Богомили

Член од
21 февруари 2005
Мислења
179
Поени од реакции
10
Bogomilite, samoto ime e dosta znacajno. Mene poinakva istorija mi imaat kazano za niv. deka bile novorodeni hristijani,na denesen jazik bi gi vikale sektasi. Bile progonuvani od pravoslavcite i masovno ubieni. Veruvale deka Isus e Bog i praktikuvale sto pisuvala biblijata.
 
Член од
1 февруари 2007
Мислења
408
Поени од реакции
15
Многумина од вас го гледале „Кодот на Да Винчи“, ја читале книгата на Ден Браун, прочитале некоја друга книга или гледале документарна емисија за катарите, темпларите, трубадурите и другите предвесници на европската Ренесанса. Но, колкумина од вас знаат дека идејата за хуманизам и културна преродба се родила токму тука, во Македонија?

Кон крајот на деветиот век, 600 години пред Да Винчи да ја наслика својата „Тајна вечера“, на ридестиот Балкан се појавува Богомилството, духовно и социјално движење на кое по своето влијание и значење во модерната европска историја му нема рамно. Многу од придобивките на слободните демократски и секуларни општества, кои денес ги сметаме за неприкосновени права и привилегии на секој човек, се резултат на повеќевековната борба што ја започнале токму богомилите.

Историјата на богомилите би можела да се раскажува на долго и на широко, но неколку значајни податоци би ви биле доволни да создадете претстава за што станува збор.

Богомилството се појавило во Македонија, на рабовите на тогашна Византија, во време на политички и религиозни превирања. На овие подрачја често се менувале државни и религиозни власти, па затоа тие претставувале идеална почва за раѓање и развивање на независни, слободоумни идеи. Од тука, со текот на годините, богомилството се раширило низ целиот Балкан (во средновековна Босна тоа било и државна религија), а оттаму во Северна Италија и во Јужна Франција.

Богомилите се познати во историјата под многу имиња. Во Србија се нарекувани бабуни, во Босна патарени, а во Северна Италија и во Јужна Франција - албигојци и катари. Доказ за тоа дека сите овие се само различни имиња на богомилството, претставува фактот дека на големиот „еретички“ собор во Сан Феликс де Караман претседавал драговитскиот богомил Никита и дека, според известувањата на Бонакурс од Милано, еретичките заедници на Запад биле организирани по углед на драговитската. Драговитија се нарекувала територијата околу и западно од Солун, што значи територијата на Јужна Македонија, која била населена од Драговитите, средновековно македонско племе. Драговитите, заедно со другите македонски племиња (Сагудати, Ринхини, Смолјани, Струмјани, Брсјаци, Велегизити, Војнити и др.), потпаѓаат под бугарска власт дури кога на чело на бугарското царство застанува Симеон (893-927). Се дотогаш, тие живееле во племенски сојуз со децентрализирано демократско општествено уредување. По нивното освојување, Симеон почнува да ги уништува родовско-племенските форми, а со тоа и демократскиот начин на живот. Бидејќи сето тоа се случувало непосредно пред и за време на појавата на богомилското движење, сосема е логично, богомилското социјално учење за еднаквоста на сите индивидуи да се набљудува, во извесна мера, како реакција на Симеоновите обиди за централизација и хиерархизација на општеството.

Влијанието на богомилското движење може да се забележи во македонската архитектура, литература и уметност. Примери има многу, а за илустрација може да ни послужи мијачката традиција. Според етнолошките истражувања, Мијаците се доселиле во реканскиот крај помеѓу 9 и 12 век, од областа околу Солун и се смета дека се дел од поголемата племенска групација на Драговитите. Бидејќи не се мешале со луѓе надвор од своето племе, како и заради непристапноста на краиштата во кои се населиле, традиционалната култура кај нив се одржала во чиста форма се до почетокот на 20 век. Тие го задржале родовско–племенското уредување; одлуките ги донесувал племенскиот совет, а последниот познат собир на племенските старешини бил одржан во 19 век.

Најголема потврда за длабоката врска помеѓу нив и драговитските богомили е традиционалното мијачко почитување на богомилските симболи и нивното сочувување, особено во нивната архитектура и уметност.

Мијачките градители го употребувале бигорот како градежен материјал, иако го немало во тој крај во големи количини, па тие го носеле со коњи од Кичевско и Охридско. Фактот што бигорот е порозен и не обезбедува долготрајност, за разлика од различните видови на седиментни карпи и гранити, кои ги има во изобилство во реканскиот крај, покажува дека тој е користен заради симболиката, а не од други причини. Инаку, како религиозна параферналија богомилите на себе носеле само бигорен камен што ја симболизирал чистината на срцето.

