Битка на ликовите (Daenerys Targaryen Vs. Cersei Lannister)

Daenerys Targaryen vs Cersei Lannister


  • Вкупно гласачи
    50

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Уште една тема каде ќе спротивставуваме страни. Овој пат темата е посветена на филмски ликови, со тоа што да не се расплинуваме овде ќе може да ставиме соочување и на ликови од серии.


Кој е концептот? Ставаме два ликови кои имаат сличности (два психопати, двајца криминалци или гикови) и вие треба да одберете меѓу нив. Во суштина треба да си кажете зошто го преферирате едниот лик повеќе од другиот. Што мислите кој има посилни страни и зошто, односно кој од актерите подобро си ја завршил работата.

Јас решив на соочување да ставам за почеток два култни ликови познати по тоа што сакаат да се размавтуваат со ладно оружје и да сечкаат луѓе (едниот и да ги јаде).

Мистер Џек Торенс (The Shining)



VS

Ханибал Лектор (Silence of the Lambs)



Едниот полека полудува, другиот не ни мисли дека е луд. Ако треба да одберете кој од овие двајца ви е омилен и зошто?

П.С Може и да ставате сцени од ликовите кои ви оставиле впечаток.
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Го одбирам Ханибал Лектор,дека ми се чини како далеку покомплексен лик од Џек. Теориите кој ги креира,психологијата и начитаноста и фактите со кој располага ме влечат натака. Кога би споредувале психопати мислам дека Ханибал е „попсихопат“ дека неговото лудило не е предизвикано од подолг настан и спонтано како на Џек,од кај да знам можеби вака мислам дека општо повеќе ми се допаѓаат и повеќе впечаток ми оставиле филмовите во кој што главна улога игра ханибал(red dragon,the silence of the lambs...). Во секој случај тука си и конверзациите на Ханибал со Гра(х)ам кој што се полни со back stories и надмудрување.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.338
Поени од реакции
57.951
Сериозно, има некој што не навиваше за Лектор против докторот? :)


Hannibal Lecter: Mason Verger doesn't want to kill me any more than I want to kill him. He just wants to see me suffer in some unimaginable way. He is rather twisted, you know.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Маестралноста на ликот на Ханибал Лектор и уште поголемата маестралност на Ентони Хопкинс со негова портрација ми велат секогаш Ханибал пред Џек.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
:icon_mrgr:


Ханибал ко лик, извонредно направен во сите 4 дела, ми е репер за квалитетен супер-лик па и глумецот погоден за улогата (односно глумците, зашто во 4ти дел го нема Хопкинс)... од милина да го изгледаш цел серијал во една ноќ. За мене Ханибал е гениј и би го ставил можеби и на врвот на исклучителните филмски ликови (не сум некој филмоман, ретко гледам филмови) и не би го споредувал воопшто.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Значи Хопкинс е чудо. За улога која се на се значи 15 минути во филмот собра почит која луѓе за цел живот не можат да ја соберат. Не го може тоа секој. Уствари покрај него, не знам на друг да му успеало.

Ама видите дечки, Торенс е исто така генијално осмислен лик. Кјубрик малку ја подизменил работата, барем според поплаките на авторот, но сепак, Торенс е лик кој мислам нема да исчезне од сеќавањето.
 
Член од
30 јануари 2013
Мислења
162
Поени од реакции
136
Стиснав Ханибал бидејќи мислев дека требало само од филмови и серии па така и ќе го објаснам изборот. Лично повеќе ми се допаше Џек Торенс од книгата, борбата со сопствените демони беше посилна. Да не го занемариме одличниот перформанс на Николсон ама самиот лик ми беше подобро претставен во книгата. Ханибал е одлично доловен во "Кога јагнињата ќе стивнат" и во новата серија. Врз основа на тоа се базира мојот избор.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Гласав за Џек Торенс затоа што ниту глумата на Џек Николсон, ниту самиот лик Џек Торенс не заслужува да го заврши дуелов со нула гласови.

Хопкинс, кој според мене е еден од најквалитетните глумци кои се сеуште живи, е маестрален во „Кога јагнињата ќе стивнат“ и е апсолутен победник во дуелов по сите критериуми.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Значи Џек Торенс е катастрофално поразен од Ханибал. 27-3 резултатот во корист на Ханибал.

Сега ќе одиме со битка на ликовите, но од серии. Ги знаеме како дуо, но сега ќе ги раздвоиме за да направиме поинтересна битка.

Значи дечки, одиме со следниот дуел. Овој пат на дуел ставаме двајца „Пријатели“.



Џои



VS

Чендлер



Кој лик ви е поомилен од овие двајца? Забавни се, заедно направија епик сцени и дијалози, но ако морате кој би го одбрале за поомилен од другиот и зошто?

P.S: Слободно ставајте видеа од омилените сцени со нив.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
@The Magus нека ви е пример како не треба во темава :icon_lol:

Мора да бирате иначе че ве бриша!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.338
Поени од реакции
57.951
Добро, што сме ти згрешиле? А? :mad:

Ја и @beneamata гласаме за Чендлер. Не мора да се извинуваме сега на Џои пошто нема кој не го сака Џои. Ама никогаш нема да има президент Џои! Чендлер од друга страна е најјакиот лик на сите времиња. НА СИТЕ ВРЕ-МИ-ЊА! Да беше Чендлер вистински лик неговите коментари на youtube ќе беа топ-коментари без разлика на темата. Сите ние длабоко во нас сме Чендлер Бинг.

Бинг!
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.916
Поени од реакции
84.333
Нели би било подобро да има анкети за темава ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom