Да, комплетно сосе листови. Не чини да ги двоиш во повеќе денови вежбите за нозе, најубаво се работи се во еден ден од неделата, ти сам ќе го одбереш (и во која комбинација). Еве, како што предложи, сабота нека е.
Затоа што за време на викенд луѓето обично најмногу време имаат за себе, па ми дојде чудно зошто ги оставаш за одмор. А најмногу можеш да искористиш баш тогаш.
Исто, добро ти кажа и Misery, гради, како и нозе, поубаво само еден ден од неделата да одвоиш, ама убаво да го одработиш сето тоа. На крај од тренинг да имаш тешкотии да облечеш маица на себе.
Јас комбинирам или само понеделник, среда, петок (и сабота/недела по избор), и некогаш во зависност од тоа на кој ден сум завршил за време на викендот, некогаш ја започнувам неделата и со вторник, четврток, сабота (само три дена, ама се исцрпувам до даска).
По еден ден неделно тренинг нозе, и еден ден гради, мислам дека ќе почнат да ти растат, ако внесуваш доволно протеини и одмараш/спиеш доволно.
Мене уште првиот месец ми пораснаа за неколку инчи градите, еве сега доста ги имам истакнато, и нозете почнаа да растат (и мене ми беа најпроблематични баш тие зони исто така).