Секоја мијачка куќа имала параклис. Параклис е мала просторија која служи за лична молитва, без никакви знаци и обележја. Богомилите биле иконокласти, што значи дка не прифаќале никакви визуелни претстави на божественото.

Племенското знаме на мијаците е полумесечината со ѕвезда, уште еден богомилски симбол што недвосмислено ја потврдува моќта на традиционалната богомилска духовна култура, која останала недопрена од туѓи влијанија во овие тешко пристапни краишта.
продолжува .....
 
Член од
1 февруари 2007
Мислења
408
Поени од реакции
15
Во првиот дел ви кажавме нешто за корените и историјатот на богомилското движење, како и за неговото влијание во македонската традиција. Во продолжение ќе ви наведеме неколку податоци што ќе ви помогнат да создадете претстава за суштината на нивното учење.

Богомилството било првото масовно движење, кое директно се спротивставило на Црквата како врховен авторитет во духовниот живот. Всушност, богомилите воопшто немале официјална црква, ниту свештенство, па затоа излегувале од вообичаената шема на еретички учења. Прогонот на богомилите почнал уште на самиот почеток на нивното делување, од страна на византиските авторитети, а достигнал кулминација во Четвртата крстоносна војна, насочена против еретиците во Јужна Франција.

Според богомилите, хармоничен соживот и општа благосостојба може да се достигне во овоземскиот живот, во праведна општествена организација. Тие се залагале за активизам, а не ја признавале ниту тогашната световна власт, која според нив не се засновала на праведни принципи и не подразбирала еднаквост за сите. Бидејќи не признавале никаква предодредена хиерархија, би можело да се каже дека богомилите биле првите комунисти, односно, првите анархисти.

Богомилите учеле на толеранција, разбирање и еднаквост на сите луѓе. Најголемата доблест што човек може да ја поседува според богомилите била трпението. Тоа подразбира мирен дух, отпорност на искушенија и одмереност.

Во богомилските заедници мажите и жените имале еднакви права и статус. Жените можеле да ги извршуваат сите функции во општеството, вклучувајќи ја и свештеничката. Се разбира, бидејќи кај богомилите немало строго определена црковна хиерархија, под свештеник се подразбирало човек кој го шири знаењето со збор и во дело.

Богомилите учеле на ненасилство. За нив пролевањето крв било најголем грев. Тие не убивале ниту животни. Така, за време на крстоносниот поход против катарите и албигојците во Каркасон, Јужна Франција, католичката инквизиција го злоупотребила овој податок во својата кампања на гонење и убивање еретици. Имено, богомилите воопшто не го сметале формалното изјаснување на припадност за важно, па ги поттикнувале своите припадници да лажат за нивната вероисповед, ако нивниот живот или животот на некој друг зависи од тоа. Кога инквизицијата го освоила Каркасон, стотици од нив се изјасниле како католици. Но, како доказ за тоа инквизицијата побарала од секој поединечно да заколе куче. Згрозени од идејата да одземат туѓ живот, повеќето од нив одбрале доброволна смрт. Во истата војна против еретиците, кога заповедникот на освојувачите, Arnaud бил запрашан за тоа како да се разликуваат катарите од католиците, тој одговорил: „Caedite eos. Novit enim Dominus qui sunt eius.“ (Убијте ги сите, Бог ќе ги познае своите.)

Богомилите се нарекувале себе „христијани“ или едноставно „добри луѓе“. Тие учеле дека вистински христијанин се станува само во срцето, а не преку ритуали и формална припадност кон црквата.

Љубовта ја сметале за врвен принцип преку кој човек може да се продухови и да се оствари во потполност. Тие не го гледале телото како грешно, ниту пак физичката љубов и репродукцијата. За нив животот бил божји дар, кој треба со мудрост да се искористи. Богомилското влијание во европската хуманистичка преродба е несомнено. Тие први го воздигнале човекот до ниво на нешто свето врз кое треба да се сконцентрира сета духовна и креативна енергија. Ако се запрашате што се случило со богомилството по последните прогони, ќе наидете на мистериозност и недостаток на факти. Мое мислење е дека со хуманистичката преродба во Ренесансата и постојаниот напредок оттогаш наваму, богомилството успеало и со тоа престанала потребата од негово постоење.

Денеска, ние (за жал не и сите луѓе на земјата) живееме во општества кои со закони ги гарантираат нашите лични слободи, ја подразбираат еднаквоста на сите граѓани, постои световен суд, не е дозволена полна, расна или било каква друга дискриминација и уште ред други нешта. Фактот што едно такво движење се родило во Македонија и оттука го раширило добриот збор низ Европа.
 
Член од
1 февруари 2007
Мислења
408
Поени од реакции
15
Богомилството е верско учење во средновековна Македонија и пошироко. Се појави како реакција социјалното раслојување што настана како резултат на воведувањето на феудализмот и на поддршката на власта од страна на официјалната христијанска црква. Богомилството било дуалистичко учење и тврделе дека реалниот свет го создал не Богот, туку ѓаволот. Го отфрлале крстот како свој верски симбол, не граделе цркви и своите обреди ги вршеле на отворен простор, ја осудувале црковната хиерархија и сметале дека Исус не бил Син божји, туку обичен човек. Името го добиле по попот Богомил, по кого, пак, е наречено селото Богомила.
Крајот на 9 и почетокот на 10 век е означен со крупни промени во општествената структура на Македонските племиња. Во тоа време, територијата на македонските племиња влегува во состав на моќната феудална држава на Бугарскиот цар Симеон (823-927). По завладувањето, за да ја задржи власта, како и заради можноста за побрза и поефикасна експлоатација, и на овој простор е проширена воено-административната поделба, каква што веќе постоела во Бугарското царство. Тоа значело и забрзано распаѓање на родовските општини. Во овој процес била вклучена и црквата, која добивала поседи како подарок од владетелите. Така црквата почнала да станува една од најјаките феудални институции. Како крупен големопоседник, таа застанала на страна на монархијата, во одбрана на вака поставениот општествен поредок.
Околностите во кои се нашле Македонците, посебно се влошиле во средината на 10 век, за време на владеењето на царот Петар (927-969), кога нагло биле зголемени даноците за големиот воено-административен апарат, кога ги завршил своите освојувачки походи. Во едни такви критични историски услови, се појавува силно народно движење, за верско и политичко ослободување - Богомилството. Во основа тоа претставува религиозно учење кое за своја база ги има дуалистичките еретички учења.
Власта и официјалната христијанска црква жестоко ги прогонувале богомилите, поради што богомилството замрело. Покрај тоа ги палеле богомилските книги, поради што денес малку се знае за богомилството и тоа пред сè од списите на нивните противници, каде богомилските ставови се критикувани.
Богомилите во Македонија се појавуваат во времето кога на бугарскиот престол седел Петар (927- 969), од ова време не се зачувани богомилски книги, иако според многу извори тогаш ги имало доста. „Основен извор за појавеното богомилско движење во Х век е Беседата против богомилите од Презвитер Козма. Како заштитник на интересите на бугарската црква, Козма го напишал ова дело со цел да ги разобличи богомилите, да го осуди нивното движење и да ги оттргне масите од нив, да не станат ’еретици‘ – богомили. “ Движењето го започнал попот Богомил за чие постоење нема сомнение. Тешко е точно да се одреди каде се појавува ова движење, но сигурно е дека се појавува кај нас, во Македонија. Според легендата, попот Богомил е по потекло од селото Богомила, велешко, а живеел и се криел на планината Бабуна. Богомилите биле под влијание на манихејството, но и на старата словенска религија. Тие верувале дека светот е борба на доброто и злото и дека на крајот ќе победи доброто. Богомилите биле против официјалното христијанство и против црквата, не граделе храмови и не признавале празници. Тие дури го отфрлаат и Стариот Завет поради својата суровост и не ја признаваат државата. Нивното учење било во голема мера револуционерно. Богомилите не прифаќаат да носат оружје и да водат војни, поради што се жестоко казнувани од сите држави до каде што стигнале. Ги казнувале византијците, бугарскиот цар Петар и српскиот владетел Стефан Немања. Тие се прошириле и до Хрватска и Босна и Захумље (денешна Херцеговина), каде што ги прогонува католичката црква. Богомилите наоѓаат засолниште во Босанските планини и се рашируваат до таа мера што стануваат официјална црква наречена- Црква Босанска. Богомилството го прифатил банот Кулин и ги штител богомилите и од Византија и од Унгарија и од Рим. Исто така, богомилите ги отфрлаат странските имиња, грчки и еврејски под влијание на библијата, и имаат само словенски имиња како: Годин, Љубомир,Твртко, Радомир, Мирослав, Болеслав, Драгомир, Владимир, Драгош, Будислав итн. Тие ги отфрлаат и грчкото и латинското писмо и документите зачувани во Босна се пишувани на старото кирилско писмо и на писмото познато под име: „Босанчица“.
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
и ајде сега некој од Амебиве опс се извинувам поповите на форумов нека каже дека тоа морало така да биде морале да бидат истребени бидејки тие лажно го обожавале бога иако,несмееле да се бранат,и да пролеваат крв и тоа дека има историски факти дека скоро сите православни попови од тоа време имаат крвави раце,со по неколку илљади одземени животи
 
A

ateist

Гостин
и ајде сега некој од Амебиве опс се извинувам поповите на форумов нека каже дека тоа морало така да биде морале да бидат истребени бидејки тие лажно го обожавале бога иако,несмееле да се бранат,и да пролеваат крв и тоа дека има историски факти дека скоро сите православни попови од тоа време имаат крвави раце,со по неколку илљади одземени животи
момче ..........шо збориш

па удираш во темелот на пресветата црква

како тоа велиш до гуша се во крв

свјатите отци не се по такви рабоќе

они такааааааааааааааааа

нешто да конфискуваат , украдат .........саде божји рабоќе бе
 

blaster1

Искусен Кајганџија
Член од
16 декември 2008
Мислења
777
Поени од реакции
26
Богомили-потекнуваат од Богомила,биле на Бога Мили...
Има уште мислам.
:salut:
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Богомилите се дуалисти во суштина. Верувале дека материјалниот свет е креација на "лошиот" бог, додека духовниот на "добриот", но биле свесни дека подеднакво се потребни и двата.
Тие се едни од првите гностички правци на овие простори.
Иако црквата се обидела да ги уништи, нивните учења опстанале преку народните преданија.
Еве едно такво кое во суштина е идентично со принципот на Јин - Јанг во источните филозофии:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Проблемот со вистинското знаење за верувањата на богомилите е тоа што сите информации што ги имаме за нив се од нивните противници. Имено православните цркви ги прогонувала богомилите (бидејќи им го рушеле бизнисот) и нивната литература ја уништувале. Сосема е логично дека православните цркви кои ги прогонувале гледале и на секој начин да ги оцрнат ширејќи секакви лаги и клевети за нив. Впрочем православните попови и денес во 21 век го прават истото, клеветејќи за речиси сите други верски заедници (коректно регистрирани во уставот на РМ) дека пијат крв од жртвувани бебиња, имаат секс оргии, демек ги учат луѓето да се самоубиваат и слични глупости.
Да можат и денес би ги прогониле или спалиле на клада сите неправославни верници и би ја запалиле нивната литература.

Се сеќавате ли пред некоја година кога група православни се организираа на контра протест против оние што протестираа против изградбата на уште еден православен храм на плоштадот во Скопје. Со икони во рацете извикуваа „Исус Христос“ и се упатија на крстоносен напад кон мирните демонстранти. Значи збориме за денес, 21век, во секуларна и демократска држава. Можете да замислите штом им правеле тогаш на богомилите, кога биле на власт и кога немало медиуми и сл.
Затоа велам дека информациите за богомилите треба да се читаат со доза на резерва и со некој професионален висок критицизам, проверувајќи кој е изворот за тие информации.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.498
Поени од реакции
35.240
Убаво елаборираше Чаир, единствено да надополнам дека како движење Богомилите се наследници на Павликијанците (а со тоа и на Маничеаистите, и пред нив Зороастријанците). Павликијанството е движење кое потекнува некаде во 6-7 век во денешна Ерменија и кое за основа го има дуализмот во верувањето.

Павликијанството зема голем замав и станува опасност за Византија, поточно за официјалната религија. Со цел да го разбие движењето тогашниот византиски император депортира „не помалку„ од 200 илјади ерменски Павликијанци во денешна Бугарија, кај Пловдив.
Од тука движењето се шири и еволуира во Богомилизмот.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Затоа велам дека информациите за богомилите треба да се читаат со доза на резерва и со некој професионален висок критицизам, проверувајќи кој е изворот за тие информации.
Чорба,
дали Твојата/Вашата заедница има историски и веродостоен запис од времето од подемот од богомилството на овие простори, а кој запис е убедлив по својата содржина и вистинитост за природата од тоа еретичко движење?...

Ја‘, на пример, не сум задоволен со субјеткивизмот од православното гледање на таа појава па ми требит по убедлив доказ за нивната улога.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom