Прво потполно се согласувам со тоа што го кажа.
Еве сега една проста споредба која како пример ќе ја споделам тука зашто почнав се повеќе и повеќе да губам интерес за оваа работа.
Најдобриот и најквалитетниот веј со докажан стандарт изминативе 10тина години е Whey Gold Standart на Optimum Nutrition. Еве линк од истиот кај нас.
Цена у несвест да паднеш. 4700 денари без клуб картичка 4400 со картичка и се тоа без достава.
Значи јас кој немам клуб картичка од споменатава продавница треба да платам 4700 денари за канта која ако пијам како што треба ќе ме трае месец и пол преку сила. Згора на тоа затоа што господата не вршат достава, јас треба да запалам кола од Ѓорче на пример и да отидам до таму што ќе ме кошта додатни 150 за бензин и пошто господата немаат обезбедено паркинг место а се сметаат за клуб (клуб картички нели) треба да платам некаде у околината зонско што за еден час ќе ме кошта уште 50 денари.
Со тоа дојдов до цена од скоро 5000 денари за протеинот кој цел запад го пие како must have и без проблем си го купуваат и трошат и по 1 канта за само месец дена. И за крај најбитното јас неможам да бидам сигурен дека ова што сум дал 5000 денари е
тоа оригиналното што го пие Американецот, туку е напраено и увезено негде од Бугарија.
Оф топик :::: Во врсkа со потеклото и каде се произведени производите во клубот не сакам никакво лошо мислење да наметнам за Гет Реди клубот, може дечките си работат со оригинални увезени производи но кога и да е ќе споделам тука во темава мое искуство или ако треба ќе отворам нова тема па ако сакаат нека ме тужат. Одредена продавница во Скопје производите ги носи од Бугарија и моментот е што истите се напраени у Бугарија со скоро половина помалце од нутритивната вредност од тоа што пишува на кутијата. Проверено во лабораторија на еден од факултетиве во Скопје.
Е сега да се навратам на темата. Американецот си отвара на
странава и барај надоле 5 lbs тоа ти е истава тежина на канта како кај нас што мене ќе ме кошта 5000 денари , таму е 52,23 долари. Еве ќе заокружиме на 53 долари.
Тоа ви е другари 2875 денари СО ВЛУЧЕНА БЕСПЛАТНА ДОСТАВА ВО СИТЕ 50 ДРЖАВИ У АМЕРИКА.
Значи они можат да понудат беспалтна достава на 1000 и кусур километри покриеност а земената во примерот Гет Реди неможе да ми понуди достава од кај нив до кај мене дома има преку сила 7 километри.
За крај да резимираме.
Просечна плата у Америка за Американецот е од 3000 до 5000 долара. Еве да ги зееме и најбедните Американци да речеме 2000 долара плата. Значи најдобриот протеин со проверено врвен квалитет кај нив нели за најбедниот Американец е 53 долара. Тоа е колку ?
Една 50 тина од платата негова ??
Просечна плата у Македонија да не се лажеме е 200-350 евра. Има некои работат и за 150 ама ајде ќе ги зееме овие од 250 евра како некој добар просек што не се ептен за греота. Да ставам просечен Јанко, Станко Петко на пример во тој кош, што истиов протеин да одам да го купам и да се вратам дома би ме коштал околу 5000, колку е тоа од платата на Македонецот ?
Скоро една 4тина ако не и поише. А каде е на ова кога ќе додадеш исхрана и чланарина во теретана ? Се на се ти доаѓа 10 000 денари месечно ако сакаш да се држиш на режим на кој би имал сигурни и оптимални резултати.
И што му останува на Македонецот ? Да иде да купи ѓубре некое за 2000 и нешто денари. И да си го пие и да незнае ни од каде е донесено ни дали тоа што го пие е истото што му го пишува позади на налепницата со составот ни ништо.
ПС. Споредбено на цената на протеионот со платата, да беше истово у Америка како кај нас,
Протеинот за да им биде 4тина од плата треба да им кошта 500 долари. Замислитете дали ЕДЕН ЕБАН Американец би купил нешто што е една 4тина од неговиот месечен буџет.
ПС 2 : Извинете за долгиот пост ама ептен се изнервирав и членов што го цитирав ме повлече некако за јазик да го напишам ова што толку многу ми лежи на душа а луѓево не сфаќаат дека еден да не им купи протеин од продавнициве за суплементи или ќе мораат да напраат РЕАЛНИ цени или нека ги затворат нека си ебат матер па барем ќе си вежбаме без суплементи колку ти е чергата толку.