Бодибилдинг суплементи

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Неможам да ве разберам како можете да споредувате земја од 200 милиони каде спортот е врв со еден тон на домашни производители и 2 милионски пазар каде спортот е на најниско можно ниво, со тапа стандард?!
 
Broda

Ijackhammer.
Член од
6 февруари 2013
Мислења
259
Поени од реакции
141
Неможам да ве разберам како можете да споредувате земја од 200 милиони каде спортот е врв со еден тон на домашни производители и 2 милионски пазар каде спортот е на најниско можно ниво, со тапа стандард?!
Абе тука помал стандард треба поевтино да биди, а не тука гледам кај мене во град што се цените спрема Скопје се изгор а ако споредувам со надовр од земјава се 2.5 пати поголеми.
Ама тука сите сакаат на колку и да се продава промет да има дупло.
Никој не сака на ризик тро да работи, и зато овој бизнис кај нас е многу слаб а да не зборувам за спортот еден асолен тим во што било од спортовите нема во Македонијава.
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Абе тука помал стандард треба поевтино да биди, а не тука гледам кај мене во град што се цените спрема Скопје се изгор а ако споредувам со надовр од земјава се 2.5 пати поголеми.
Ама тука сите сакаат на колку и да се продава промет да има дупло.
Никој не сака на ризик тро да работи, и зато овој бизнис кај нас е многу слаб а да не зборувам за спортот еден асолен тим во што било од спортовите нема во Македонијава.
Незнам од каде ја вадиш пазарнава логика и формирањето на цени, само грешка си со километри. Понуда/побарувачка е услов за цена. Слаб стандард, ниско ниво на спортска култура, значи помала побарувачка а со тоа и превисоки цени. Неможам јас во фабрика да добијам топ цена ако продавам по две кутии месечно :)))
 
M

Muranyi

Гостин
значи помала побарувачка а со тоа и превисоки цени.
Не сум некој експерт во полето на економијата,но мислам дека на сите им е јасно дека повисоката побарувачка на пазарот диктира повисоки цени.
Сепак,не си ни ти,ни било кој друг продавач на спортска суплементација во државава,виновен што ни е низок стандардот па не можеме секој месец да си дозволиме во најмала рака протеин,не пак нешто повеќе од тоа.Но ионака билдингот бара големи жртви и одрекувања.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058

Поголема потрошувачка = поголема конкуренција = помали цени.
Помала потрошувачка = монопол = високи цени.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Па и не се толку страшни цените кај нас, пример Elitte Whey Dymatize на bodybuilding.com е $45 + испорака надвор од УСА ~ $30 ти доаѓа $75 = 3500 денари
Кај нас истиот се купува за 3300 денари некаде
 
Каква е оваа споредба? Цените кај нас vs. цените кај нас од интернет?

Кога се прави споредба од овој тип, се зема во предвид друга држава, и просечната плата на двете споредени држави.

Цената на Dymatize Elite Whey кај нас: 3390 денари.
Цената на Dymatize Elite Whey во Германија: 48 евра = 2950 денари.

Просечна плата во Македонија: 20,299 денари.
Просечна плата во Германија: 2234 € = 137.474 денари.
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Ај ако можи помош според вас кој да го изберам од овие два протеини
http://www.califit.mk/index.php?route=product/product&path=36&product_id=402 на бодибилдинг страната има подобар рејтинг, иако има помало количество на протеин во една дозерка
или овај
http://www.califit.mk/index.php?route=product/product&path=36&product_id=166
ми треба мислење помеѓу овие два бидејќи планирам да земам поголема количина и ми даваат на нив попуст.
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Ај ако можи помош според вас кој да го изберам од овие два протеини
http://www.califit.mk/index.php?route=product/product&path=36&product_id=402 на бодибилдинг страната има подобар рејтинг, иако има помало количество на протеин во една дозерка
или овај
http://www.califit.mk/index.php?route=product/product&path=36&product_id=166
ми треба мислење помеѓу овие два бидејќи планирам да земам поголема количина и ми даваат на нив попуст.
Изолатот го користев и сум доста задоволен нема промаш со него, моментално е и еден од најпродаваните и најдобро рангираните во светов така да одлуката е твоја на крајот.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Ај ако можи помош според вас кој да го изберам од овие два протеини
http://www.califit.mk/index.php?route=product/product&path=36&product_id=402 на бодибилдинг страната има подобар рејтинг, иако има помало количество на протеин во една дозерка
или овај
http://www.califit.mk/index.php?route=product/product&path=36&product_id=166
ми треба мислење помеѓу овие два бидејќи планирам да земам поголема количина и ми даваат на нив попуст.
Штом би земал поголема количина земи и од двата, јас би идел со две од едниот и две од другиот или еден фјужн и два изолата.
Дефинитивно изолатот е далеку посупериорен во однос на фјужн-от во поглед на состав на амино во него, бцаа, глутамин итн итн. Додека пак фјужн-от е нешто појачан со некои витамини кои верувам дека ги внесуваш вака или така со што изолатот стави го во преден план.

