Да разјасниме, ако купуваш од Polleo, Херкулес, Brutal, TheStrongestShop, PBC, HardCore тогаш да знаеш дека си купил од лиценцирани пре-продавачи на додатоци за исхрана. После тоа ги имаш овие „градски“ продавници кои имаат склучено партнерски договор со овие погоре. И на крај имаш „улични“ пре-продавачи кои продуктите ги набавуваат најчесто од Бугарија или Косово и имаш помала шанса да добијаш протеин него да фатиш 7ца на лото.
Што е разликата помеѓу овие и другите, пред се е цената бидејќи во незе спаѓаат данок+царина+профит, а после тоа е декларацијата која не може да си ја залепиш туку така бидеќи ќе те затворат за помалце од 1 месец.
MyProtein не е произведен во USA, туку е произведен во UK што значи и повеќе прецизирани закони, тестови и нормално квалитет. Цената му е повеќе од одлична и тоа е тоа...
Сега во врска со водата и млекото, водата е различна од млекото па според тоа има различна стапка на растворливост и биолошки процес. Кога пијаш концентрат со млеко добиваш малце по-одложена апсорбација на протеинот од некои ситни минутки а не ЧАСОВИ. Поголемиот дел избегнуваат конзумирање на истата со млеко бидејќи прави мачнини на желудникот поради својот состав, а некои поради мастите...
Ефектот помеѓу 0.5 и 3.2 е ист, ама е разликата во масленоста доколку некој е ограничен со тоа.