Бодибилдинг суплементи

Член од
1 ноември 2012
Мислења
100
Поени од реакции
103
Мултивитамин препарат по препорака на доктор? о.О
Дневно треба да внесуваш екстерно 10mg zinc за нормален не активен/слабо активен човек со 2000 калории внес.
Ако си еден од дечкиве шо вежбаат 5-6 пати неделно интензивно и јадеш 3500 калории тоа е значително зголемено - 25мг па и јаче.
А многу мал дел од македноските производи (или барем оние достапни во македонија) се богати со цинк така да реалната количина што ја внесуваш дневно е просек ~7мг (ептен од око ама не е поише просекот, пошто некои денови 0 се фаќа).
За deficiency се пие и до 50мг на ден.
Едно е мултивитамини друго е цинк и магнезиум. Мултивитамините во апче или во шумплива форма не се извор на младоста него се бледа замена за витамините добиени од овошјето на пример. Еве ти едно мало примерче : имаш јаболко со 100 мг ц витамин и имаш таблета со 1000 мг витамин ц. За кое би се решил ? Мултивитамините на страна зашто не ми ни беше тоа главната цел.

Цинкот во НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ на дефицит не се дозира од 50 мг дневно. Тука деца можат да читаат и да гледаат и ке отиде некој на 18-20 кога тестостеронот природно му е на максимално ниво и ке си купи хелиран цинк зашто прочитал тука така. Се што сакаш да постигнеш се постигнува исклучиво преку исхраната. Нема скратен пат, нема магично апче.

Исхраната е број еден и е побитна и од самиот тренинг. Па на второ место тренинг па на трето спиење во биолошко определено време за тоа. Не е исто да спиеш 7 саата од 6 сабајле до 1 попладне и не е исто иситите да ги спиеш од 23 до 7.

на последно место е суплементацијата која служи како додаток на исхраната
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617

Океј фала што ми кажа sensei
 
Член од
1 ноември 2012
Мислења
100
Поени од реакции
103
ко да бара да проба киселина за бришење плочки...што е толку лош липо 6 ?
Lipo 6 е еден од нај екстремните топачи на масти кој се базира на термогено топење. Доколку немаш перфектно спортско срце, кондиција, состојба, исхрана, спиење овој суплемент ке ти зададе нешто што нема да сакаш да го искусиш по втор пат.

Такихардии, мн висок пулс и забрзано биење на срцето до степен во кој седиш во место и ти се тресат рацете. неудобност, проблеми со спиење[DOUBLEPOST=1426117104][/DOUBLEPOST]
Океј фала што ми кажа sensei
Доколку имаш извршено преглед на хормони преку земање на крв во лабораторија и имаш недостаток на тестостерон што најчецто е случај после 30тата год тогаш се извинувам. Слободно пиј цинк.
Ако е така и мораш да пиеш правилно се пие пред легнување во макс доза до 30 мг пола час пред легнување
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
јас пијам таблетки на natural wealth(zink gluconate) 25 mg + од исхраната нешто...мислам дека е таманка,пошто сум 6 дена во неделата активен(теретана и џит кун до)
 
Пред се браво за решителноста и упорноста. Не е мала работа да се вежба 6 дена во неделата па макар тоа биле и рекреативни тренинзи. Тоа темпо обично бара огромни количини од храна која е потребна за телото да функционира во права насока.
Е сега лошата работа со 6 дена тренинг во неделата е што тенка е границата каде можеш да дојдеш до спротивен ефект заради ЗАМОР. Препорачливо е да се вежба од 3 пати до максимум 5 пати за нормални па и advanced вежбачи. Додека 6 пати во неделата е сосема друго ниво на спремност.

Моја претпоставка пошто не знам ни колку си тежок, висок и што јадеш е дека телото ти е во постојан замор и таканаречен survival моде за да го изджри тоа силување од твоја страна. Еве кратки совети доколку сакаш да останеш на таа рутина од 6 пати неделно

Цинкот секогаш поврзувај го со тестостерон. Телото природно го лачи тест. во нормална количина па колку и ти да го силуваш телото до 30 год негде. Намалено лачење на тест. предизвикува највеке стресот иако има и др фактори ( нездрава храна, неквалитетен воздух). Кога си под стрес телото лачи еден хормон кој го штити мозокот. Тој се вика кортизол. Кортизолот го спречува лачењето на тест дури не излезеш од стрес зоната.
Да не должам за ова пробувам на најппрост начин да ти објаснам. Доколку немаш некои од следниве работи тогаш не зимај цинк како СУМПЛЕМЕТАЦИЈА него внесувај го преку исхрана.
-проблем со спиење
-забавен раст
-губење на коса
-губење апетит
-намалено либидо и потенција
-скоро никаква желба за секс
Доколку ништо од ова немаш НЕ СЕ Суплементирај со цинк него внесувај го преку храна. Храна богата со цинк ти е црвено месо, грав, печурки, спанаќ, жолчки од јајца, лубеница ( лубеница содржи 15 мг цинк на 100 грама од срцевината на лубвеницата) затоа и семки од лубеница е една од главна состојка во изработка на виагра...
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
така вежбам веќе 4 години,а претходно вежбав 1 година,секој ден по 2 пати,верувал или не,на мои 15 години :D поради кошарката,ама ја баталив пошто сватив дека едноставно не сум конструиниран за кошаркар,и се фатив за "работа" за резервниот сон или план како сакаш кажи го.Не се осеќам пре уморно,но сепак осеќам по некогаш замор.Тренинзите ги сметам како доста високи,по тоа што го гледам по теретана.

18 години сум,177-178цм,82 кг моментално.

за цинков малце ме зачуди...што може лошо да ми се деси ако го пијам ?
 
-x-

punished
Член од
2 март 2013
Мислења
1.191
Поени од реакции
837

Извинете што идам малце офтопик, ама многу ме интересира.

Со 6 пати вежбање во недела, сигурен сум и дека имаш доста ХИИТ на твоите тренинзи. По колку калории внесуваш дневно? Суплементација освен протеин и креатин? Затоа што ми е чудно, јас со 0 кардио, 5-6 пати вежбање у недела по 2 саата у теретана секој ден, зимава на булк неможев да се качам над 72 кила. Иста висина сме, а некои мочани 66 килца сум сега.
 
Искрено,не мерам калории,али порано јадев многу,ама здраво...500-600 гр месо секој ден,насабајле јајца/мусли+дозерка протеин,но тоа беа времиња :D ми се деси сообраќајка пред година ипол(летото,јуни) лежев 2 месеци,паднав целосно(физички и психички) не вежбав цела година до јули,накачив тогаш килажа(10кг) и потоа почнав да вежбам,сеа намалувам :D бев 87

моментално знам колку јадам,мада не знам ни како функционирам со толку...500-600-700 гр месо,насабајле ретко мусли 3 лажици супени и малце млеко,и правам 3 дена варијација со ЈХ,односно 400-300-200 ама не ЈХ туку грама компири,печен или варен...и многу салати,ретко бадем или орев ако се најде по дома :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: -x-
Член од
30 јули 2012
Мислења
135
Поени од реакции
41
Lipo 6 е еден од нај екстремните топачи на масти кој се базира на термогено топење. Доколку немаш перфектно спортско срце, кондиција, состојба, исхрана, спиење овој суплемент ке ти зададе нешто што нема да сакаш да го искусиш по втор пат.

Такихардии, мн висок пулс и забрзано биење на срцето до степен во кој седиш во место и ти се тресат рацете. неудобност, проблеми со спиење
Извини ама јас колку што знам не е стероид ова па да е толку јако...
Да, појако е од повеќето топачи на масти (Rapidcuts , L-carnitine , Thermo FX и сл) меѓутоа не е така како што ти го кажуваш.

Еве ти Reviews од луѓе што го користат
http://reviews.bodybuilding.com/Nutrex/Lipo_6_Black_Ultra_Concentrate/
(не се професионални билдери) па 90% го фалат и никој не спомнува Side-Effects освен кај некои што се јавува нервоза поради многу кофеин изгледа , јас бидејќи и онака внесувам мн кофеин во денот би требало да е ОК или ке намалам со кафето :)

Поздрав и фала на одговорот иако барав кај можам да најдам а не за што се...
 
Член од
26 ноември 2014
Мислења
18
Поени од реакции
0
Sakam da prasam osven u skopje kade se prodavaat proteini, ako znae nekoj dali ima vo stip, kocani, delcevo, strumica poso sk mi e daleku da ne akam tolkav pat ako ima nekade vo tije gradovi.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Цинк, магнезиум и све што сте наброиле се суплементира доколку имаш опаднато ниво на истите или ако организмот не ти произведува доволно од она што нему му е потребно за да функционира.... незнам што сте се улетале сите или само да се пие нешто ??? Ако ви е досадно или ви треба пред се психичка мотивација дека нешто неверојатно ке се случи со вашето тело тогаш пијте само протеин whey не си играјте со препарати кои што одат исклучиво по препорака на доктор за лечење...
Дај не тролај по темата жити се. Цинк ислкучиво по препорака на доктор за лечење... [DOUBLEPOST=1426200891][/DOUBLEPOST]
Едно е мултивитамини друго е цинк и магнезиум.
Во мултивитаминот нема цинк и магнезиум? Кај спортисти постои потреба и од оптимизација на внес на цинк не само осигурување да нема дефицит. Шансата да се предозира со цинк од препораките што ги дадовме погоре се еднакви на нула, а твоите постови се параноични. Дали си свесен дека за во една таблета од 25мг цинк глуконат има само 3,5мг елементарен цинк? За предозирање се потребни внес од минимум 40мг елементарен цинк и тоа во долг временски период кој трае со месеци. Не се труди да испаднеш паметен и да продаваш финти дека исхрана и тренинг се основни кога никој тоа не го оспорува. Факт е дека 2 здрави начини на кои што се осигурува здраво оптимално ниво на тестостерон кај телото е цинкот и витамин Д, не се секирај со вакви суплементи само му даваме можност на телото оптимално да го достигне ПРИРОДНИОТ максимум, да се осигура нормална функција на ендокриниот систем и нормална фунцкија на простатата. Никој нема да се предозира ниту да му се наштети на здравјето. [DOUBLEPOST=1426200923][/DOUBLEPOST]
за цинков малце ме зачуди...што може лошо да ми се деси ако го пијам ?
Ништо, напротив пожелно е од повеќе аспекти и кај "здрава" индивидуа.[DOUBLEPOST=1426202467][/DOUBLEPOST]
Доколку имаш извршено преглед на хормони преку земање на крв во лабораторија и имаш недостаток на тестостерон што најчецто е случај после 30тата год тогаш се извинувам. Слободно пиј цинк.
А луѓето што имаат нормални вредности тестостерон според тебе не треба да пијат цинк? Цинкот воопшто не е ни прва линија на терапија.. Дали си свесен што денеска се смета за нормални нивоа на тестостерон и дали спортист сака да се наоѓа во тие "нормални" нивоа? Повржуваш некои бесмислици.
 
Последно уредено:
Член од
1 ноември 2012
Мислења
100
Поени од реакции
103
Дај не тролај по темата жити се. Цинк ислкучиво по препорака на доктор за лечење... [DOUBLEPOST=1426200891][/DOUBLEPOST]
Во мултивитаминот нема цинк и магнезиум? Кај спортисти постои потреба и од оптимизација на внес на цинк не само осигурување да нема дефицит. Шансата да се предозира со цинк од препораките што ги дадовме погоре се еднакви на нула, а твоите постови се параноични. Дали си свесен дека за во една таблета од 25мг цинк глуконат има само 3,5мг елементарен цинк? За предозирање се потребни внес од минимум 40мг елементарен цинк и тоа во долг временски период кој трае со месеци. Не се труди да испаднеш паметен и да продаваш финти дека исхрана и тренинг се основни кога никој тоа не го оспорува. Факт е дека 2 здрави начини на кои што се осигурува здраво оптимално ниво на тестостерон кај телото е цинкот и витамин Д, не се секирај со вакви суплементи само му даваме можност на телото оптимално да го достигне ПРИРОДНИОТ максимум, да се осигура нормална функција на ендокриниот систем и нормална фунцкија на простатата. Никој нема да се предозира ниту да му се наштети на здравјето. [DOUBLEPOST=1426200923][/DOUBLEPOST]
Ништо, напротив пожелно е од повеќе аспекти и кај "здрава" индивидуа.[DOUBLEPOST=1426202467][/DOUBLEPOST]

А луѓето што имаат нормални вредности тестостерон според тебе не треба да пијат цинк? Цинкот воопшто не е ни прва линија на терапија.. Дали си свесен што денеска се смета за нормални нивоа на тестостерон и дали спортист сака да се наоѓа во тие "нормални" нивоа? Повржуваш некои бесмислици.
Детето има 18 год и според тебе ок е да пие цинк ??? Кога ке имаш деца на таа возраст кога тест. им е на највисоко ниво што некад ќе им биде давај им цинк да пијат шо да ти кажам. А со тоа не тролај и не се прави паметен немам ја друга раб на мои год ке тролам на форум ??? Ај живеј си у темница и не ме пингај у пост во кој не си никако засегнат. Си има модератори ваљда за тоа ако нешто сум напишал грешно ( а тоа е дека цинкот може преку исхрана да го внесува, и на друго дете да не зима LIPO 6 ) тогаш они нека го избришат постот
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
1.346
Поени од реакции
184
Дали има некој користено трибулус од олимп 90% ? Го има во Калифорниа Фитнес во БТ. Сакам да купам 60 капсули, тоа ми доаѓа околу месец дена користење доколку користам по 2 на ден.. Инаку имам 20,5 години, можеби не е време на овие години да го земам, познавам и помали од мене го земале но сепак.. Дали би имало некои штетни последици од како ќе го допијам? Значи природниот тестостерон се крева на поголемо ниво, дали после тоа има некој сајд ефект?

Sent from my iPhone 5 using Tapatalk
 
Последно уредено:
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Кога ке имаш деца на таа возраст кога тест. им е на највисоко ниво што некад ќе им биде давај им цинк да пијат шо да ти кажам
Цинкот масовно се препорачува баш кај тинејџери во пубертет кои мака мачат со акни.

Ај живеј си у темница и не ме пингај у пост во кој не си никако засегнат.
Немам намера да се докажувам со некој кој не е на мое ниво на едуцираност, ако сакаш игнорирај го мојот пост ако сакаш прифати го како добронамерна критика. Поздрав
 
Член од
24 април 2010
Мислења
1.251
Поени од реакции
1.756
Lipo 6 е еден од нај екстремните топачи на масти кој се базира на термогено топење. Доколку немаш перфектно спортско срце, кондиција, состојба, исхрана, спиење овој суплемент ке ти зададе нешто што нема да сакаш да го искусиш по втор пат.

Такихардии, мн висок пулс и забрзано биење на срцето до степен во кој седиш во место и ти се тресат рацете. неудобност, проблеми со спиење[DOUBLEPOST=1426117104][/DOUBLEPOST]
Ме интересира дали има некои долготрајни "side effects"
 
Kajgana Shop

На врв Bottom