За конзумирање елитот по тренинг и во било кој дел од денот а фјужн-от (кој прочитав дека има и тајм рилис формула) пред спиење измешан со обезмастено млеко и евентуално сабајле одма после станување во зависност кога ти е прв оброк.
Али на крај како што кажа М-1 изборот останува твој.....
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Поголема потрошувачка = поголема конкуренција = помали цени.
Помала потрошувачка = монопол = високи цени.
За ова монопол, не си во право. Каков е тој монопол, ако побарувачката е тапа?!
Кога има помала побарувачка за било кој производ, нормално е дека неможе да се добијат одлични услови и цени од производителите. Тоа е во самиот старт висока цена. На тоа кога ќе додадеш дека со било која маржа (нека биде и 100% од набавната) неможеш да ги покриеш ни основните трошоци на опстојување (причина тапа стандард, тапа спортска култура, мало население и како што рековме на самиот почето сето тоа резултира со помала побарувачка, значи нема обрт и продажба) или ќе се откажеш од носење на тој бренд, или ќе смениш дејност или ќе бараш алтернативни производи и патишта.
 
Член од
14 јануари 2011
Мислења
262
Поени од реакции
97

Како ќе има побарувачка кога еден веј протеин е 3000 најефтиниот до 4500,зборуваме за 2,2 кг.Просечната плата е 12 000,информацииве на владава дека просечната плата е 20 000 се жива глупост.Дај боже да беше така.Една четвртина од платата е еден веј протеин,каде е другата исхрана,да не зборувам за сметки,итн,итн.

Ми текнува пред 2 години вејот беше 2100 за 2,2 кг во Калифорнија Фитнес,сега е 2900 истиот.Исто ни се фаќа и да се зголеми драстично побарувачката,пак ќе си останат продавачите со исти цени,од нивен интерес е само профитот,не ги заболе нив дали ќе се продава или не,така се работи во Македонија,нема никаков попуст ни за празници,ни ликвидации на производи на кои истекува рокот,никакви поволности,како мислите дека ќе се зголеми побарувачката ? Никакви маркетинг идеи не се внесуваат,а очекуваат голема побарувачка,нажалост луксуз стана здравата исхрана,а продавачите се пасивни и чекаат некој да им купува прескапите суплементи со овој скапан стандард.(n)

едит : Најкористена маркетинг техника во Македонија : Со секој купен производ над 3000 добивате гратис шејкер,топ ! (y) (3 ги имам дома,да почнеме сите да складираме шејкери)
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
^^^
Колку и да се сложувам со тебе пак ќе ти кажам дека си грешка.
Да, точно е дека протеинот е скап за наш стандард тоа е реалноста, впрочем што можеш да очекуваш со 5-6 увозници (ако се и толку) на пазар од активни да кажеме 10.000 купувачи?

Проблем е и секогаш ќе биде нискиот стандард кај нас поради кој наместо да јадеш стек на цекин приморан си да јадеш саламура или бразилски стек. Така е и со се останато тука.
За маркетинго токму Ѓороски воведе новитети и промоции и пакети (многу поразлични од претходните на гет-реди) кој навистина вредеа да се искористат.
Кога сме кај шејкерите навистина е тажно али тоа е тоа, некој ќе рече подобро нешто него ништо!

Плус да не се заборават трошоци за увоз, пат, документација а мислам дека има и новина што мора се да биде испитано од завод за исхрана или како и да беше па и таму плус трошоци (ова иде на сметка на новиот закон) и сума сумарум се да собереш, одземеш, помножиш, поделиш и добиваш малопродажна цена на производот.
 
Да бидам искрен ниеднаш не сум пазарувал во продавницата на Ѓороски,колку што знам прилично е нова продавницата,зборувам за таа во центар блиску до средното Јосип Броз,ако ми се допаднат производите,цените и услугата ќе добие нов муштерија.(y)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Каква е оваа споредба? Цените кај нас vs. цените кај нас од интернет?

Кога се прави споредба од овој тип, се зема во предвид друга држава, и просечната плата на двете споредени држави.

Цената на Dymatize Elite Whey кај нас: 3390 денари.
Цената на Dymatize Elite Whey во Германија: 48 евра = 2950 денари.

Просечна плата во Македонија: 20,299 денари.
Просечна плата во Германија: 2234 € = 137.474 денари.
Aј како економист да се умешам во дебатава.

Покрај понудата и побарувачката, и други фактори влијаат на цените. Воопшто не треба да се прави споредба УСА-Македонија, ете сосема океј споредба е Германија-Македонија. Разликата во цената не е голема, а разликата би требало да биде од даночни причини или според мене од големината на пазарот. Поголем пазар, пониски цени.

Воопшто не е битна просечната плата при одредувањето на цените на вакви производи, ниту пак стандардот. Во ЕУ теоретски треба да чини еден Мерцедес исто во Германија и во Бугарија, али факт е дека не чини.

Е сега Gjoroski ако заработува 30% на производ, може и од таму да е разликата :D

Генерално, помирете се, никогаш нема да бидат исти цените, треба да се надеваме на подобар стандард.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom