Бодибилдинг суплементи

Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805
Како што кажува дечкото од клипот,највеќе се приметува доколку некој има голема мускулна маса,е доста чист,трапезите и рамењата се како камен односно се полни,не знам како да објаснам,на клипот објаснува убаво...

И да.НИКОЈ,ама НИКОЈ нема да ти каже дека зима.Тоше зафиров да идеш да го прашаш,или Урко или не знам кој,ќе те убедува дека не,не зима.Дека тоа тело му е од пола кило стек на ден и брокула.Не дека не јадат здраво,имав можност да видам што и како јаде Урко,ама АЛО,не зимаат они магични кокошки па да имаат такво тело а ние да сме 0 во споредба со нив.Ги прават сите алки што требаат,АМА и се боцкаат.
тоа и ја се нервирам што се праат серковци, барем нека признаат машки дека се боцкаат, демек сеа ние нафта пиеме па не се познава дека се на стероиди.... после видеово што го видов се ми стана јасно, исто и за сите фитнес/бодибилдинг атлети на фб што се, сите се на стероиди од лазар до џев сет...
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Хаха,не бе,кокошките во бугарија им се со повеќе протеини.

Од една страна јас ги разбирам,и ја да се боцкам нема на секој да му кажувам дека сум на стероиди,ама нема да солам памет на некој дека не сум,туку од стекот и мисирката сум таков.

Мене највеќе ме нервираат таквите манекени кога зборат за суплементи и исхрана и убедуваат некого дека само од тоа е таков и да јаде по пола кило стек на ден и ЌЕ ВИДИ каков ќе стане,или да земе Разор и ќе види каков ќе се напраи,а уствари 80% тоа што е на него е од стероиди,и тоа не еден вид на стероид.
 
Член од
15 февруари 2008
Мислења
395
Поени од реакции
397
Не си барајте оправдување, со исхрана и суплементи без стероиди може да се направи завидно тело ;)
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805
Не си барајте оправдување, со исхрана и суплементи без стероиди може да се направи завидно тело ;)
точно, ама има голема разлика а и у рокот на вежбање а и у парите богами што ке ги дадеш за топ храна и суплименти :D

погледни го на поршлата страна видеото дечкото коа ги споредува тие што користат без стероиди и стероиди, телата не си ни најмалку слични...тоа ни е муабетот а башка тоа јеткундо што збори дека не признаваат
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
447
ова како во теретана еден муабет што ми направи, огромен апла класичен боцкач, на рацете вени како цевки му искачаа и ми вика типот да бе да си вежбам не пијам не пушам и си пазам на исхрана колку време вежбаш му викам ми вика 2 год и ја у себе :facepalm::facepalm: :ROFLMAO:
 
Член од
11 мај 2014
Мислења
1.020
Поени од реакции
575
тоа и ја се нервирам што се праат серковци, барем нека признаат машки дека се боцкаат, демек сеа ние нафта пиеме па не се познава дека се на стероиди.... после видеово што го видов се ми стана јасно, исто и за сите фитнес/бодибилдинг атлети на фб што се, сите се на стероиди од лазар до џев сет...
Може не се боцкаат, може орално ги земаат и пак не те лажат ;)

Хаха,не бе,кокошките во бугарија им се со повеќе протеини.

Од една страна јас ги разбирам,и ја да се боцкам нема на секој да му кажувам дека сум на стероиди,ама нема да солам памет на некој дека не сум,туку од стекот и мисирката сум таков.

Мене највеќе ме нервираат таквите манекени кога зборат за суплементи и исхрана и убедуваат некого дека само од тоа е таков и да јаде по пола кило стек на ден и ЌЕ ВИДИ каков ќе стане,или да земе Разор и ќе види каков ќе се напраи,а уствари 80% тоа што е на него е од стероиди,и тоа не еден вид на стероид.
А мене не ми е јасно што вие има да му берите гајле на таквите и дали кажувале или не. Нивно право е дали сака да ти каже или не сака, а и зошто да ти кажат?
Па другарче за Разорот да може да се продава и да го купи народ треба некој таков да го изрекламира, па кој е малоумен и си направи филм дека од еден разор се станува таков ќе си фрла пари.
И со стероиди не е така едноставно тоа да го запамтите, а за да ги земите прво треба да си размислите поради која причина ви е потребно да стигнете до такво тело и колку би ви се исплатело бидејќи ризикот секогаш постои да отиде нешто во погрешна насока.
 
Член од
15 февруари 2008
Мислења
395
Поени од реакции
397
Има дечки што вежбаат со години, а немаат никаков резултат (дали поради неправилно вежбање или неправилна исхрана) и кога ќе видат некој да има резултати одма си се тешат дека е тој на стрероиди.А за професионалците и дечките што излегуваат на сцена нетреба да се дебатира, се знае дека се на лекови и тоа не е спорно. Меѓутоа лековите не се магични треба се друго да ти биде средено и храна и суплементи за лековите да делуваат онака како што посакуваме
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
абе никој нема да признае на планетава дека зема стероиди,го нема тој човек што би излегол и би рекол да јас земам стероиди.
Па и Кали се има боцкано како ненормален иако има безброј видеа на нет како пропагира за правилна исхрана.
Ок,во ред тоа,но како што кажавте сите нема теоретска шанса толку чист мускул да извадиш во рок од две години на пример ако не се боцкаш.
Со тип топ средена исхрана,правилни тренинзи и правилен одмор.

Можеби само оној Медрано според мене се нема боцкано и таквите како него,што се бесат по шипки во парк.

Мислам,и јас да имам ненормално многу пари,да имам средена исхрана и да имам веќе колку толку оформено тело ќе земам ќе се избоцкам со стероиди,ама не е тоа тоа.Барем мене не ми е тоа филмот,никогаш не би земал стероиди и пари да ми даваат со нив и за џабе да ми ги даваат и во рок од два дена од нив да напраам WOOOOOOW тело.

Со правилна и здрава исхрана,со напорни тренинзи,СО ЖЕЛБА,УПОРНОСТ и ПОСВЕТЕНОСТ истото тело може да се извади без да си го ебеме телото со стероиди и разни такви гомна.[DOUBLEPOST=1408053377][/DOUBLEPOST]
Има дечки што вежбаат со години, а немаат никаков резултат (дали поради неправилно вежбање или неправилна исхрана) и кога ќе видат некој да има резултати одма си се тешат дека е тој на стрероиди.А за професионалците и дечките што излегуваат на сцена нетреба да се дебатира, се знае дека се на лекови и тоа не е спорно. Меѓутоа лековите не се магични треба се друго да ти биде средено и храна и суплементи за лековите да делуваат онака како што посакуваме

Неправилна исхрана ќе да е виновникот.Не може еден тренинг да завршиш топ,да речеме гради и кардио и доаѓаш дома стегаш еден хамбургер со пола кило мајонез и кило пржени компирчиња.
Ај да речеме колку толку ќе направи мускул од тренинзите,ама јадењето насабајле и после тренинг е најбитно.Што се јаде и колку се јаде.
Мускул има направено,ама длабоко под масното ткиво од хамбургерите,мајонезите и се останато мрсно безпротеинско.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Абе ме заболе патлаков нека се боцка што сака нека прави,ама нека не ми дрви муда дека тоа тело му е од јајца и стек,разбираш ли ? Нејќам кога некој ме прави будала у фаца,мада до сеа никој ми нема кажано такво нешто пошто не ги ни прашувам таквите како-што,пошто знам што ќе ми соли памет,ама сум слушал од страна кога ќе ги затастане некој што зборат,и се крстам кога ги слушам.

Јас уште горе кажав,дека не е само стероидот,ама за да изгледа така,80% му го завршува стероидот работа,останатото е исхрана тренинг и одмор.

И оние што се бесат по шипки,не биди убеден дека тие се натурал или дека такви тела имаат само од шипки.Да,можда оние издефинисани ама со мали раце,не масивен грб и слично да се натурал,ама оној црнецот ханибал,тој мава теретана 100%,горна груда кажи ми со која вежба ќе ја вежбаш надвор ? а и е премногу чист и има преголема маса,но добро можда е натурал пошто црнците имаат далеку по добри гени од нас,белците.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.234
Прво и основно никој не е должен на никого да му кажува што како колку и дали зема. Всушност доколку поминеш доволно време во теретана и сам ќе знаеш кој и дали земал нешто повеќе од суплемент. Обично некој почетник или човек без манири би отишол директно со прашање на некого, што земаш за толкави мускули? И во теретаната како и на секое друго место/простор постои некаков код на однесување и почитување помеѓу вежбачите, остај клише муабетиве дека тука шетаат само луѓе без мозок и други интереси во животот.
Осудување, покажување со прст и слични работи не се потребни, јас си го терам мојот филм, ти твојот. Нормално де, кога ќе забележиш дека некој за 3 месеци рипнал повеќе отколку ти за година, можеш да дојдеш до осудувачки став од типот - и јас да ги земам тие хемии ќе бидам толкав. Па земи ги де, ако толку многу посакуваш да изгледаш како некој подобар од тебе, влези машки и земи се што мислиш дека ќе те направи толкав, имај муда. Или биди појак, вежбај со се што имаш за да стигнеш приближно до тој подобриот.
А мојот став е секогаш да не се споредуваш со другиот, зашто и од него ќе се појави подобар и од тебе ќе се појави подобар и поголем секогаш. Поентата е да се победиш себеси, да извадиш подобро од тоа до сега. А и Офсет убаво пиша погоре, убаво тело се вади и со добра исхрана и вежбање, за билдерско и натпреварувачко тело СЕКОГАШ треба и нешто повеќе, ако имаш решителност и полза, земи го тоа повеќе.

Не ми се филозофира, али многу секојдневни стереотипи и клишеа кружат цело време безвезе.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Не се разбираме другар.Никој не рече дека е должен да ми каже дека се боцка,и не дека јас или некој друг се замара за тоа што он се боцка,туку како што кажав,не би требало да дрви муда дека он е таков од стекот,а не кажува дека е на стероиди,капираш сега ?

И никој не рече дека се споредува со некој таков,и да,се вади убаво тело со исхрана и тренинг но далеку од онакво тело како од списание,немора да се споредуваш со некој од бина..имаш многу добри тела што шетаат,а се на стероиди,а никад не се појавиле на бина туку вежбаат за да ќарат повеќе лајкови на фб и да издупат по добро девојче.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.234
@JETKUNDO
Да де, истите работи и јас ги пишав. Претходниот пост беше наменет за повеќе постови од претходните страна-две, не конкретно за тебе.
 
Член од
11 мај 2014
Мислења
1.020
Поени од реакции
575
Не се разбираме другар.Никој не рече дека е должен да ми каже дека се боцка,и не дека јас или некој друг се замара за тоа што он се боцка,туку како што кажав,не би требало да дрви муда дека он е таков од стекот,а не кажува дека е на стероиди,капираш сега ?

И никој не рече дека се споредува со некој таков,и да,се вади убаво тело со исхрана и тренинг но далеку од онакво тело како од списание,немора да се споредуваш со некој од бина..имаш многу добри тела што шетаат,а се на стероиди,а никад не се појавиле на бина туку вежбаат за да ќарат повеќе лајкови на фб и да издупат по добро девојче.
Без разлика кој за што вежба никој не е должен да му води грижа на другиот кои се неговите причини за тоа што зема и колку зема. За некој во животот можеби приоритет е да го лајкуваат, за друг приоритет е да врти што може повеќе девојки, трет да има само атлетско тело, четврт да се натпреварува и уште многу други комбинации, со оглед на тоа секој е „доволно паметен“ да си одлучи што понатаму. Искрено сум против дечките што замараат „Еј брат што земаш“, од што си таков и бла бла, посебно деца кои влегуваат првите месеци во теретана и гледаат дека не е така лесно и таму.
Еве ти една случка за која се извинувам што ќе ја полнам темата со такви работи до модераторот,
пред 2 годни некаде бев во одлична форма (иако еве за инфо никогаш не сум зел недозволени работи, сум земал (м-стак, стак2, мутант мајхем, џек 3д, хорс, креатин монохидрат, креатин етил естер, кре-алкалин, бца, и ред други работи протеини и гејнери скоро и да ги немав прекинато 2 години). Правев дроп сетови на бенч и до отказ се форсирав со што ми се слоши и истрчав во вц да повратам и ми идат 2ца да ми држат лекции дека то ми било од стероидите затоа и сум бил толкав, ете ќе сум умрел ако сум продолжел така и тн и тн. Прво со кое право ми доаѓа да ми попува што и како посебно кога не ме познава ниту пак знае што навистина земам јас? НЕ ги оправдувам тие што замараат така и ми се гади кога ги гледам искрено така да секој си знае за себе што ќе земе и колку ќе земе, речиси поголемиот дел што вежбаат се полнолетни со што би требало да се свесни горедолу за последиците и предностите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom