38 [45]. Поради тоа што селукавиот наш враг ја расеа по целата бугарска земја манихејската ерес, откако ја смеша со месалијанската, на оние, кои што се основоположници на таа ерес, анатема,
39 [46]. [На] поп Богомил, кој што при Петар, бугарскиот цар, ја прими таа манихејска ерес и ја распространи во бугарската земја, откако придодаде и дека Христос нашиот Бог се родил од светата Богородица и приснодева Марија само привидно и привидно бил распнат, а примената плот ја вознесол и ја оставил во воздухот, нему, на неговите минати и тековни ученици, наречени апостоли, анатема.
40 [47]. И на сите, кои што ја поддржуваат таа ерес, на нивните обичаи, нивните ноќни собранија и таинства и бесполезното нивно учење, како и на они, кои што одат со нив, анатема.
41 [48]. [На] оние, кои што се сакаат со нив и во еднодушие со нив јадат и пијат и земаат дарови од нив како нивни истомисленици, анатема.
42 [49]. [На] оние, кои што на 24-от ден од месец јуни, на Рождеството на Јован Крстител гатаат со влечење на плодови и вршат секакви скверни и подобни на паганска служба таинства во таа ноќ, анатема.
43 [50]. [На] они, кои што го нарекуваат сатаната творец на видливите нешта и го нарекуваат распоредител на дожд, град и на се`,што излегува од земјата, анатема.
44 [51]. [На] оние, кои што говорат,дека сатаната ги создал Адам и Ева, анатема.
45 [52]. [На] оние, кои што ги отфрлаат свештените писанија, што боговидецот Мојсеј, Илија Тесвитјанин и останатите свети пророци и патријарси ги примија од Бога, и кажуваат, дека тие се на сатаната, и тие, поттикнувани од него, го напишале она, што го напишале и она што го кажаа за Христос, и без да сакаат и по принуда говореле и поради тоа богомилите ги отфрлаат напишаните во Стариот завет книги и просијавшите во него свети пророци, анатема.
46 [53]. [На] оние, кои што велат дека жената зачнува во својата утроба со содејство на сатаната и оттогаш сатаната пребивава неотстапно дури и до раѓањето на младенецот, и не може да биде прогонет преку светото крштение, но само преку молитва и пост, на оние, кои што говорат така, анатема.
47 [54]. [На] оние, кои што го навредуват Јован Крстител, кога велат, дека тој доаѓа од сатаната, како и крштението во вода, и поради тоа го отфрлаат водното крштение и се крштеваат без вода,кажувајќи ја „Оче наш”, анатема.
48 [55]. [На] оние, кои што ги отфрлаат сите пеења во свештените и Божествени Цркви и од самиот дом Божји, каков е црквата, и кажуваат, дека треба да се пее само „Оче наш”, на било кое место да се наоѓаат, анатема.
49 [56]. [На] оние, кои што ги отфрлаат и навредуваат светата и свештена служба и целото светителско устројство, кога велат, дека тие се пронајдок на сатаната, анатема.
50 [57]. [На] оние, кои што ги отфрлаат и се потсмеваат на причестувањето со чесното тело на нашиот Господ Исус Христос, како и го отфрлаат и целото таинство, кое било извршено од Христа Исуса нашиот Господа заради нашето спасение, анатема.
51 [58]. [На] оние, кои што го отфрлаат поклонувањето на чесниот и животворен крст и на светите и свештени икони, анатема.
52 [59]. [На] оние, кои што примаат некого од тие еретици во светата Божја црква, пред нивно исповедување и проколнување на целата ерес, како што е кажано, анатема.
53 [60]. [На] Василиј Врач, кој што во Константиновиот град ја расеа таа триж проколната богомилска ерес при православниот цар Алексиј Комнин, анатема.”
извор:
http://orthodul.wordpress.com/2010/08/06/%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BA-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2-%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D1%81%D0%BA/