Целта ми е да изгубам тежина пошто имам и сало на мене и сакам да бидам lean за летово. Знам дека има многу калорични посни јадења но и ќе гледам колку калории сум изел. Да ја задржам сегашната тежина ќе ми биде 2700 калории на ден, а да изгубам по 1 кило неделно ќе ми биде само 1800 калории (172см, 76.5кг). Не се многу тие за губење на тежина мислам. Некојпат и онака заборавам да јадам па мислам нема да биде проблем. Зимава веќе бев на bulk.
Јас веќе имам мускулна маса, па затоа сакам и да ослабам.
17 дена веќе поминаа од кога почнав со 1000кал дефицит и веќе имам ослабено 2-3кг сало. Можам да препознам преку намаленото сало на стомак, стомачните мускули можам да ги чувствувам со допир. Претходно не сум можел.
Side-ефекти немам од големиот дефицит и немам намера да зголемам на калории. Протеин во прав земам да не губам на мускулна маса.
Креатин исто така земам и когнитивно има осетлива разлика, пример ако не сум наспан помалку ефекти имам споредено со претходно.
Со постењето е полесно отколку што мислев, првата недела поминав без масло и сега сум со масло и има многу повеќе опции за исхрана.