Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Ова вежба не ми изгледа толку ефективна :/ Има некоја друга вежба за нив?
И успат дали е ефикасна вежба за стомачни да бидиш поставен во Push Up положба само не на дланки туку на лакти и да издржиш 1-2 минути?
Тоа е поише за грбот ја ко шо знам.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Ова вежба не ми изгледа толку ефективна :/ Има некоја друга вежба за нив?
И успат дали е ефикасна вежба за стомачни да бидиш поставен во Push Up положба само не на дланки туку на лакти и да издржиш 1-2 минути?

Втора,послаба варијанта да ги вежбаш тие стомачни е таа што кажуваш ти,но со таа ги вежбаш и сите стомачни мускули.

Зошто мислиш дека не е ефективна ? кај мене е супер,не ми излегоа тие како што ги гледаш по слики тие маникените,али фала богу,2-3 недели ги вежбам,како да излезат така ? башка не сум толку чист.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Хм... извини Educate dont discriminate може да поставиш некое видео ако има на YouTube... дане имам нешто погрешно сватено :/
Еве,вака,само таа рака нека ти биде на колкот,и буткај го напред,да не ти отиде колкот/гзот назад.

Член од
1 јануари 2012
Мислења
193
Поени од реакции
31
Ахам фала мн. Ќе ја практикувам ова вежба месец и ќе ти кажам дали ќе има барем мали резултати (y)
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
3.833
Поени од реакции
1.325
Ај појасни ?
Не бев во контекст, али ако станува збор за стомачните вежбај ги нормално, на нормално мислам форсирање и лева и десна страна, немој да ја форсираш например десната страна повеќе, нема да функционира, све ти е генетски, едни ти се поголеми едни ти се помали, кај секој е различно... Ако веќе станува збор за стомачни пошо не сум у контекст....
 
Прашуваше за пиштолите,ако незнаеш кои се тие,оние накај Столе што идат(или како и да е името на твојот:icon_lol:)

не му кажав на двете страни,али ваљда има некоја логика,дека треба двете страни да ги вежба...:)
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Левата града пупката ми е отечена и ме боли кога ќе ја допрам веќе 1 месец...преку телефон со докторка од клиника зборев ми рече можно да е од премногу внесување на протеини или хормонално(не и кажав ништо дека вежбам ,па според тоа да го донела тој заклучок)...не внесувам никакви суплементи ,протеини ,креатини.

Но последниов еден ипол месец повеќе внимание обрнувам на храната и се обидувам што е можно повеќе протеини да внесувам. Можно ли е да ми е од тоа ? Сте имале такви искуства ? Организмот да не ми е навикнат па наеднаш бум и вака да ми изреагира ?

Да не изгледа дека бегам од темата па да ми пратите предупредувања ,сте имале ли вакви искуства ?(уште еднаш да напишам ,за секој случај)
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058

Од протеини не постои никаква штета поврзана со градите, едино е можно да имаш проблем со бубрезите, и тоа е се. Но тоа е после долго време (10 години) внесување на поголема количина на протеини од потребното.

Болката што ти ја имаш, доколку навистина е хормонално пореметување, е покачен естроген (женски хормон) но колку што знам треба да имаш болка и во двете гради (пупки) истовремено.

Затоа најдобро да отидеш на стручен и упатен лекар, а не кај оној што ти рекол дека протеините можат да направат ваков проблем.
 
L1quiD

Only Trees Grow Naturally
Член од
17 мај 2010
Мислења
139
Поени од реакции
108
Левата града пупката ми е отечена и ме боли кога ќе ја допрам веќе 1 месец...преку телефон со докторка од клиника зборев ми рече можно да е од премногу внесување на протеини или хормонално(не и кажав ништо дека вежбам ,па според тоа да го донела тој заклучок)...не внесувам никакви суплементи ,протеини ,креатини.

Но последниов еден ипол месец повеќе внимание обрнувам на храната и се обидувам што е можно повеќе протеини да внесувам. Можно ли е да ми е од тоа ? Сте имале такви искуства ? Организмот да не ми е навикнат па наеднаш бум и вака да ми изреагира ?

Да не изгледа дека бегам од темата па да ми пратите предупредувања ,сте имале ли вакви искуства ?(уште еднаш да напишам ,за секој случај)
Можно е да си ја иритирал додека си трчал, потта ти се лепи на градите па доаѓа до триење, а доколку е лош материјалот на облеката уште повеќе се иритира. Друго можно е да биде гинекомастија проследена од хормонално пореметување со што ти отекува брадавицата и создава болка на допир. Потоа, можно е циста, каде што е потребно отстранување на течноста на истата со игла. Незнам зошто толкав период си чекал, но ако имаш оток толкав период дефинитивно треба да прашаш лекар наместо нас да ни се фалиш колку протеини си внесувал.
 
П

Пепси_

Гостин
guys....кажувајте вежби за долниот дел од стомачните т.е. накај стојко како шо пиша некој шо идат :pos:

сериозно многу малце ми се опфаќаат со оние стандардни вежби сакам стрикно за тие да пробам . молам за одговор ако може
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
guys....кажувајте вежби за долниот дел од стомачните т.е. накај стојко како шо пиша некој шо идат :pos:

сериозно многу малце ми се опфаќаат со оние стандардни вежби сакам стрикно за тие да пробам . молам за одговор ако може
Скролај нагоре.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Левата града пупката ми е отечена и ме боли кога ќе ја допрам веќе 1 месец...преку телефон со докторка од клиника зборев ми рече можно да е од премногу внесување на протеини или хормонално(не и кажав ништо дека вежбам ,па според тоа да го донела тој заклучок)...не внесувам никакви суплементи ,протеини ,креатини.

Но последниов еден ипол месец повеќе внимание обрнувам на храната и се обидувам што е можно повеќе протеини да внесувам. Можно ли е да ми е од тоа ? Сте имале такви искуства ? Организмот да не ми е навикнат па наеднаш бум и вака да ми изреагира ?

Да не изгледа дека бегам од темата па да ми пратите предупредувања ,сте имале ли вакви искуства ?(уште еднаш да напишам ,за секој случај)
ако имаш 14-15-16 години природно се случуа така ради пубертетот и се јавува еден вид гинекомастија со пупка болна на допир и како мало чворче под неа можеш да напипаш најчесто ништо страшно пониво самото со време.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Сакам да подискутираме ако има заинтерсирани за muscle memory теоријата и што мислите околу неа.

Е сега што е muscle memory за оние кои не знаат.Конкретно ММ теоријата се состои од тоа што кога некоја активност(во случајов развивање мускули)сме ја практикувале во одреден дел во животот која после подолг период сме ја занемариле и сега почнуваме повторно да ја активираме дава побрзи резултати одколку некој кој ја запознава за прв пат.Да ви биде појасно,пример сум вежбал посериозно бодибилдинг пред 4-5години и сум направил пауза се до сега,кога почнувам да тренирам повторно од овој момент многу побрзо почнувам да градам мускулна маса за разлика од некој кој сега почнува со бодибилдингот.Детално уште не е ништо познато и потврдено,но се смета дека мозокот за време на правење на некоја активност испраќа одредени невролошки сигнали и ги зачувува кои после подолго време ако повторно се активираат придонесуваат за побрз напредок и враќање на формата за разлика од некој кој тоа штотуку го почнува.

Уште еден попрост пример:Како мали сте возеле велосипед,но да речеме околностите биле такви што 20години не сте возеле точак и кога ќе пробате да возите после толку долго време,секако,ќе имате малку проблеми на почеток но многу побрзо и полесно ќе се вратите во својата форма за разлика од некој кој штотуку ќе почне да учи возење велосипед.

Искрено според мене мислам дека држи вода оваа теорија имам и осетено по себе,но сепак,сеуште е само теорија,и како истата,бодибилдингот неможе да се спореди со возење на велосипед,но кога е мозокот во прашање се е можно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom