Не е Satisfaction на Битлси песна, туку на Rolling Stones...
Инаку, Битлси ми се омилена група. Ги обожавам, се пронаоѓам во нивните песни, успеваат да допрат до мене во секое расположение, успеваат да ми влеат оптимизам и да ме расположат кога сум тажна, успеваат да ми дадат одговори.. Нивните текстови се толку поетични..
Битлси се моите херои..
Еве нешто за нивните почетоци..
Битлси биле еден од комерцијално најпознатите и критички одобрени бендови во историјата на популарната музика, со продадени над 1 000 000 000 албуми интернационално. Во Велика Британија, Битлси пуштиле над 40 различни песни и албуми кои го достигнале првото место, постигнувајќи повеќе прво пласирани албуми (15) од било која друга група во историјата на Британската Топ Листа.
Во 2004, Ролинг Стоун магазинот ги прогласил Битлси за први во нивната листа од 100 најдобри изведувачи на сите времиња. Во 2008, Билборд магазинот објавил листа од 100 најпродавани изведувачи како одбележје на 50 години од постоењето на магазинот и Битлси биле на врвот.
Во Март 1957, Џон Ленон формирал бенд кој свирел фолк со влијание на џез, блуз и кантри музика, наречен
The Quarrymen. Ленон го додал Мекартни во групата неколку дена откако го запознал. На 6 Фебруари 1958, Џорџ Харисон бил поканет да ја гледа групата. Харисон им се придружил на Quarrymen како водечки гитарист по пробата во март 1958. Ленон и Мекартни, двајцата свиреле ритам гитара во тој период.
Отпрво нивни басист бил Стјуарт Сутклиф, чија идеа било и името Битлси, но откако тој се оженил со германката Астрид Кичер, Пол ја превзема неговата улога.
Групата го поканила Пит Бест да стане нивни тапанар на 12ти Август 1960. Четири дена одкако го земале Бест, групата заминала во Хамбург. Битлси започнале да свират Топ Тен клубот. Тие како позадински бенд, заедно со пејачот Тони Шеридан ја снимиле песната My Bonnie која стигнала на американската топ листа. Битлси потпишале 5 годишен договор со Брајан Епстејн на 24ти Јануари 1962. Тој ја основал менаџерската компанија Nems Enterprises. Брајан Епстејн испратил нивни демо снимки во Дека Рекордс но тие го одбиваат бидејќи погрешно проценуваат дека гитарите ќе излезат од мода, што станува еден од најголемите промашувања во историјата. Продуцентот на Еми-Парлофон, Џорџ Мартин, се согласил да го издаде нивниот прв сингл – Love me do кој се појавува во продавниците на 5ти Октомври 1962 година. На денот на снимањето Пие Бест бил заменет со Ринго Стар, бидејќи според мислењето на Мартин не ги исполнувал критериумите. На крајот на таа година излегува и другиот сингл – Pleace Pleace Me. Албумот бил објавен на 22 март истата година и славата можела да започне...
Во следните пет години нивната музика напредувала од очигледната едноставност на првите хитови како She loves you и I want to hold your hand до уметнички амбициозните албуми како што се Revolver ( Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band и Abbey Road.
Нивните албуми во периодот 1963-66 не се специфични како они подоцнежните.
Според многумина двата најуспешни албуми Rubber Soul и Revolver објавени на 30ти декември 1965, односно 5 август 1966, донесуваат видни созревања во сваќањето на рок-музиката, одење кон психоделијата и истражувањето на нови студијски можности. Битлси веќе работеле под влијание на дрогите, но тоа помагало само во студиското работење. За време на издавањето на двата гореспомнати албуми, сите членови работеле под дејство на дрога. Истражувањето на новите можности под дејство на дрогата, пред се ЛСД и индијската музика, карактеристично е за албумите Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band и Magical Mystery Tour.
Секако, Битлси се и ќе останат најдобрата поп-рок група. Според нив се дефинира музиката во шеесетите, а нивното влијание е видно и ден денес.
Long live the beatles !