Блам држава

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Да одиш да им го пуштиш Андреј Лозаноски да им го објасни ова на повеќе од милион мртви во логорите во Јасеновац, како тие само ги копирале однесувањата на нивните довчерашни господари, кои имале возови на време.

Ова ти е размислување со капацитет на помнење на златна рипка.
Епа ако не дај да се собереме да ги испотепаме, ја мислам заслужиле :)

Ја промашуваш поентата на видеото...
Еве Хитлер го имал холокаустот, ама зошто сите бегаат за Германија nowadays ?
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.571
Поени од реакции
5.147
Ама не ме разбираш ти јас што кажувам. Не реков дека сте кириминалогени. Јас реков дека сте примитивна животна форма пониска од хомо сапиенсот. Вашата криминогеност е само последица на вашата примитивност и ментални ограничувања.

Те молам правилно да се разбереме.
Друже извини ама многу богат вокабулар имаш, мора друг јузер на акаунтов да го чита ова за да ми објасни и можеби он ќе ти одговори пошто он во Приштина студира веќе 40 години, а јас во Тетово студирам уште пред да се легализира.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Епа ако не дај да се собереме да ги испотепаме, ја мислам заслужиле :)

Ја промашуваш поентата на видеото...
Еве Хитлер го имал холокаустот, ама зошто сите бегаат за Германија nowadays ?
Има поголем број причини за тоа што бега во Германија, тие за единката не се важни дали се позитивни или негативни во глобално ниво, туку од лично ... Иначе и во времето на Хитлер сите бегале накај Германија.

Ајде дај да ја видиме етиката на Германија која на пример својата животна средина ја чува така што ги оутсорсира фабриките што загадуваат. Или што користи ефтина работна сила во држави од третиот свет, буквално во робовски услови и така натака...

Поентата што ја кажувам не е дека треба да се собереме и да ги испотепаме, туку дека треба да ги погледнеме работите такви какви што се. Неможе Андреј да ми кажува приказни за возови на време, и чисти клозети, а да не ги спомне концентрационите кампови каде десетици милиони ги завршиле своите животи. Или за модерниот неоколијализам на модерните фабриканти, кои држат цели држави во заложништво, а се заради ефтина работна сила.

Ова што го кажува Андреј, не само што нема никаква поетна од цивилизациски аспект, туку е тотално слепило кое денеска надвладува во светот. Точно е дека никој не ние крив за нашата ситуација и дека ние самите треба да почнеме од нашето однесување. Но тоа како ти го дефинираш е да ја наведнеме главата, со надеж дека све ќе се смени само од себе.

Никој народ нема да се смени сам од себе, ако некој не ја практикува власта целосно и во секој сегмент. Убавото однесување на луѓето во рамките на една цивилизација, не е нешто што на човекот само му доаѓа. Тоа е условен рефлекс, вграден и наследен во едно општество и нешто што се учи со тек на време. Тој никогаш не бил постигнат од добра воља на поединците во едно општество, туку од цврстината и решителноста во спроведување на власта.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.783
Поени од реакции
5.056

Јас викам собери 1 милион евра и отвори фабрика за текстил и вработи 100 шивачки за плата од 2000 евра и банкротирај за 2-3 години и така едно 2-300000 пати и решен проблем. Секој свој придонес нека даде...
 
Поентата на Горан Стефановски, значи не е Андреј, е дека начинот на размислување е клучен, т.е. почеток за било каква промена.

Не, целиот мој муабет од почетокот до сега е дека се додека го сфаќаме како нормално и сосема океј секој сам да си ги презема работите во свои раце наместо да се притиска системот да функционира, ништо нема да се смени.

Ако нашиот начин на размислување е дека некој друг треба да дојде да не смени или дека нешто магично само од себе ќе се смени, ништо не праиме. Посебно поразително ми е што со колеги правници се објаснувам дека не треба сам да си ги земеш работите у свои раце и да излагаш надвор да маваш по секој шо ти згрешил, туку дека треба да правиш притисок системот да функционира, тој што зима плата од мои пари за да ме заштити, actually да ме заштити.
Ако си ги сфаќаме работите како што се, дека ништо не функционира и ние уствари се прилагодуваме на тоа, т.е. си ги зимаме работите во свои раце, наместо пак, да се прави притисок нешто да функционира, ништо нема да се случи.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Знам дека ќе бидам под линч за следново, пошто као демек имаме други приоритети, ахам да, да бидете сигурни дека ако не се купеше ова парите ќе одеа за други по-неопходни намени.
Сума - јас го поздравувам ова. Армијата ни беше во крајно лоши услови, ова го знам од прва рака. Ама и не мораш да имаш лично искуство, ова е факт кој мислам сите го знаевме.
И јас сум на тоа мнение. Дркаат за тоа дека Вучиќ купувал оружје, а нашиве кога ќе земат нешто од нешто истите тие први се да плачат дека се трошело, а од трета страна се плука дека АРМ била ловџиско друштво и дека немало кој да не' штити ако пукне. Крајот не може да се најде.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
Поентата на Горан Стефановски, значи не е Андреј, е дека начинот на размислување е клучен, т.е. почеток за било каква промена.

Не, целиот мој муабет од почетокот до сега е дека се додека го сфаќаме како нормално и сосема океј секој сам да си ги презема работите во свои раце наместо да се притиска системот да функционира, ништо нема да се смени.

Ако нашиот начин на размислување е дека некој друг треба да дојде да не смени или дека нешто магично само од себе ќе се смени, ништо не праиме. Посебно поразително ми е што со колеги правници се објаснувам дека не треба сам да си ги земеш работите у свои раце и да излагаш надвор да маваш по секој шо ти згрешил, туку дека треба да правиш притисок системот да функционира, тој што зима плата од мои пари за да ме заштити, actually да ме заштити.
Ако си ги сфаќаме работите како што се, дека ништо не функционира и ние уствари се прилагодуваме на тоа, т.е. си ги зимаме работите во свои раце, наместо пак, да се прави притисок нешто да функционира, ништо нема да се случи.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
А си мислев дека е Горан Стефановски, али го видов името, па ај си викам да не тропнам глупост, па на крај тропнав :)

Ајде сега да те прашам јас тебе, како да си го сватиме тоа поинаку, ако гледаме дека системот не функционира. Штипјани и Струмичани живеат во заложништво на малтене улични банди. Лоповлук и разбојништво на кој системот нема желба да се спротивстави, па уште истите тие ги користи за дневнополитички цели и зима гласови од нив, со разноразни ветувања. Од друга страна имаш секојдневни тепања во Скопје на рандом малолетници и тоа на етничка основа, во која неколку деца веќе настрадаа. Имаш локални шерифи за кои не важат законите. Како побогу ти да го притискаш системот нешто да се смени, кога тоа безаконие што се дешава, се дешава веќе 20 години и од ден на ден расте и му нема крај?

Како ќе се бориш во системот и како ќе вршиш притисок врз него? Ќе излезеш со куртони да фрлаш и да ги фарбаш спомениците? Ете видовме што ни донесе тоа, уште поголема беда. Очигледното незадоволство што го имаше народот, едноставно го канализираа во една политичка криза, која наликуваше на Шпанска серија со Гоца, Зоки, Миле и Началникот во главните улоги. За да после тоа работите набргу дојдат по старо и бетер. Некој рекол да го откриеш проблемот, е пола пат до неговото решение. Ова твоето не е откривање на проблемот, туку закопување на главата бајаги подлабоко. Тоа што би требало да е елемент за притисок во нашето општество е опозицијата, дали мислиш дека опозицијата ќе се бори да се промени системот или само се бори да се постави на чело на истиот? Баш опозицијата кај нас (било кој да е во опозиција) служи само за канализирање за незадоволството и поголемо вкоренување на статус кво-то на ваквата една ситуација. Овој систем е толку инфициран, што едноставно му нема лек. Овој систем треба да го снема(по можност со накитени канделабри), за да можеме конечно да направиме позитивна промена.

А што се однесува до тоа што правниците имаат такво размислување, што те чуди тоа. Па адвокатите од најблиску ја гледаат цела оваа заебанција, они би требало најдобро да знаат дека системов тешко дека може да се промени со методите што ги викаш.
Автоматски споено мислење:

Јас викам собери 1 милион евра и отвори фабрика за текстил и вработи 100 шивачки за плата од 2000 евра и банкротирај за 2-3 години и така едно 2-300000 пати и решен проблем. Секој свој придонес нека даде...
Воошто не ми беше тоа муабетот, туку тоа што Бојан сакаше да ни подпикне некаква етичка супериосност кај Германците. Јас многу добро знам како функционира светот, и знам дека тешко дека може нешто да се промени околу тоа.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Аха, значи коа ќе дојде некој да ти плати, тогаш знаеме да збориме и да се пењавиме за човекови права и владеење на правото, ама кога некој нема да ти плати, ко на пример ромот од видеото, тогаш си го заслужил.
Значи хипотетички, утре истиов овој Ром, сега со ладна глава нели, ако дојде кај тебе у канцеларија и ти рече „абе нападнав една девојка и дојдоа едни бараби ме скичмија од ќотек, види раката на 3 места ми е скршена, носот ми е скршен, потрес на мозок имав, сакам да ги тужам, еве ќе ти платам колку треба“ наеднаш он не „си добил тоа што го барал“ туку наеднаш он почнува да има човекови права :)

Убаво како во твојата глава човековите права се само на богатите, т.е. на оние што имаат да ти го платат хонорарот :love:

Нема поента понатаму да дискутираме :pipi:
Види другар, ромот ке си одговара за свои недела и за неговото кривично дело негледам зошто не би го бранел на суд со оглед на околностите да добие помала казна, односно казна во согласност со законот, а да го видам тој истиот ром да напаѓа жена на улица ке реагирам како оние од видеото, односно на секој здраво разумен човек реакцијата ке му е како на оние од видеото што им бил.

И да, те прашав неекој да ја нападне сестрати без разлика насилник/ манијак... како ке реагираш?
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.400
Поени од реакции
9.029
И јас сум на тоа мнение. Дркаат за тоа дека Вучиќ купувал оружје, а нашиве кога ќе земат нешто од нешто истите тие први се да плачат дека се трошело, а од трета страна се плука дека АРМ била ловџиско друштво и дека немало кој да не' штити ако пукне. Крајот не може да се најде.
Разликата дека оваа армија нема да го користи за наши интереси, не смее ни да се брани, уште не сваќате до кое дереџе се стигна, отиде јабана државата, а ние сега се вооружуваме, помина дечки возот, со таа држава друг командува а вие само ја финансирате.
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.225
Поени од реакции
661
Она што идните тепачи може да ги снајде е граѓаните да започнат да ги игнорираат и самите да се загушат во сопствениот криминоген ум.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.783
Поени од реакции
5.056
Разликата дека оваа армија нема да го користи за наши интереси, не смее ни да се брани, уште не сваќате до кое дереџе се стигна, отиде јабана државата, а ние сега се вооружуваме, помина дечки возот, со таа држава друг командува а вие само ја финансирате.
Се ради Зоран Верушевски...
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Не знам како не сваќаат љуѓево дека пола од овие шо се преставуваат Бугари, се партиски ботови кои треба да ја пренасочат дискусијава од глупостите шо ги прават Бламериве на власт?
Не верувам. Бугарите на форумов ги има сигурно 10 години, колку што јас паметам, а веројатно и повеќе. Се сменија власти и структури оттогаш. Платена трол банда од Софија е во прашање. Неколку души штанцаат профили и никој не ги казнува веќе добри 10-15 години.
А и не се само на форумов присутни, ги има и на фејзбук и останати социјални мрежи, како и на јутјуб каналите(од Ефтов пример). Исто ги имам забележано и на Српски јутјуб канали.
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.225
Поени од реакции
661
Се е ради нас што граѓанските активности и должности ги заменивме со партиски.
Партискиот Македонец
Партискиот Албанец
Порано во СФРЈ навистина имаше една партија и еден кандидат но никому не му беше гајле кој каков е.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.400
Поени од реакции
9.029
Не верувам. Бугарите на форумов ги има можда 10-15 години. Се сменија власти и структури оттогаш. Платена трол банда од Софија е во прашање. Неколку души штанцаат профили и никој не ги казнува веќе добри 15 години.
А и не се само на форумов присутни, ги има и на фејзбук и останати социјални мрежи, како и на јутјуб каналите(од Ефтов пример). Исто ги имам забележано и на Српски јутјуб канали.
Кога се работи за нас, имаат поголема анти пропаганда од грците, нема форум низ европа каде ги нема, посебно балканскиве, и тоа истите ликови, се гледа дека се платеници, некаде се со исти надимак, некаде со малку изменат ама истите фаци генерално, нема шанси да не се на плата.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Кога се работи за нас, имаат поголема анти пропаганда од грците, нема форум низ европа каде ги нема, посебно балканскиве, и тоа истите ликови, се гледа дека се платеници, некаде се со исти надимак, некаде со малку изменат ама истите фаци генерално, нема шанси да не се на плата.
Да, имам забележано на Српски форум со исто име и аватар како тука еден Татар имаше.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom