Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
26 август 2008
Мислења
2.165
Поени од реакции
58
не бе па ти не реков дека се штетни само едноставно немам потреба од такви нешта, нели природното е секогаш подобро, исто ко да пиеш апчиња за спиење секоја вечер од едноставна причина што те мрзи да почекаш да ти дојде сонот, а и плус у такви околности живеам и понекад знаат некој од моиве другари знаат да посочат некој што е развиен "еј ене го оној на стереоди", а и плус тоа ми е како еден вид предизвик за да им докажам дури и на тие што конзумираат дека не е се во тоа, дека има и друг начин
a moze li da mi objasnis sto e toa PRIRODNO i kade moze da se nabavi?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.794
Поени од реакции
12.276
Суплементите и вежбањето одат заедно не се лажете дека само со седење и конзумирање на протеинче ќе постигнете резултати.
Кога ќе го споредам ова што го кажа со она што едно момче ми го објаснуваше (моментално на диета, но обавезно со додатоци-протеини, а истовремено со напорни физички вежби), гледам дека на исто му иде. И неговото кажување беше -не можеш ако сакаш големина да се храниш само со секојдневно, од фрижидер. Оти, вели треба секој ден по кило месо да јаде...и ќе јаде еде, два, три дена. Цела недела, кај може цело кило дневно да се изеде...многу е, не се поднесува. Ниту пак е многу ефтино, кило месо без грам маснотија, најчистото. Затоа тие што се големките во теретана, сите земаат такви додатоци.
Значи и неговото мислење (а и на другите) се поклопува со твоето Марко.
А јас, тегни, тегни, дигај, поти се, без додатни протеини само го зацврснувам телото и го навикнувам на напрегање. Но за (енормно) зголемување на мускулна маса, тешко.
 

MileJebo

Complete
Член од
7 декември 2008
Мислења
231
Поени од реакции
41
Колку точно само, исто како јас да пишам но кој не вежбал не знае нека пробаат да пијат суплементи, а без да вежбаат па да видат дали ќе ги постигнат резултатите... знам дечки мрзи прави ,а имаат пари па слушнале дека со суплементи се постигуваат добри резултати па зимаат по неколку туби и сега се како крмнаци без никаква градба, само на маса, тоа не е ни градба, дивоградба :tapp: Суплементите и вежбањето одат заедно не се лажете дека само со седење и конзумирање на протеинче ќе постигнете резултати. За природно сум и јас, и јас кога сум настинат гледам што помалку да користам антибиотици но понекогаш премногу време треба, а сега со понапредна медицина не е потребно да се ставаме на такви маки. А сега во врска со вежбањето сакам да го искористам максимумот од мене и затоа земам суплементи, но правите разлика помеѓу суплементи и стероиди. За стререотипите, што викаш дека живееш во такви околности потполно те сваќам бидејќи знам колку ми е тешко да му докажувам на некои луѓе кои имаат свој филм во главата и никакви факти и докази не им влијаат на тоа да ги разубедиш. Јебига секогаш ќе има такви :tapp:
Brat kako prvo da ti kazam mnogu biseri nalupa. Da ne ti gi nabrojuvam u sekoj slucaj na dve mesta ke te koregiram. Prvo i osnovno taa tvoja divogradba a so se odnesuva na MASA! e sostaven del na sekoj pokvaliteten bodybilder, nitu eden bb ne ja postignal taa extra forma bez odreden period da pomine na MASA! Vo toj period nie ja zgolemuvame muskulnata masa, a vo periodot na defka so site sili se obiduvame da gi isfrlime mastite so sto pomalku zaguba na cistata muskulna masa. I veruvaj suplementite sto gi koristis ne se ni priblizno do ona sto ti go narekuvas Maksimum a veruvaj toj MAksimum vo bb i ne sakas da go zapoznaes(se misli na hemijata, i hard core bodybilding life). :helou:

Кога ќе го споредам ова што го кажа со она што едно момче ми го објаснуваше (моментално на диета, но обавезно со додатоци-протеини, а истовремено со напорни физички вежби), гледам дека на исто му иде. И неговото кажување беше -не можеш ако сакаш големина да се храниш само со секојдневно, од фрижидер. Оти, вели треба секој ден по кило месо да јаде...и ќе јаде еде, два, три дена. Цела недела, кај може цело кило дневно да се изеде...многу е, не се поднесува. Ниту пак е многу ефтино, кило месо без грам маснотија, најчистото. Затоа тие што се големките во теретана, сите земаат такви додатоци.
Значи и неговото мислење (а и на другите) се поклопува со твоето Марко.
А јас, тегни, тегни, дигај, поти се, без додатни протеини само го зацврснувам телото и го навикнувам на напрегање. Но за (енормно) зголемување на мускулна маса, тешко.
Ne se otkazuvaj, i ne se zalzauvaj oni imaat poveke vreme, zimaat ova zimaat ona. Sekogas se moze ako se saka. Jas bi ti preporacal edna dobra sistematizacija na kvalitetetna i hranliva lista na ishrana koja ke ja konzumiras vo tekot na denot. Dovolno e vo denot da vneses proteini vo kolicina od x2(puta dva, ako si 70kg toa znaci 140g prot dnevno, a vo 250g belo meso imas 50g prot, da ne nabraojuvam ostatokot na prozivodi koj gi konzumiras) od tvojata telesna tezina da imas znacitelen napredok, i rast na cistata muskulna masa, a smetam deka toa i nee nesto sto e premnogu skapo i nedostizno(sekako vnimavaj i na JH i kvaliteten trening)
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Ок е тоа знам како оде процесот, и ги разликувам тие што напредуваат но некои едноставно постојано се исти.
А со тоа максимумот едноставно така ми дојде, јасно ми е дека неможам да направам којзнае што но како што кажав погоре опкружувањето не дозволува повеќе :) и незнам дали имам пишано но јас не одам на тело (огромно и масивно) како на шварценегер, руни кулеман и слични јас преферирам накај атлетско издефинирано тело, нешто како Nick Auger, аватарот.
Поздрав:smir:
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Ајде и јас на ред да прашам...
Имам еден другар,почна да оди во теретана со мене и секој ден го мачам со вежбите,пошо голема мрза е,не ги прави сите вежби по ред,туку ги скока...
Башка и многу дебел е,како крмак пред колење е :pos2::pos2:
Кажете некој ефективен топач на масти за него,ме праша мене вчера и не знаев да му кажам кој е,пошо ја по тоа не сум :kesa:
Некој да ме удоволи со прашањево или кој ме врти мене....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.794
Поени од реакции
12.276
A-C-A-B јас не сум воопшто искусен во смисол на разлагање и искористување на материите, проценти на удел во исхрана...Но од сопствено искуство (иако метаболизмот на ваша возраст е доста побрз отколку кај мене-што е плус за слабеење) може да ти кажам дека
од вежби во теретана не се слабее, ако исхраната си е иста.
од намалена исхрана се слабее, ама се расшлампуваш, ако невежбаш (аеробно, анаеробно)
За слабеење далеку поефикасно е аеробното вежбање, трчање, возење велосипед, пливање... (ако те интересира зошто аеробно-анаеробно и кои се предности и маани види на википедија, има доста за тоа).
А ако веќе оди во теретана, нема прескокнување на вежби. Нема направи 5-6 пати и толку, поминав од редот. Тогаш поарно за тоа време да практикува пешачење неколку километри, поефикасно е отколку божемно дигање тегови.
Дури и да во теретана има вежби кои трошат повеќе, на пример вежбање трицепс или бицепс (рацете) троши многу помалку отколку вежби за нозе или за грб.

На тоа ако се додаде одредена физичка активност вон теретана (помош кај другар за носење, ѕидање, преместување, работа во двор...(банални но ефективни работи) и ако до теретана и назад вози велосипед, тогаш ќе намали килажа.
Јас не можам така лесно ради тоа што реков мојот метаболизам е забавен, не е ист со оној на млад човек.
Исто погоре и Марко и МилеЈебо рекоа за исхрана. Исхрана прави па да не претерам 60-70% од можноста за слабеење, се друго е на физичка активност и слично.
Значи наместо леб и паштета, мајонез и салама, сендвич..., банана, цитрон, пола до една лажичка јаболков оцет-разблажен, чај зелен, коприва...никаков сок, посебно не газиран-наместо тоа, исцеден портокал, лимон, јаболко...повеќе риба-сина, морска, дава чист протеин и нејзиното масло исто така многу помага.

На тој начин (погоре опишаниот) лани симнав 10-12 кила, но ради одредени причини морав есеноска и зимоска да лежам и да не се напрегам, па качив бааги.
Сега сум 93 или 93.5 а бев 95. За месец, месец ипол (на моја возраст) симнав кило-кило ипол (за тоа пола кило не сум сигурен). Значи лани се симнав на околу 82-85, за мене одлична тежина према висината. А симнав преку дневни активности -идење у теретана, до таму (километар) трчање, па дома цел ден реновирање, мкнење регали, дрвенарија, рамнење ѕидови (по скоро цел ден)...цело лето. А посебно на ова шлагот беше во Охрид каде удрив на пливање, пешачење и секако пак внимавање што јадам. Значи не ми беше проблем да зголемам обем на рака...сето тоа е полесно кај мене, оти имам и без вежбање такви предиспозиции. Проблем ми беше маснотијата.

Со ова темпо сега (поспоро од лани) полека симнувам оној вишок кој ме тераше да се задишам по скали. Исто така го зацврснувам телото, надворешните мускули, но и внатрешните органи се прилагодуваат на вежбање и напор. Ако пешачиш со него, нека пешачи здраво, исправено-стегнато, не како желка. Од тоа инаку ништо. А за да го натераш, тешко. Тој мора сам да си постави цел, инаку сето тоа е командувано преку мозокот, џабе и најдобриот фитнес тренер ако нема волја и желба...и цел.

Тоа е мојата приказна, не знам дали ти помогнав. Ова не е од аспект на професионалец, туку од обичен малку згоен средновечен човек кој решил да не старее така лесно и да си зачува здравје.

Ако пак сака мускули...тоа веќе е формула која дечките погоре ќе ти ја објаснат. Веј протеини, појачувачи на снага...за маса, па чистење за дефиниција...има цела наука за тоа. Диета за маса, диета за дефиниција, што би рекле диета за слабеење, фигура, ставање маса...ептен е сложено за попорфесионално бавење.
Дај му да чита статии, примери, ефекти од разни продукти и вежби...како делуваат кетоните, како протеин се разлага, па преку џигер иде ваму или таму...има извори на нет.
Само немој со ефедрини и слични ствари, оти удираат на се живо во телото, од тоа што прочитав за нуспојави не се нималку наивни.

За фатбрнери нека ти објаснат исто момциве оти немам земано, а ми кажаа дека биле за топење на маснотии ама за нуспојави и ефекти не знам.

За поозбилна работа едноставно треба да си као со медицински факултет, да познаваш анатомија, интерна медицина...нутриција. Интересно но и сложено.

Пуу, цела страна, ми тргна од сабајлечки.
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
911
Поени од реакции
173
a moze li da mi objasnis sto e toa PRIRODNO i kade moze da se nabavi?
природно ти е внесување на протеини и аминокиселини преку исхраната наместо преку таблети/капсули и сирупи, и можеш да го набавиш на пазарче или у веро:helou:
 

Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168
хмм ај да речеме 'природно' можете со храната да внесете 150 гр протеини на ден, ако додадеме 2 лажички чист протеин(значи 2х25 гр) вкупно имате 200 гр протеини што не е мала разлика во однос на 150.
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Или пак едно јајце содржи 6,3 гр протеини,4,9 гр маснотии, а една дозерка протеин отприлика 24 гр. Некако многу јајца ми се чини дека треба да изедам за да ги изедначам количините:nesum:
 
Член од
18 март 2009
Мислења
1.120
Поени од реакции
343
Абе се отепав од барање збирање множење делење и пак малце протеини ми излагат. Пр 500 мл млеко 2 јајца 200 мл јогурт имат 35 г протеини. Мене ми требат до кај 100(еве и 80 нека бидат) шо значи секој ден треба да јадам 1 л млеко 4 јајца 400 мл јогурт и плус уште нешто. А на некој шо му требат 200 не знам како ќе ги внеси преку храна треба ко вол да јади. А прочитав по интернетов дека вишокот протеини ги расипува бубрезите. Затоа не земајте колку шо треба и не треба оти да не добијате тело а да дајте бубрези.
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
479
Поени од реакции
140
Абе се отепав од барање збирање множење делење и пак малце протеини ми излагат. Пр 500 мл млеко 2 јајца 200 мл јогурт имат 35 г протеини. Мене ми требат до кај 100(еве и 80 нека бидат) шо значи секој ден треба да јадам 1 л млеко 4 јајца 400 мл јогурт и плус уште нешто. А на некој шо му требат 200 не знам како ќе ги внеси преку храна треба ко вол да јади. А прочитав по интернетов дека вишокот протеини ги расипува бубрезите. Затоа не земајте колку шо треба и не треба оти да не добијате тело а да дајте бубрези.
Еве ти еден обичен план за 100-150грама, се хранев јас слично како ова кога одев порано на теретана:


1во јадење:4 јајца (15гр протеини)
2ро јадење: Туна во конзерва (20гр протеини)
Пред теретана:Ориз100-200грама (10гр протеини)
После теретана:Пилешко или јарешко месо(30-40 гр протеини)....(важно да е храна што содржи повеке протеини)
навечер:Компир и копан(10-15гр протеини)
и пред спиење 2 чаши млеко (10гр протеини)
Вкупно:(Околу 100-110 гр протеини)

Е сега според мене толку би требало да биде....
 

Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168
Еве ти еден обичен план за 100-150грама, се хранев јас слично како ова кога одев порано на теретана:


1во јадење:4 јајца (15гр протеини)
2ро јадење: Туна во конзерва (20гр протеини)
Пред теретана:Ориз100-200грама (10гр протеини)
После теретана:Пилешко или јарешко месо(30-40 гр протеини)....(важно да е храна што содржи повеке протеини)
навечер:Компир и копан(10-15гр протеини)
и пред спиење 2 чаши млеко (10гр протеини)
Вкупно:(Околу 100-110 гр протеини)

Е сега според мене толку би требало да биде....
не ти се баш точни количините на протеини во таа храна
100мл млеко има 3 гр протеини, значи 2 чаши се 2х300мл=18гр протеини
едно јајце има околу 6гр протеини, значи 4 јајца=24 гр протеини
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
479
Поени од реакции
140
не ти се баш точни количините на протеини во таа храна
100мл млеко има 3 гр протеини, значи 2 чаши се 2х300мл=18гр протеини
едно јајце има околу 6гр протеини, значи 4 јајца=24 гр протеини
Благодарам на исправката:helou: е според ова вкупниот износ ке биде околу 130 гр протеини а има и некои работи што не сум ги додадел така да ако се сака и ако се има волја може и со добра исхрана да имате видливи резултати.:helou:
 
Член од
2 април 2007
Мислења
2.875
Поени од реакции
4
dali nekoj moze da mi kaze kako da gi zgolemam muskulite obemot na nozete co vezbi koi mozam doma da gi pravam.
fala odnapred.
dali e okey vozenje tocak ili dr. stvari
 

Kajgana Shop

На врв Bottom