За ова монопол, не си во право. Каков е тој монопол, ако побарувачката е тапа?!
Кога има помала побарувачка за било кој производ, нормално е дека неможе да се добијат одлични услови и цени од производителите. Тоа е во самиот старт висока цена. На тоа кога ќе додадеш дека со било која маржа (нека биде и 100% од набавната) неможеш да ги покриеш ни основните трошоци на опстојување (причина тапа стандард, тапа спортска култура, мало население и како што рековме на самиот почето сето тоа резултира со помала побарувачка, значи нема обрт и продажба) или ќе се откажеш од носење на тој бренд, или ќе смениш дејност или ќе бараш алтернативни производи и патишта.
Како ќе има побарувачка кога еден веј протеин е 3000 најефтиниот до 4500,зборуваме за 2,2 кг.Просечната плата е 12 000,информацииве на владава дека просечната плата е 20 000 се жива глупост.Дај боже да беше така.Една четвртина од платата е еден веј протеин,каде е другата исхрана,да не зборувам за сметки,итн,итн.
Ми текнува пред 2 години вејот беше 2100 за 2,2 кг во Калифорнија Фитнес,сега е 2900 истиот.Исто ни се фаќа и да се зголеми драстично побарувачката,пак ќе си останат продавачите со исти цени,од нивен интерес е само профитот,не ги заболе нив дали ќе се продава или не,така се работи во Македонија,нема никаков попуст ни за празници,ни ликвидации на производи на кои истекува рокот,никакви поволности,како мислите дека ќе се зголеми побарувачката ? Никакви маркетинг идеи не се внесуваат,а очекуваат голема побарувачка,нажалост луксуз стана здравата исхрана,а продавачите се пасивни и чекаат некој да им купува прескапите суплементи со овој скапан стандард.
едит : Најкористена маркетинг техника во Македонија : Со секој купен производ над 3000 добивате гратис шејкер,топ !

(3 ги имам дома,да почнеме сите да складираме шејкери)