Битолчанец со ментални проблеми ги искршил штабовите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

G

Gray Foxx

Гостин
Еве нешто интересно,не знам кај го најдов мислам дека е од Венко:

Што е негативна селекција? -Негативна селекција е кога намерно на чело се избира послабиот, за да не оди напред подобриот, затоа што тогаш сите ќе мора да одат напред. За да не мора да се оди напред. За да не мора да се работи. Тоа е цената на мрзеливоста, комоцијата и диктатурата на просекот. Тоа е кога народот сака да го убие најдобриот, затоа што најдобриот го засрамува просекот. Тоа е моја дефиниција, по искуствата со персонализмот и колективитетите. Логиката на толпата е - треба да се убие. Тој е различен, премногу добар. Медиокритетите тоа тешко го поднесуваат. Тие шизнуваат при помислата дека некој подобро го работи она што и тие го работат. И тогаш се ЗДРУЖУВААТ , без разлика што еден на друг би си ги ископале очите. Заедно се додека не го елиминираат заедничкиот непријател, НАЈДОБРИОТ! Кога него ќе го нема, ќе се свртат повторно еден против друг!
ЗOШТО? Затоа што просечноста не поднесува генијалност! Затоа што незнаењето е сурово кон знаењето, а знаењето е благо кон незнаењето. Затоа што знаењето има разбирање за незнаењето и во тоа е неговата слабост, а незнаењето нема разбирање за знаењето и во тоа е неговата слепа сила.

Значи време е кога знаењето треба да престане да има разбирање за незнаењето и да нападне немилосрдно...
Просечните не знаат дека се просечни, во тоа е суштината, бидејќи токму поради тоа што се просечни немаат доволно фантазија ни да замислат дека некој може да биде подобар од нив, па затоа кај оној што очигледно е подобар мораат да најдат нешто што не чини, мора да мамел некаде, или во крајна линија мора да е луд што си замислува дека е подобар од нив, односно надуен, како што сигурно ќе ти покажат
многу брзо и тоа не на баш особено пријатен начин, понекогаш дури со сурови методи, тоа е типично за просечните, тоа што се сурови, суровоста е доблест типична за просечните, имаат потреба да вршат сурови нешта, што е работа за која не е потребна ни малку интелегенција и што им ја олеснува и се разбира прави пријатна операцијата, во која можат да се истакнат во таа операција на суровост, секојпат кога ќе можат, а тоа е често со крајни сили да те кутнат на земја.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
:cuc:
Не ќе да е ненормален.Можда е за службите после настанот, така тие работат.Неарен тип би избрал било кој објект, возило или луѓе како мета.А господинот ги избрал канцелариите на оската на злото:icon_lol:.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Ненормален? Па овој е неколку десетици нивоа понормален од 90% од овците (да не кажам народот) во Македонијава.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Човеков внимавал да скрши седишта и од ВМРО и од СДСМ ,а не само од една партија за после таа другата да излези на прес-конференција и да ја обвини првата дека го извршила демолирањето,и викаат дека бил ненормален???WTF???
Човеков е еден од најнормалните во државава.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Човеков внимавал да скрши седишта и од ВМРО и од СДСМ ,а не само од една партија за после таа другата да излези на прес-конференција и да ја обвини првата дека го извршила демолирањето,и викаат дека бил ненормален???WTF???
Човеков е еден од најнормалните во државава.
Од друга страна, ги обедини двете партии.Сега и едните и другите ќе велат дека е ненормален :D
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Кај будала па и пијан бил го затвориле Демир Хисар без судење, така објаснија убаво на Канал 5.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Кај будала па и пијан бил го затвориле Демир Хисар без судење, така објаснија убаво на Канал 5.
Чудо и досие не спомнале :sneaky:
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Аххх...ај што кршел штабови на ДПМНЕ.....ама чим отишол да крши и штаб на СДС....е тука ја наебал.....казна Сибир 50+ години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom