Сакам да подискутираме ако има заинтерсирани за muscle memory теоријата и што мислите околу неа.
Е сега што е muscle memory за оние кои не знаат.Конкретно ММ теоријата се состои од тоа што кога некоја активност(во случајов развивање мускули)сме ја практикувале во одреден дел во животот која после подолг период сме ја занемариле и сега почнуваме повторно да ја активираме дава побрзи резултати одколку некој кој ја запознава за прв пат.Да ви биде појасно,пример сум вежбал посериозно бодибилдинг пред 4-5години и сум направил пауза се до сега,кога почнувам да тренирам повторно од овој момент многу побрзо почнувам да градам мускулна маса за разлика од некој кој сега почнува со бодибилдингот.Детално уште не е ништо познато и потврдено,но се смета дека мозокот за време на правење на некоја активност испраќа одредени невролошки сигнали и ги зачувува кои после подолго време ако повторно се активираат придонесуваат за побрз напредок и враќање на формата за разлика од некој кој тоа штотуку го почнува.
Уште еден попрост пример:Како мали сте возеле велосипед,но да речеме околностите биле такви што 20години не сте возеле точак и кога ќе пробате да возите после толку долго време,секако,ќе имате малку проблеми на почеток но многу побрзо и полесно ќе се вратите во својата форма за разлика од некој кој штотуку ќе почне да учи возење велосипед.
Искрено според мене мислам дека држи вода оваа теорија имам и осетено по себе,но сепак,сеуште е само теорија,и како истата,бодибилдингот неможе да се спореди со возење на велосипед,но кога е мозокот во прашање се е можно.