Здраво луѓе, првпат постирам во темава па имам некое прашање.
Планирам кога ќе се потстопли малку да вежбам. Значи не во реретани и слично туку едноставно трчање, склекови, кревање со раце и сл, како некој што би го нарекол стрит воркаут. За исхрана скоро не внимавам, ниту пак тогаш ќе внимавам. Јадам скоро се, ама не се замарам за здрава храна како овошје, зеленчук, не јадење многу масти и сл. (јадам и свинско сало, и многу благо, и пијам енергетски и сл.). Значи не барам никаква помош во врска со исхраната. Висок сум 180 и тежок 79-80. Имам релативно добро (и секси тело како што ме фали девојка ми
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
) ама имам и стомак (не пијам пиво и скоро ич алкохол) имам сало и на бутовите, во рацете сум слаб/тенок ама за таа големина на мускулите, мислам дека сум силен. Понекогаш одам во планина и давам се од себе (психички) додека буквално не ми октажат мускилите на нозете (и тие ми беа многу силни и издржливи во средното кога возем многу точак, ми беа буквално како камења). Па прашањето ми е, што мислите е најдобро за да го скинам салото (не ми пречи, ама имам стомак од 5то одд, и сакам малку да сменам) јас планирам најосновно како што кажав со трчање, склекови, кревање на раце, стомачни и грбни (а да, и кременадлите ми се многу јаки, без проблем со грбот кревам дупло од мојата тежина). Каков совет ми ми дале? И ве молам без совети за исхрана.
Моментално мојата состојба (немам вежбано по-редовно од средното кога имав физичко, пред 4 години) Склекови без проблем 10, со малку зорт 20, стомачни 50 со малку зорт, грбни можам то 80 да допрам, за трчање темпо може да паднам и на 10 минути, склакови околу 50, кревање на раце максимум 10 пати.