христијанството се темели на слободната воља, која сум јас, и кој е било кој друг, да ја ограничува туѓата слободна воља?
Извини, ама вакво релативизирање на верата ги носи луѓето во Пеколот. Нема кај Бог за мене е вака за друг христијанството е нешто сосема друго, Бог своето го кажал во Библијата.Секакво релатовозорање носи во пропаст.
А ситуацијата од времето на ПАвле до денес не е нешто многу сменета, и денес има паганство, и денес има бајачки и денес луѓето не го сфаќаат Бог сериозно.
А ако на некој му кажеме како може да се спаси, за што и беше наменет постот во почетокот, не значи дека сме во Среден век или дека некого напаѓаме, туку дека тој кој што го објавил постот сакал повеќе луѓе да се запрашаат дали се спасени во Христос и ако не се да преземат несто околу тоа.:wink:
 
А кој е твојот проблем со паганството? Во времето на Павле паганите ги убивале христијаните, во Средниот век паганите биле прогонувани и убивани од страна на христијаните. Јас колку што знам сега секој легитимно може да си се изјасни како сака и да не стравува дека некој ќе дојде и ќе го запали на клада затоа што рекол дека ќе му се поклонува на Зевс, Јупитер, Тор или било кој друг познат и непознат бог. Ако ти веруваш во христијанскиот бог не значи дека сите треба да веруваат во него, да го почитуваат и да го сфаќаат сериозно. Има и други религии и други убедувања, а ти размислуваш како инквизицијата што размислувала во 11-ти век.
Околу тоа што го кажал бог во библијата, јас ќе ти кажам нешто друго. Си слушнала за Константин Велики? Тој е едитор на библијата, ги собрал светите отци седнале во една просторија и рекол, ај сега да земеме да ги изгладиме колку може повеќе работите помеѓу римската тогашна вера која била паганска и христијанството кое земало се поголем замав. И така денес библијата што можеш да ја најдеш насекаде е едитирана некаде 300 години после Исус.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Извини, ама вакво релативизирање на верата ги носи луѓето во Пеколот. Нема кај Бог за мене е вака за друг христијанството е нешто сосема друго, Бог своето го кажал во Библијата.Секакво релатовозорање носи во пропаст.
А ситуацијата од времето на ПАвле до денес не е нешто многу сменета, и денес има паганство, и денес има бајачки и денес луѓето не го сфаќаат Бог сериозно.
А ако на некој му кажеме како може да се спаси, за што и беше наменет постот во почетокот, не значи дека сме во Среден век или дека некого напаѓаме, туку дека тој кој што го објавил постот сакал повеќе луѓе да се запрашаат дали се спасени во Христос и ако не се да преземат несто околу тоа.:wink:
Нека ми се опрости ако релативизирав. И многу нормално дека слободните лични тумачења водат до еретизам.
Сепак цитативе,извадени вака од контекстот, на луѓето кои не се запознаени со верата можат да им створат отпор. Затоа што иако стравот од Бога е еден од првите чекори кои водат до Неговиот пат, сепак може кај некои да створи уште поголем отпор. Затоа пред да се склопуваат "прирачници" од типот ко првиот пост на темава, треба малку поубаво да се објаснат некои работи.
Штом некој ја прочитал Библијата, и одбрал да верува, нема да има причина да си го преиначува она што го пишува во Библијата. Нема да има воопшто потреба.
Али вака суво извадени од целината, даваат причина некој кој неверува да ги напаѓа и да осети поголем отпор. И на крајот од краиштата, не се доволни набројаниве нешта за Божји спас. Така да и самиот автор на темава, можеби ги релативизира нештата.
 
XENIA

IHS
Член од
26 јануари 2007
Мислења
100
Поени од реакции
4
Ev po Jovan 3
16 Зашто Бог толку ги засака луѓето од овој свет, што го даде Својот Единороден Син, за да не загине ниту еден што верува во Него, туку да има вечен живот. 17 Бог не Го испрати Својот Син во светот за да го осуди светот, туку да го спаси преку Него. 18 Ниту еден што верува во Него нема да биде суден. Оној пак што не верува, веќе е осуден, затоа што не поверувал во Единородниот Божји Син.

Во овие стихови кратко и јасно е запишан Божјит план за спасение на човекот.

Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Се е дел од Божјиот план за спас на одбраните, според Библијата.Нема место за слободна волја.Ова ќе го поткрепам со јасни цитати од библијата во корист на тезата дека нема слободна волја, има многу но сега ги најдов овие.
послание до Ефесјаните 1-3
зошто Не избра во Него, пред создавањето на светот, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубов.Како што не определи однапред...
бевме избрани за наследници зашто бевме определени однапред ( во некои преводи стои предодредени) со одлуката на Оној, кој прави се по советот на својата волја, за да бидеме за пофалба на Неговата слава...
имено негово дело сме создадени во Христа Исуса, за добри дела, кои Бог ги подготви однапред, за да живееме во нив.
второ послание до тимотеј1-9
кој не спаси и не повика со свет повик...пред вечните времиња...
послание до римјаните 8-28
Но знаеме дека сите работи содејствуваат за добро на оние кои го љубат Бога, кои се повикани по негова намера, зашто оние кои ги познаваше однапред, нив и ги предодреди да се преобразат според ликот на неговиот син...а оние кои ги предодреди, тие и ги повика...
9-14
и така што ќе речеме?Има ли неправда во Бога?Да не биде!зашто му вели на Мојсеја ЌЕ ГО ПОМИЛУВАМ, КОГО ГО ПОМИЛУВАМ И ЌЕ ГО СОЖАЛАМ КОГО ГО СОЖАЛУВАМ.СПОРЕД ТОА, НЕ ЗАВИСИ ОД ОНОЈ КОЈ САКА, НИТУ ОД ОНОЈ КОЈ ТРЧА, ТУКУ ОД МИЛОСТИВИОТ БОГ....ПА ТАКА МУ ИСКАЖУВА МИЛОСТ КОМУ САКА, А КОГО САКА ГО ПРАВИ КОРАВ.СЕГА ТИ ЌЕ МИ РЕЧЕШ тогаш зошто укорува?Зашто КОЈ МОЖЕ ДА МУ СЕ ВОСПРОТИВИ НА НЕГОВИОТ СОВЕТ?ТА КОЈ СИ ТИ О ЧОВЕКУ ДА ОДГОВАРАШ ПРОТИВ БОГА? ЗАР РАКОТВОРБАТА ЌЕ МУ РЕЧЕ НА СВОЈОТ ТВОРЕЦ зошто си ме направил така?ИЛИ ЗАР ГРНЧАРОТ НЕМА ВЛАСТ НАД ГЛИНАТА, ОД ИСТАТА СМЕСА ДА НАПРАВИ ЕДЕН САД ЗА ЧЕСНА, А ДРУГ ЗА НЕЧЕСНА УПОТРЕБА?а што ако Бог-сакајќи да го покаже Својот гнев и да ја пројави Својата сила- со долготрпение, ги трпел садовите на гневот, приготвени за погибел, за да го пројави истовремено богатството на Својата слава над садовите на милоста, што ги приготвил отпорано за слава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom