Богомили

Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Ако ги правеле тие работи ќе ги викале богонемили,Постојат преднија во кои Христијаните се измачувани од страна на Царевите поради верата.

во библијата пишува и дека ќе дојде време и кога заради мене ќе ве убиваат и ќе мислат дека на Бога му угодуваат.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Од истиот извор:
Кочо Рацин живеел у 20ти век, а богомилите живееле во 10ти век. Тој не бил очевидец, ниту пак разговарал со некој богомил за овој да му каже што како верувал. Рацин во самиот текст кажува од каде му се информациите за богомилите:

Кочо Рацин напиша:
Арно ама, ако далечното минало ги скри во темно тиа наши славни лугје, ако огинот и ножот, па пакозот и бесот на православните калугери и славјанските феодали ргна да го сотре споменот за ним — останала пак, во историата на човечката борба, светлата истина за богомилите. Чунки пак се навогја по некоа трага нимна! Останале клеветите и лагите на црковните отци, кои со това го бранеле мракот и власта на своите господари. Останале анатемите, повелите и законите, и индексите на забранените богомилски книги. Останала па и по некоа от тиа книги, зафрлена негде по манастирите, па и по некоа хроника от старите летописци.
Ете по втор пат се потврдува дека информациите за верувањата на богомилите и Кочо Рацин и ние и сите други ги дознаваме од нивните крвни прогонители (православните), ги наоѓаме во православните манастири, но не богомилските книги, туку во православните манастири ги наоѓаме православните коментари за богомислите верувања. И што очекувате да прочитате во тие книги? „Богомилите имаат супер библиско учење и затоа ги прогонувавме, главите им ги сечевме, ги давевме, ги бесевме“? Секако дека не. Сосема очекувано е во тие книги да прочитаме клевети за богомилите, оцрнување и лоши зборови за нив. Впрочем, како што кажав, тоа е сосема очекувано од православните свештеници кои и денес во 21век истото го прават ширејќи разни клевети и дезинформации меѓу народот за другите легитимни верски заедници. И како што кажав, да можеа православната црква повторно би ги прогониле сите други легитимни верски заедници, сите други неправославни верници, само денешниот систем на уредување (секуларна демократска земја) не им го дозволува тоа. Би ги протерале затоа што некои од нив им ги отвараат очите на луѓето, а на нив тоа не им одговара, затоа што е полесно да стрижеш овци кога тие се слепи.
--- надополнето: 5 април 2013 во 14:53 ---
Штета што немаме закон за богохулие, како секоја нормална држава...
Ете за ова ви зборував. Еве што сакаат православните (оние инволвирани во црквата). Тие сакаат секој што ќе богохули (читај: ќе зборува неправославни учења т.е. ереси) да биде јавно обесен или спален на клада или удавен во Вардар. Штета за нив што ја немаат онаа Византска власт (што ја имале кога ги прогонувале богомилите). Да ја имаат денес истото би го направиле со католиците, со протестантите, со муслиманите, со се што не се клања пред икони, се што не ја исповеда нивната „православна“ вера.
--- надополнето: 5 април 2013 во 14:56 ---
Ако ги правеле тие работи ќе ги викале богонемили,Постојат преднија во кои Христијаните се измачувани од страна на Царевите поради верата.

во библијата пишува и дека ќе дојде време и кога заради мене ќе ве убиваат и ќе мислат дека на Бога му угодуваат.
Интересно е тоа што православните вернции (и католиците) никогаш не биле прогонувани заради верата (со исклучоци на поединци), туку тие биле прогонителите кои ги прогонувале другите верници кои не верувале како нив. Никогаш и не биле нарекувани со погрдни имиња и речиси секогаш биле побратимени со световната власт и ги уживале нејзините привилегии. Интересно е да се размислува и на оваа тема, во светлина на Христовите пророштва.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Интересно е тоа што православните вернции (и католиците) никогаш не биле прогонувани заради верата (со исклучоци на поединци), туку тие биле прогонителите кои ги прогонувале другите верници кои не верувале како нив. Интересно е да се размислува и на оваа тема, во светлина на Христовите пророштва.
Во православието постојат свети лица кој биле измачувани поради верата.
Кој биле присилувани да да се откажат од неа.Но Бог на за нивната силна вера ги наградил со сила за исцелување и слава.Така се појавуваат и светците кој денес ги славиме.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Во православието постојат свети лица кој биле измачувани поради верата.
Кој биле присилувани да да се откажат од неа.Но Бог на за нивната силна вера ги наградил со сила за исцелување и слава.Така се појавуваат и светците кој денес ги славиме.
Можеби во православието постојат (усни преданија, митови и легенди), но не постојат во историјата, не постојат легитимни веродостојни историски докази дека некогаш православните биле прогонувани, најмалку пак заради верата нивна. Корените на православието се со Констаснтин Велики, а православието својот облик го добива во Византија. Тие биле власт. Никој нив не ги прогонувал. Тие биле прогонувачите. Од тогаш, па се до денес.
Можеби ќе чуеш за некој христијански маченик од 1ви до 4ти век (периодот кога христијанството било прогонувано), но тие не биле ни одблиску православни, ниту се нарекувале така, ниту верувале како што веруваат православните. Сепак православните си ги нарекуваат „свои“ т.е. сакаат да си ги присвојат овие маченици и да се китат со туѓи перја. Но историската наука друго вели. Секој сам одлучува во што ќе верува.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Можеби во православието постојат (усни преданија, митови и легенди), но не постојат во историјата, не постојат легитимни веродостојни историски докази дека некогаш православните биле прогонувани, најмалку пак заради верата нивна. Корените на православието се со Констаснтин Велики, а православието својот облик го добива во Византија. .
Чорба,

а со кои „...легитимни веродостојни историски докази...„ ќе го докажеш почетокот од Твојата/Вашата маалска заедница? :sneaky:

Само немој да ми речеш дека сте започнале на Педесетница!...
--- надополнето: 5 април 2013 во 15:40 ---
Можеби ќе чуеш за некој христијански маченик од 1ви до 4ти век (периодот кога христијанството било прогонувано), но тие не биле ни одблиску православни, ниту се нарекувале така, .
Па секако дека не се именувале како „православни„, небаре со тоа кажуваш некоја тешка вистина и новост...
--- надополнето: 5 април 2013 во 15:41 ---
ниту верувале како што веруваат православните.
Туку, во што и како верувале?...Во „сола скриптура„?
--- надополнето: 5 април 2013 во 15:42 ---
Сепак православните си ги нарекуваат „свои“ т.е. сакаат да си ги присвојат овие маченици и да се китат со туѓи перја. .
А колку Светии има Твојата/Вашата заедница?
--- надополнето: 5 април 2013 во 15:43 ---
Но историската наука друго вели.
Да, историјата секогаш има своја вистина, а Црквата пак, своја и поинкава од световната историја.
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Интересно е тоа што православните вернции (и католиците) никогаш не биле прогонувани заради верата (со исклучоци на поединци), туку тие биле прогонителите кои ги прогонувале другите верници кои не верувале како нив. Никогаш и не биле нарекувани со погрдни имиња и речиси секогаш биле побратимени со световната власт и ги уживале нејзините привилегии. Интересно е да се размислува и на оваа тема, во светлина на Христовите пророштва.
Протестантската инквизиција била пострашна и од светата римокатоличка инквизиција. Римокатолиците ги гонеле само еретиците и вештерите, ама протестантите и грешниците убаво ги наказувале и ги спалувале на клада, ама денешните псевдопротестанти и псевдохристијани тоа го кријат и молчат.
Најинтересно е што Православната Црква никогаш немала инквизиција, а прогоните на еретиците кои ги имало ги правеле благочестивите цареви и благоверните царици.
--- надополнето: 5 април 2013 во 16:04 ---
А колку Светии има Твојата/Вашата заедница?
Многу ги имаат :) , Арије и Несторије, Јулијан Отстапник, поп Богомил, поп Јеремија, патријархот Македоније, Лав 3. Исавријанин, Константин 5. Копроним, Лав 5. Ерменецот итн...
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Сепак православните си ги нарекуваат „свои“ т.е. сакаат да си ги присвојат овие маченици и да се китат со туѓи перја. Но историската наука друго вели. Секој сам одлучува во што ќе верува.
Човеку знаеш ли што збориш веруваме во еден Бог нема твои/мои туку сите се наши,ние сме нивни следбеници.Црквата ги слави овие маченици.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Човеку знаеш ли што збориш веруваме во еден Бог нема твои/мои туку сите се наши,ние сме нивни следбеници.Црквата ги слави овие маченици.
Добро знам што зборувам. И муслиманите веруваат во еден Бог, па сепак не се следбеници на Христос, апостолите, христијанските маченици. Убаво би било кога се би било така розово, но не е така. Впрочем, православните се тие што веруваат дека тие се единствените Божји миленици, а сите останати кои што се надвор од нивната организација (самонаречена „црква“) се еретици, надвор од Христос, надвор од спасението и се крчкаат за пеколниот оган :)
И богомилите верувале во еден Бог, па сепак православните ги прогонувале.
--- надополнето: 5 април 2013 во 16:23 ---
Да, историјата секогаш има своја вистина, а Црквата пак, своја и поинкава од световната историја.
Знам, добро ми е познато тоа дека православните си имаат своја и поинаква историја, историја скроена да и одговара на своите верувања и пракса. Според православната историја Исус и апостолите биле православци, тие осветувале води, изработувале икони, крстчиња, бројаници, ги осветувале и ги продавале во Ерусалим. Според православната историја Исус и апостолите се шетале со великодостојнички одори, со огромни златни крстови на вратовите и онака надмено им ги подавале рацете на луѓето да им ги бацуваат. Спроед православната историја Исус и апостолите се побратимиле со Римската власт, се шетале насекаде со Ирод и понтиј Пилат и ги благословувале новите градби што овие ќе ги направеле, се мешале у политика, а Пилат у знак на лојалност им градел цркви на секој агол :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Според православната историја Исус и апостолите биле православци,
А да посочиш барем еден црковен запис за погоре наведеново, оти у спротивно, напишаново ќе го рачунам за Твој став, непоткрепен со ништо друго, освен со Твојата омраза кон православната вера...
--- надополнето: 5 април 2013 во 16:28 ---
тие осветувале води, изработувале икони, крстчиња, бројаници, ги осветувале и ги продавале во Ерусалим.
Пак некоја Твоја произволност...
--- надополнето: 5 април 2013 во 16:28 ---
Според православната историја Исус и апостолите се шетале со великодостојнички одори, со огромни златни крстови на вратовите и онака надмено им ги подавале рацете на луѓето да им ги бацуваат.
Еве го пак...
--- надополнето: 5 април 2013 во 16:29 ---
Д Спроед православната историја Исус и апостолите се побратимиле со Римската власт,
Стварно?...:unsure:
--- надополнето: 5 април 2013 во 16:30 ---
се шетале насекаде со Ирод и понтиј Пилат и ги благословувале новите градби што овие ќе ги направеле, се мешале у политика, а Пилат у знак на лојалност им градел цркви на секој агол :)
А дека е „..библискиот цитат....„ кој ќе го „...докаже...„ погоре напишаново?...
--- надополнето: 5 април 2013 во 16:30 ---
А од кај знаеш?...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Протестантската инквизиција била пострашна и од светата римокатоличка инквизиција. Римокатолиците ги гонеле само еретиците и вештерите, ама протестантите и грешниците убаво ги наказувале и ги спалувале на клада, ама денешните псевдопротестанти и псевдохристијани тоа го кријат и молчат.
Како и обично, текст полн со небулози, да не знае човек на што да ти реплицира и од каде да почне да те корегира.
Кога огромната маса на луѓе се отргнале од Папската власт и се приклучиле кон реформаторското движење, католичката црква возвратила со меч кон нив. Овие, измачени од долгогодишното ропство под Папската власт исто така возвратиле со меч. Имало серија војни, со што конечно дошло до рушење на Папската превласт, дошло крај на „мрачното доба“ и формирање на независни (протестантски) цркви. Кога велам независни, мислам на независни од Папата, а не независни од Христос и Христовото и апостолско учење. Секако дека таа конечна слобода (после долги векови) ја искористиле и некои псевдо-протестанти за формирање на свои цркви со небиблиски учења. Тоа што сите вие ги ставате во еден ист кош (пошо поима немате од историја, туку нели си имате ваша скроена историја), тоа е ваш проблем.
Никој не молчи и не крие за ова. За таа војна меѓу протестантите и католичката црква (која што не сакала да им даде независност, туку сакала уште да ги чува во заробеништво) пишува во секоја книга за црковна историја и е достапна за секој што сака да прочита. Секој Христов следбеник денес во протестантските цркви го осудува тоа возвраќање на меч со меч од страна на тие протестанти тогаш. Протестантите не го одобруваат тоа. Протестантите не го следат нивниот пример. Вистинските протестанти се држат до Библијата и само до Библијата т.е. до учењето на Христос и апостолите. Протестантите се далеку од праксата на православните па да си креаираат „своја историја“ каде што ќе пишува дека Католичката црква главите им ги сечела на протестантите, а овие го вртеле другиот образ.

Најинтересно е што Православната Црква никогаш немала инквизиција, а прогоните на еретиците кои ги имало ги правеле благочестивите цареви и благоверните царици.


Тоа друг да лажеш. Ги заболе уво секуларните власти за богомилите кои ниту плукале по власта, ниту се бунтувале. Власта немала проблем со нив. Православната црква имала, затоа што овие им го рушеле монополот на православната црква. Православната црква сакала да биде единствена на власт тука и само таа да го стриже напатениот народ со своите ценовници, суеверија и празноверија. Затоа сакала да ги изгони сите други неправославни верници.

А што е тоа „благоверна“ царица? Што е тоа „благоверна“? Зарем не подразбираш под тоа „православна“? Или за блага вера ја сметааш исламската или богомилската? :)

Православните од самиот свој почеток биле или на власт или пак побратимени со власта. Тие заедно со секуларната власт вршеле инквизиција и прогонство на луѓето што не верувале како нив (пример богомилите).
Туку ова не е ништо поразлично и од прогонството на првите христијани од страна на фарисеите и еврејските религиозни водачи. И тие најчесто ги прогонувале преку или во соработка со римската власт. Во Библиајта пишува дека и Понтиј Пилај го распнал Исус заради барање на еврејските водачи, за да им удоволи, за да ги смири и да го зачува мирот во својата територија.

Али секако ова не го пишува во вашата уникатно скроена „историја“. Таму вие сте кутрите напатени и прогонети верници. Кој знае што ќе пишувате и за денешниве попови и владици после 200 години. Сигурно ќе пишувате дека тоа биле кутри изнемоштени душички. А ќе плукате против световната „ѓаволска“ историја каде што ќе пишува дека тие имале најскапи џипови и големи стомаци :)
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Добро знам што зборувам.
--- надополнето: 5 април 2013 во 16:23 ---:)
Но очигледно не знаш што збориш,сите веруваме во ист Господ дали сме Христијани или Муслимани и ни еден не ја омаловази верата и начинот на неговиот брат,а од каде си толку сигурен дека си ти во право и дека правилно веруваш.Православието мислиш дека греши што го прославува Бога на различен начин од тебе.Вазно има љубов помеѓу луѓето.што задно во храмовите се молат.
Пријателе остави ги другите и не се прави светец гледај си себе,не ја гледај раската на твојот брат.
многу пати ги видов твоите постови како ги криткуваш останатите и грешиш поради тоа.Мислиш дека Бог го сака то.Но тешко тебе ако одвратиш некого од верата и му ги нанесеш твоите идеали.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
mountain, темава е за богомилите и тука збориме за нивните верувања, а јас само пишував со какви информации располагаме за нив, зошто тие информации се пристрасни (бидејќи се пишувани од нивните прогонители). Јас пишувам без влакно на јазик. Не пишувам ни за раски, ни за греди, туку само историски факти. Ако не ти се допаѓаат вакви сериозни дискусии, ако те повредуваат, ако не си спремен да се соочиш со различни гледишта од оние со кои си израснал, овој подфорум не е за тебе. Најдобронамерно ти кажувам.
На овој подфорум спротиставени мислења и верувања се сосема очекувани. Денес уживаме демократика и верска слобода и вреди да се дискутира за овие теми. Денес никој не може да ги запали неправославните постови на форумов. Порано се гореле неистомислените мислења. Денес не. Понекогаш е болно човек да се соочи со друг поглед на вистината, но тоа е здрава болка и се исплати на долги патеки :)
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
@Чорбаџија:Ти не разбираш или не сакаш да разбереш многу добро знаеш за што зборам.
Повторно ќе ти казам и не навлегувам повеќе ако имаш факти дај покази ги и докази.ако не не хули и клевети зошто како Христијанин знеш дека правиш грев.Јас ако почнам да пишувам за протестантите ќе одиме далеку но за било која верба да навредувам го наведувам и богот во кој веруваат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom